Јас искрено не бев љубопитна толку многу. Ама кога бев на прв скрининг во 12+4 како што ми правеше др преглед ни рече сакате да знаете што е? И јас како што гледав во тв, реков немора ене се гледа машко е шала на страна многу добро се гледаше. Во плодност сега има нова апаратура и се гледав и јас добро. После и на нифтито исто се потврди полот И тоа не беше од љубопитност или сл. Иначе не е може културно да се мешам во туѓи разговори ама немора да се напаѓате, тука сме сите за убаво во групава и сите сме за да се поддржиме и да си помогнеме и олесниме на некој начин Сите сме различни, некој со нетрпение чека да го дознае полот на некој па и сеедно му е. Сите сме различни
Еј бе девојки, ајде убава енергија… ама да сме искрени сите не копка оваа информација да ни се живи и здрави само а најубаво пренатслниот уште 9та/10та недела и све ќе си знаеме плус малце помирно ќе спиеме
Плус иваа тема ич не ни е заживеана а првиот триместар сите имаат најмногу недоумици, сите сме се акнале у труднички муабети директ Дајте да си помуабетиме нешто убаво ние што ќе раѓаме летни бебиња во 2025
Се согласувам со тебе. Толку многу прашања и стравови имаме во првиот триместар и од ехо до ехо што ширење негативна енергија на форумов на никого не му е од корист. Јас сум спремна да одговорам што знам макар го поставиле истото прашање во уште 50 групи. А некој ако сака да критикува има приватен разговор а не јавно да се бламира. Ама да се вратиме на позитива. Моја топла препорака се овие две книги доколку имате стравови во бременоста или понекогаш размислувате негативно и се грижите. Мене многу ми помогнаа особено на Нада Бучевиќ. Може да се најдат во Литература.мк.
Јас сум веќе втор триместар, но сум отворена за муабет и споделување на искуства од прв триместар. Да, за жал слабо се комуницира по триместриве, појќето се во труднички моабети
Еве јас одма ке прашам.. кога сме на тема пол Дали пренаталниот (планирам во 12та, 13та да го правам) дава точен резултат? Мене баш ме копка и често си размислувам на тоа
Нифтито е најточно ама се гледа и на ехо, зависи од апаратурата и зависи каква положба ќе има бебушот, може и да се крие
И нормално е да те копка нема ништо лошо во тоа. Пренаталниот дава најчесто 99% точни резултати. Јас правев вчера ќе ти кажам следна недела дали испаднало точно со ехото едвај ги чекам резултатите да почнам да си купувам алиштенца
Даа, јас правев Нифти Про во 11 недела и 99,9% е точно. И така дознавме полот ❤️ се зема крв преку вена и за една недела добивме резултати.
Пред една година беше тоа и некако најкомплетно ми делуваа панорама, во америка ги работат за 6 денови имавме резултат на email, за нифти ми спомнаа дека ги работат во Ѓорче дека веќе не ги праќаат во стратство си имале они лиценца а другите ич не ги истражував пошто овие два гинекологит ми ги спомна … ај да промуабетиме околу опции моментални кој што читнал и цени