Јас сум 12 недела и 6 дена бремена од последната менструација и според докторите, е сеа по ова што го кажуваш јас веќе сум во 13 недела, значи утре влагам во 14 или како хаха Стварно вечна мистерија, иако јас си рачунам дека од утре ќе бидам 13 недела. Само да ни се здрави и живи бебињата и да тераме до крај
Утре си полна 13та и задутре почнуваш 14та… Јас така си рачунам, тоа ми е логична пресметка.. а на докторот му кажувам пр 23та или 22+4… двете опции ги кажувам и никогаш не ми негирал едно или друго, сите среќни и задоволни
Јас кога влегов во 12 недела прекинаа и повраќањето и ми олесна мирисот ми се намали можев да излезам да испазарам... Сега сум 14+2 овие два три ден навечер повраќам а преку ден киселини ме утепаа.. Две недели што каснав качив кило ипол. Викам толку ли беше мојот мир..
Феминки здраво 12 та недела влегувам во петок па сакам да направам скрининг во државна. Ако може совет од вас Кој го препорачувате како најдобар за правење на скринингот? Имате некој совет кај кого да одам ? Фала ви и поздравче
Здраво, рана бременост сум, вчера бев на прва контрола, докторот ми рече дека каналот не е затворен туку е отворен а не требало така да биде. Дали некоја се има соочено со вакво нешто на почеток на бременост да има отворен канал и дали можеби понатаму има шанси да се затвори или така останува. Малку ме исплаши докторот ве молам за совет.
Леле некои доктори се махери да извадат од памет. На почеток додека се зацврсрува плодот цервиксот сеуште нема формирано мукозен чеп… вероватно на тоа мисли после 9та недела веќе се затвара целокупно затоа и брисевите ги правиме од 11+ . Немој да паничиш тотално лошо се изразил, чекај си срценце да чуеш и биди си спокојна
Јас прв пат слушам за вакво нешто. Во рана бременост е доволно да ти каже дали има сакус и дали е лоциран во матката. Нека ме исправи некој доколку грешам Која недела си?
Zdravo devojki..na kraj na 13 sum na priska mi pokaza mal rizik za daunov I me preprakaat dopolnitelno za prenatal test...posto sum nad 40 ....ke pravam obavezno dali nekojj ima iskustvo..koj mu go preporacale prenatalen da go pravi..mene mi preporaa vo panorama.koj pokazuva najsigurno za anomalii
Јас правев панорама advanced, буквално најсеопфатен е од се што истражував, мене резултатите ми беа готови за една недела, супер им беше односот боцкањето е во ферти клиник на млечен брзо и едноставно. Знаеш дека приска по ново скоро никој не прави, најголемите специјалисти во државата го анулираат како систем на детекција, пренатален и мирна глава да си имаш
Da tamu I mene mi preporacaa kaj niv...pa neznam zasto mi go napravija denes priska...prasav i jas ama.swga mi bese glupo pred doktorot..Fala ti mnogu..utre mi rekoa da odam vo panorama mi kazaa deka imalo tri tipa pa ke vidime zdravje...
Lele fala ti sto mi objasni, daj boze da e taka i samo da se zatvori Inace 6+5 sum I koga mi kaza deka e otvoren kanalot a ne e zatvoren epten se isplasiv, mi rece samo da ne krevam nisto tesko periodov i da namalam dvizenja i kacuvanje po skali pa ke sme sledele.
Само убави мисли и секако првите недели полека со сите активности, тоа важи за сите. Јас на пример при наведнување и клекнување осеќав првите недели како остра болка секундарна или влечење … повеќе ги нема тие болки по 10та/11та недела
Нормално е да нема болки и грчеви како во првите недели од бременоста? 10та недела сум, веќе два дена немам некои тегоби или грчеви па незнам дали е нормално Или сега веќе се ќе ни изгледа сомнително
Се е нормално изгледа Јас неколку недели никакви симптоми немам, исто ко да не сум бремена, а фала Богу се е во ред.
До кога имавте болка во стомак? Мене откако ми поминаа грчевите како менструални што се до кај 5 недела немав баш никаква болка освен од гасови. Вчера и денес имам како тапа болка во стомак доле и како притисок, малку ме исплаши. 7+5 сум. Леле кога да поминат тие 13 недели да се опуштиме малку