Јас кажав во 7ма недела, морав, бидејќи работев дополнително и морав да прекинам. Иначе зависи што ти е работата, ако ти е нешто што ти е мачно, кажи си со време.
Хаха да да кажав јас, имам раководна позиција и мораше да се прераспределат задачи ради идни палнови во кои јас ќе нишкам бебе здравје летоска онака ме зачуди другаркава денес
Хаха како размислував за ова претходно ама кога дојде моментот па од втор ден после тест прокрварев морав одма да и кажам на директорката, мн ми беше драматичен докторот и викам толку останав дома иии после од неа сите дознаа и кој сакав и кој несакав. Хаос
Јас кажав исто одма во 6-7 недела. Си побарав да останам од дома да работам поради кафеав исцедок, па излезе и цела бременост да ја работам од дома. Исто сум со раководна позиција и морав да кажам за да се направи прераспределба на задачите, handover и обуки. Јас до душа и на цел свет што ми е мил од фамилија до другарки кажав одма после срцева реакција во 6та недела. Не можев да додржам.
Зависи од бременоста и од работата. Јас морав да кажам одма бидејќи крварев а работев физичка работа. Да ми почнеше бременоста добро и да работев од дома или на компјутер би кажала можеби 4ти 5ти месец.
K Jas uste ne sum.kazala na rabota a mi pisuvaat ednas nedelno da prasaat banka kako sum.posto vtorpat zwmam bileduvanje vo tolku vreme...nekako sakam da pomine 4 mesec da napravam screening I prenatal se da bid wok...pa sekkao loga ke pdnesam boleduvanje site ke doznaat espresso ..ha ha
Јас сум од тие што на почеток на 5ти месец соопшти само на менаџерот, во 6ти на блиските колеги, а во 7ми на целиот тим . Јас работам од дома и иако имав компликации, решив да не земам боледувања. Али со оглед на тоа што преретко идам во канцеларија и целата комуникација ни е онлајн, го немав тој проблем да се познава мешко, па да треба да кријам. Прилично е лабаво кај мене на работа, така што никој не ни примети дека “забушавам” малце или дека ме нема кога идев на прегледи или разни испитувања. Поради сите трауми од претходно и лоши искуства со моите повторувачки абортуси, сакав да скријам од што повеќе луѓе, пред се за да се заштитам сама себе, зошто неможев пак да поминувам низ истото. Да ми беше поинаку искуството, верувам дека би кажала порано, ама секако мислам дека тоа би било после прв триместар. Нема право време би рекла, кога ти се осеќаш спремна и сакаш да споделиш со работодавецот и колегите, а и како ти дозволуваат условите на работа
Што пиете на почеток на бременост? Мене докторот ми препиша премама дуо а фолна рече нема потреба зошто ја има во премама. Дали покрај тоа вие земате фолна? Друго ништо не пијам
Femibion 1 do 12ta nedela, Femibion 2 od 13ta nedela do kraj na bremenost. Jas plus pijam zelezo i magnezium po preporaka na doktor.
Јас пијам имприл засега, плус железо, вит д, ц за имунитет бидејќи фатив некој вирус па ми даде докторот периодов да пијам. Дали некоја пиела пробиотици за подуеноста? Многу сум подуена, после јадење не функционирам дури не се свари храната.
Фемибион само без фолна, и во првата бременост и сега. Сите гинеколози што ги имам прашано ми рекле доволно е само Фемибионот. На тоа плус дополнително пијам вит.Ц од 1000ка, тоа ми е кажано обавезно бидејќи опаѓа имунитетот во бременост. Магнезиум по потреба. Сега почнав плус пробиотик.
Impil..probiotik I vitam C do 12 nedela...posle toa sako prognezon I vitam c... d 3 ama posto nesro sw nafrlav wega ovie denovi nisto....ha ha...veke sum 13n....
Здраво, да ве прашам дали ја има некој користено оваа маст за трнење на нозе. Од аптека ми кажаа може но гледам на пакувањето пишува дека не се препорачува
Јас пиев Премама цела бременост а првите три месеци премама и плус металирана фолна од 1000ка. Матичната ми рече првите три месеци најпотребна била. Немаш штета, земи си и таква. Првите три месеци се најбитни. Честитки иначе за бременоста, ти посакувам лесна и школска бременост.
Фемибион 1, доволна е дневната количина на фолна во него. Витамин Д и магнезиум поради грчеви. Ништо друго
Девојки пробиотик за подуеност пие некој? Во три аптеки влегов, не знаеја да ми кажат, си читаа упатства
Не знам дали смее да се пие прашај доктор. Инаку јас во почетокот на бременоста осеќав подуеност и имав гасови ама не пиев ништо
Девојки од вчера чувствувам како вибрации некои во долен дел од стомакот, како да ме мава нешто од внатре, константно е, бев и на преглед се си личи океј. Читав дека првите движења се чувствувале така ама 10та недела пак, некако рано ми звучи. Некоја да и се случувало истово или совет?