Од тоа дополнително, ако се останато е оке, притисок или железо знаат вака да прават. Кока кола, кафе нешто земи. Помага доста.
Мене во 6та или 5та тоа ми се деси. Станувам од сабајле и кога ќе се видам целата лом. Јас бубулици ни во пубертет сум немала, секогаш чисто лице, ама најверојатно од хормоните Зедов биодерма и за ден два ми се среди. Секој ден сега си ставам и супер сум
Избегнувај во меѓувреме мајонези и слично. Ја а каснам нешто со мајонез одма утрето бубилица. И храната си го прави своето во комбинација со хормоните што ни лудуваат моментално.
На прв скрининг може да се види полот ама само претпоставка, не можат да бидат сигурни. На втор веќе можат да потврдат. Може и на прв ама ќе ти кажат дека не се 100% сигурни. Иначе од 16-24 та е нормално да се осети, секоја жена за себе. Некој порано некој покасно. Обично со второ побрзо се осеќа, и со постелка на преден исто може да не осетиш брзо. Јас со преден сум, ама осетив уште во 16та, како меурчиња така балончиња. Така пеперутки да кажам.
Може да ми се гасови значи или мускул мене цело сабајле осеќам ко да ми мрда во стомаков ама си велам рано ко да е иначе второ ми е а за постелата немам појма преден/заден ѕид, прв пат слушам
Епа на извештаите пишува 100% на кој ѕид ти е. Иначе со второ да побрзо ќе осетиш ама и немора да значи. А иначе ништо чудно и гасови да се хахах, тој период баш се чести гасовите.
Овде мила ни извештај ни краставица добиваш. Идеш те гледа те попраќа. Кажав скоро тука. Нон стоп ми следи бременост и кога отидов ме праша за што сум и дали сум бремена хахаа
Мене матичниот никогаш не ми дава извештаи, во картон си запишува се, на приватно и во државна даваат извештаи.
Мојот си ги печати од испитувањата (крвна слика, торч, брисови, димери....) и ги чува кај него во картон. Негови извештаи нема, да земе да куца или сл. Единствено што запишува во картонот кој датум сум била, тежина, притисок и терапија
Исто, ама за дома не ми дава никаков извештај, се е во картонот од прв ден кога ми е матичен до сега и сите испитувања што сум ги правела све стои таму
И мене не ми дава за дома а негови извештаи не ни има иначе пред бременост ништо не запишуваше нит евидентирање исто како да не сум била
Препорака за поздрав појадок за оние на кои им се лоши од храна? Ако не е тесто/леб одма ми се гади, а не њакам да се бутам со ѕоа зашто цело време сум подуена. Пијам и пробиотик ама не помага. Што убаво си јадев овесни каши, мусли со јогурт и слично. Сега само суво можам да јадам, за друго од помислата ми се гади. Со првата бременост немав вакви маки, сега киселини и лошење од 6та недела ме удавија и кога сум гладна, и кога јадам и кога не јадам. Аман веќе
Проја со спанаќ, пита со киноа (кај Несторовска ја имаше). Сендвич со стек и зеленчук, тортиља со јајца и зеленчук. Гранола си пробала да си направиш па да ја јадеш со грчки јогурт? Ќе измешаш овес, семиња, јатки, мед некој путер од јатки и кокосово масло, ќе ја печеш 25мин на 150 и после ќе си додаваш во грчки. Станува крцкава. Можеш и за ужинка меѓу оброци да ја јадеш за да не прегладнуваш.