Bev, i vo drzavna bev denes po apcinja za isfrlanje na plodot....Se nadevam barem da se iscisti se, da bide kako sto treba. Nemase napredok na emrionot, eve 8ma nedela treba veke da sum, zastanat e na 6ta zdravje treto invitro poveke sreka...
Вчера бевме на прошетка на Бигорски манастир, комбето не свали доле и пеш тргнавме до манастирот. Јас кога стигнав веќе горе почнав да имам страшна болка во долниот дел на стомакот а сеуште не сум била на преглед требаше утре да одам. И пишав на др ми рече дека најверојатно е од тоа што сум пешачела по горнини да си земам магнезиум и утрогестан 200 и да мирувам. Додека да стигнам да најдам аптека да земам тоа што ми рече поминаа 4 часа и болката веќе беше намалена па не земав утрогестан земав само магнезиум. Потоа за да си тргнеме на дома ни се расипа комбето и чекавме уште 4 часа надвор на ладно стоејќи цело време. Кога отидов до една бензинска пумпа до wc кога се избришав имаше како бело прање со светло розева крв. Пак ме заболуваше од време на време ама немаше ни крв ни пак беше интензивна болка. Дома стасавме многу доцна и си легнав право да спијам сега скоро станав и наеднаш пак ме фаќа иста дури и поинтензивна болка. Дали да одам веднаш на гинеколог или да почекам до утре кај матичниот и дали некоја минала низ слична ситуација дали може не дај Боже да се случи најлошото?
Ako mozes pojdi si na lekar ne e loso I da znaes vo prv trimestar malce ke treba da si se pripazis nema pesacenje ni da se izlozuvas taka na ladno 4 saati mozes da nastines pa da treba antibiotik sto nikako ne cini sega ke si ides na lekar I ako nemas drugo dete ovie nedeli ke odmaras povekje
Утрогестан обавезно стави, тоа е прогестерон за поддршка. Ако ти рекле и 2х1 така и ставај, само бенефит може да имаш. Ако забележиш поголеми болки или крварење веднаш на лекар
Ептен е нежно доле се првите 3месеци… обавезно утрогестан или циклогест не прават штетс тие само може да помогнат за поддршка, особено штом се јави розе изцедок одма. Магнезиум директ за да смири ако имаш некој болка и обавезно полежи деновиве немој да бидеш активна. Организмот ти дава знак да успориш
Бев на лекар ме гледаше вагинално др и рече дека уште ништо не се гледе и рече дека можно било подоцна да сум останата бремена па затоа да не се гледа. Ми рече вторник пак да одам да ме види ако не ќе сме испитале хцг… не знам што да мислам веќе
Па во понеделникот тест правеше, прерано е. Здравје за 10тина дена треба веќе нешто минијатурно да се види. Сега е рано, затоа и не видела.
4+3 бев кога првпат виде жолчно кесе само ептен точкиче и со порана овулација сум јас на 11ти ден …ако си под ова рано е да се види било што, бета може да испиташ да видиш како расте
И јас немам ништо посебно освен што спијам мн повеќе и некако сум без енергија, градите сеуште ме болат … веќе пред 7ма недела сум
Потполно нормално,еве сум веќе 17та недела и се оди во најдобар ред ама јас освен што сакам да си спијам само други симптоми немам,ниту лошење ниту баш ништо.
Феминки здраво конечно да пишам и јас во оваа група. Прво инвитро. Трансвер направен на 9.10.2024. вратена 1 бластоциста. Домашен тест правев на 15.10 имаше втора линија ама не многу темна. После тоа пак домашен тест на 20.10. убава втора темна линија. Бета на 11 ден од трансфер 387. Е сега ненам никакви симптоми ни ме болат гради , ни ми се поврака, ни ми е лошо ништо.. Нормално ли е ? има ли место за паника ? Докторот ми рече да одам на 6 .11. на ехо.. Ако може некоја да ми каже според вас која недела сум ? Како да пресметувам според последна менструација или според трансвер се пресметува? Фала ви многу.
Според трансфер ќе пресметаш, имаш на нет калкулатори и тоа зависно колку дневен ембрион е. За симптоми не мора да имаш, но мислам и рано е. Со лесно бременоста.
Девојки, дали на некоја од вас точно и го погодиле полот на бебето на 12+5 недели бременост на ултразвук? прашувам да знам колку е accurate
Јас разбирам љубопитност и се, ама во 4 теми истото прашање го поставуваш, толку ли сте опседнати со полот? Искулирај малце, ќе разбереш accurately за некоја недела. Нема 100% погодок на ехо во 12та.
Ти кажав реално, ти кажаа и во други теми не знам што очекуваш, да ти кажеме точно ти погодиле или не, не е точно ќе биде полот што ти го сакаш. А прашањето ти го одминував додека не го постави во секоја тема што стаса.
3 теми се не се 4 ко прво и не е секоја тема што стаса. Можда ти требаат наочари или покачи си диоптер ако веќе носиш. На девојките што ми одговорија со НОРМАЛЕН одговор фала им. Твојот не ми беше од никаква корист.