Мене никој ми нема кажано, ниту напоменато... веќе сум 20 недела, незнам дали во тие недели воопшто се прави? Втора бремена ми е, ниту за првата ми е речено ниту сега, затоа се збунив. Во однос на фолната, ја земам уште од 4 недела кога дознав дека сум бремена. Сега за сега, фала му на Бога детето си расте како што треба, дури и 2 дена е понапред ама ако треба да направам испитувања, со задоволство би Уште ова... имам направено нифти, дали тука покажува за генетски мутации?
Не, нифти е скроз нешто друго, пренатален тест каде што се гледа дали бебе има генетски аномалии. А мутациите се испитуваат на трансфузиологија и се нешто друго. Мислам дека немаш потреба штом си дошла до 20 недела. Д димери си испитуваш ли?
Од збор до збор се согласувам и јас би покренала и иницијатива баш зборував со мојата докторка од систина … да мутациите станат генерален тест пред секоја планирана бременост зошто болката е огромна а лекот е пет пари …. Ама да не им се прави гужва и плус не ни имаат реагенси цело време се дефицит
Здраво, по долги години неплодност, многу неуспешни инвитра конечно останав природно бремена. 8+6 денес но ме загрижува тоа што два дена веќе немам многу симптоми. Градите ме болеа се до пред два дена само навечер но сепак чувствував болка, сега повеќе не. Лошеењ не сум ни имала многу повремено. Дали некој друг има губење на симптоми во овај период. Преглед дури понеделник незнам како ќе се издржи
Имам колешка исто како мене работи, и јас сум преставник за лекови , двете посетуваме гиниколози тој муабет се збори на сите им се кажува и се запознаети ама матичниве се многу многу тешки затоа сите трудници идат на приватно дали систина, ремедика, кај ина итн.. добиваат информации од таму после преживеани абортуси. Тој е должен да даде информација па кој државно кој сака може приватно не е некоја голема пара а многу помага.
Уживај и опушти се јас немав никакви симптоми на бременост, исто подолго се борев со неплодност и забременив природно. Ме смируваа прегледите и кога ќе кажеше докторот де е добро. Ќе издржиш, до тогаш занимавај се гледај филмови јас така тргав мисли. Немав гадење не повратив ниту еднаш тотално ништо, и сите ми велеа да уживам штом е така. Еден период после 10та недела ме фаќаа такихардии само и низок притисок на периоди
Здраво девојки Ќе ве замолам зс искуство со крварење. Бремена сум 5+5 вечерва после мала нужда розово бледа крв. Користам утрогестан 3x1 бидејќи сум со ивф процес. Сабаље одам на контрола веднаш, но вечерва како да ја поминам? Страв до небо
Не, немам болки ниту грчеви. Терапија имам само естроген и прогестеронска терапија. Не е ништо обилно, бледо розево на бришење ама ме вади од памет што може да предизвика вакво нешто?
Јас би отишла на лекар, ако е хематом ќе видат и ќе дадат и прогестерон депо. Многу си на почеток само многу среќа!!!
Во 7ма недела имав обилно крварење, се испостави дека имав мал хематом. Најдобро е прво да се смириш, лежи мирувај и сабајле оди на контрола. Прогестерон депо веќе се повлечени од употреба сигурно пролутекс ќе ти дадат исто и јас тогаш почнав пролутекс да боцкам. Од искуство знам како ти е, пред сѐ пробај да се смириш напиј се Б6
Ти благодарам Како да нема повеќе ништо, но ќе видиме утре што ќе биде. Лежам одмарам од кога го видов тоа дај Боже да нема повеќе. Сепак се работи за ин витро, баш ќе си помислиш конечно успеавме ама ова нови стресови сега...
Само позитивна мисла не ни останува ништо друго… ти држам среќа пиши ни утре што ќе кажат … и јас во претходната бременост прокрварев првпат во 5та недела и знам кој ти е стравот … мора да си силна и како господ што знае никој ..
Крварењето не било од матката, матката е чиста и видовме ембрионче и отчукување на срценцето на екранот. Но ме загрижува нешто што го рече докторот, срценцето чукало споро... Ма да ние и рано отиднавме на преглед, прв ултразвук требаше да биде следната недела па дали може сега да се оформило и поради тоа е така? За 5 дена сме на контрола повторно да видиме како се развива....
Точно 6та сум денес, моравме порано на контрола поради исцедок розев кафен. Не го слушнавме само го видовме како отчукува на екранот. Се надевам дека е премногу рано сеуште
Да те утешам, во 6та недела срценцето само што почнува со отчукување и нормално е да е побавно, а веќе од 7/8ма недела е значително побрзо, баш ќе приметиш и ти кога ќе одиш на контрола. Не се грижи, ќе биде добро. Јас бев првпат за срценцето во 6+5, точно колку беа отчукувањата незнам, ама следен пат кога бев во 7+6 разликата беше огромна, многу побрзо и баш убаво видов беа 170 отчукување во минутка.
Ти благодарам за одговорот, утеха голема е ова. Дај Боже да биде се како треба. Во следните 5 дена само да не излудам
Се согласувам со одговорот на @QweenSM Исто така беше и кај мене 6+4 имаше 152 во минутка, 7+4 веќе беше 168. Не се грижи