Здраво, Ве молам да ми кажете доколку некоја имала слично искуство. На 16.09. бев на гинеколог ми кажа има бременост, но само празна гестациска ќеса, според мерки на ехо 5+3, според последњн циклус 6+1. Ми закажа за срцева реакција на 24.09 и ми кажа да испитам бета на 48 часа да се види дали ќе се дуплира. На 16.09 бетата беше 21893, на 18.09 е 28525. Само што ми пиша матичниот дека резултатите не се добри но секако пак да се направи ехо. Не ми кажа подетално што значи ова и какви последици би можело да имам. Пуштам слика и од резултатите за во случај да ме ги читам правилно. Ве молам доколку некоја имала слично искуство да ми пише.
Најсигурно пак на ехо, јас исто бев во 6+4 според менструација на контрола според мерки беше 5та недела, не ми рекоа да испитувам бхцг ,си отидов за 2 недели на контрола исто беше разликата од околу 10 дена, што значи покасно сум останала бремена поради доцна овулација
Јас бев таква се дуплираше за 180 а не за дупло првиот пат беше околу 300 мислам а вториот пат 480 а требаше да биди 580 некаде па во ред е зависи и во кое време испитуваш. Требало секое испитување да биди во исто време а не како мене еднаш од сабајле па после одручек
А да одиш на второ мислење? Бетата се дуплира од 48-72 часа и мора да се поминати минимум 48 значи во исти саат. Јас ти препорачувам второ мислење.
Секако на 24.09 повторно ќе одам на ехо, а доколку нема повторно плод ќе одам и кај друг доктор да ме види. Мене ми е највеќе чудно што бетата е толку висока, а според мерки на матичната сега сум 5+6. Ми е страв да појдам на ехо порано да не биде сеуште рано.
Ама бетата е оке, види баш според висината која недела е. Ние во 5+1 видовме плод, ама микро точка беше. Затоа ме чуди што не гледа, а понапред си. Јас ниеднаш не направив бета. 31ва недела еве терам. Затоа ја одма второ мислење би одела.
Фала ти на споделено искуство, пробувам да закажам за кај Петровска во Систина, таа ми ка водеше првата бременост, се надевам ќе успеам да закажам за што побрзо.
Дали ви се има случено да ве вие од десната страна на стомакот? Се плашам од слепо црево Вчера вечерта на неколку пати ме пресече нешто внатре како со нож. Дајте совет многу сум испаничена
Лигаментите се, не се секирај, коа ќе влезеш во втор триместар уште почести ќе се од нагло растење на бебка. Магнезиум повеќе и ќе се смират.
Здраво девојки во недвоумица сум ве молам за совет матичната гин поради ниско ниво на витамин д ми препиша витамин д3 од 2000ед од мулти есенс меѓутоа кога го зедов паковањето во упатството пишува не е наменет за трудници доилки деца а таа ми го даде да ги пијам. Инаку бремена сум 13 недели не знам што да правам ве молам за совет
Од десна страна во паралела на папок... не е десно доле. Или исто од лигаментите и горе боли? Гинекологот ме испреплаши рече бубрегот е и ти е катастрофа. Јас одма испоземав хитни упати за ехо, таму др ми рече ок е , исто ти е како после операција. Јас дека мартот правев операција на бубрегот
Wtf?? Каков бубрег човече… што е бе со лекариве, и после зашто сите паничиме, епа ќе паничиме. Иначе баш таму се лигаментите што ја држат матката, обично и на десно повеќе боли. Матката сега расте пребезо, од сусам до лубеница стига бебето, знаеш колку се шири матката, сега тие лигаменти највеќе осеќаат, и затоа боли. Магнезиум дупла доза ќе пројде, досадни се лигаментите. Во втор триместат највеќе.
Здрави девојки, 9та недела, од симптоми ни повраќање, ни гадење, ништо, освен што многу спијам. Некој период имав болки во долниот дел на стомакот, матичната ми рече дека се во ред, но овие два дена осеќам и повремени болки во вагината, издржливи се, и можеби два пати дневно кратко се појавуваат. Некако нели е рано за вакви болки, има ли простор за паника? Пс. Во 6та недела кога бев има и ембрион и срцева реакција се беше во ред,сега имам закажано преглед следна недела(10та)