Матката се шири и се појавуваат најразлични грчеви и чувства, не верувам дека може да се осети нешто толку рано сепак е тоа премногу мало за да осетиш било какво движење сеуште
Еспумисан е за подуеност и можеш за земеш. Не поминува од цревата и желудникот во циркулација. Се дава кај бебе исто за грчеви од старт. Пробиотик е за микрофлора нарушена пример дијареа итн и содржат млечни бактерии и обично стои дека не се препорачувааат за трудници. Ама еве и да земеш буларди флуоротик нема да ти помогне. Само еспумисан е решение.
Крај на 12та недела. Ми траеа од почеток на 8ма до крај на 12та. Уште сум осетлива на мирис ама не до толку како претходно. Мислам тие 4 недели ми беше пекол
Значи течниот сапун за гости што го ставаме кога ќе го намирисам уште од 10 метри најјака сум. Одма ми се враќа тој период солзи ми идат хахахаха. Маж ми не сака да го фрли чекаме да се дотроши
Маж ми имаше гел за туширање што повраќав од него и го тргна на страна ќе го користел кога ќе се породам, почна нов да користи, кутриот го извади од коа се породив и пак почнав со нагоните па виде не виде го фрли хахахах.
Јас пиев на почетокот бидејќи пиев антибиотици два болна со бронхит скапана. Да првите движења така се чувствуваат јас на ехо у моментот додека го гледавме мрдаше многу и го осетов тој притисок тогаш сфатив дека е бебето. Гледам за на работа прашувате. Јас кажав негде 6-7 недела бидејќи фатив бронхит и отворив боледување многу силно кашлав и мораше да лежам за да не се направи проблем и морав да објаснам на директорот. За првото кажав негде 6 ти месец осван на колешката со која делев канцеларија бидејќи повраќав многу и не можеше да се скрие Не е нешто шо може и треба да се крие еве сега другите колешки не знаеја па ме праша као абе чудна си нешто во последно ко бледа ко рипнат мешко ко трудна
Здраво на сите, се приклучувам во клубот, 4та недела и 3 дена трудничка . Од симптоми имам само болни гради, грчеви како да ќе добијам циклус.
За девојките со ин витро едно прашање. До кога ги користевте утрогестан вагиналетите? Јас треба до 12 недела, но незнам дали и 12тата недела е вклучена
Јас користев кринон што исто е поддршка во бременоста. Во 12+1 ми го прекинаа што значи цела 12та примав
Дали уште во 7 недела почнавте да се осекате уморно и без енергија.Плус ми се јаде а кога јадам ми се гади и потоа ми е тешко цело време..И се чуствувам како утепана
Од 7ма недела ми почнаа мачнините и гадењето, а спиењето надвор и топови да пукаа јас немаше да ги слушнам од 8ма веќе беше хорор, ништо неможев да јадам освен овошје. Денес сум 9+5 и конечно да јадам како човек без да повраќам