дали е нормално грчевиве да бидат појаки во текот на ноќта преку ден имам ама ретко почесто на вечер дури на моменти се заборавам дека сум бремена за спиењето тешко заспивам и уште потешко се освестувам, од другите симптоми осетливи гради, немам сега нешто апетит и почнува изгледа еве од денеска да ми гади .. носот затнат стандарт и некоја блага главоболка што се трпи. што пиете за појака главоболка ?
Здраво девојки. Претходниот преглед (5+1 бев) се испостави дека со помош на инексиите си пораснала бременоста и си пораснал гестацискиот сакус (1,32цм, 2 дена претходно беше 0,95цм) и се појави жолчно кесе (со 0,31цм). Сега сум веќе 6+2, за 2 дена имам контрола (малку си ја одложив да има повеќе дена поминато, теребаше на точно 6 да одам). Дали според меркиве и неделиве ќе има срцева што мислите?
која недела си? Јас сум 6+2 и еве веќе 4 дена немам утрински но имам страшни вечерни мачнини. многу осетливи гради, и тоа со спиењето, мислам дека можам 20 саати да ги спијам само 4 да сум будна. Грчевите ми се намалија, исто ги имам почесто навечер.
Тука сме и со исти симптоми мислам дека сме таман. Претходно кога имав неуспешна бременост ми се изгубија сите симтоми (последно осетливоста на градите) 4 дена пред да искрварам. Според тоа таман е штом ги имаме. Слушна срценце?
да ептен сме блиску ... во понеделник сум на преглед мене ми е прва бременост а ти си слушна ли?со лесно нека ни е и на двете
Требаше да одам на преглед во вторникот, но сакав да помини уште некој ден. Ќе одам во Сабота. Едвај чекам се надевам ќе има.
Хаха ќе поминат … па после ќе чекаш брисеви… па после пренатален … па после скрининзи пред некој ден некоја од девојките баш пиша смешно… бременоста ти е чекање цело време на крај чекаме и да се породиме и поминало се набрзина
Кај мене првиот преглед после утврдена бременост со бета ми беше во 6та недела и слушнавме срце. Ќе си го слушнеш здравје на следен преглед биди опуштена
Ако овулацијата била регуларна 13/14/15 ден би требало да слушнете срценце веќе, ако била подоцна на крај на 6та кај некои и во 7ма дури, зависи кога е зачнато
Бидејќи проверувавме овилација со гонекологот, зачнато е 7/8 Ноември (на 6ти имав фоликул со јајце клетка на 9ти беше пукнат) Тоа доаѓа 10 ден од циклус. Значи да очекувам
Денес по циклус сум 7+6,од вчера градите ми омекнаа и ми ги снема гадењата и утринските лошења,како да ме пресече оддеднаш.Пред ова цела недела неможев глава да дигнам колку ми беше лошо и ме болеа градите.Да не се случи нешто? На контрола бев пред една недела каде што си имаше срцева акција и беше се во ред. Болки во стомак и крварења немам.
Јас до 15та недела не се осеќав бремена, на почеток имав грчеви и болни гради, после и тоа го снема, од контрола до контрола само си мислев дали воопшто сум бремена уште. Да не правам муабет дека стомак едвај во 17та почна да расте малце од малце.
Не се плаши. Јас сум 10та недела моментално и баш сега не чувствувам ништо, симптомите ги има, па ги нема. Градите болни па ништо. Грчеви имав баш во тој период, сега никакви болки, а гадењето ми престана наеднаш. Овој период е баш стресен затоа што веруваш само на една контрола и едвај чекаш да дојде следната. Не се вознемирувај тоа е најважно во овој период. Се ќе биде во најдобар ред
како стоите со апетит женски? мене некако ми се јаде ама уста не ми се отвара ? гадењето почна ... што јадете овошје зеленчук ?
И јас немам нешто апетит. Велат апетот 3-4 месец се појавувал па ќе видиме. И кај мене почна гадењето пред 4-5 дена
Ич да не се грижиш. И со двете бремености ми престанаа симптомите (гадење, одбивност кон храна и сл.), во 10 недела точно, со тоа што во првата и градите престанаа да ме болат тогаш, сега со втората знаат уште зависи колку сол и вода имам внесено.
Јас 7+1 слушнав срценце, претходно од 5та недела имав гадење 24/7, и така од 7ма како влегов ништо, и наеднаш 7+3 црева истурав во Аеродром кај авиончето, до 13та недела.