Jas samo suv leb jadam potpecen na toster, i mislam deka moram da kasnam nesto na sekoi dva tri casa, ne mi se jade voopsto i nemozam ni voda da pijam neznam dali mozete vie voda da piete, ke se napijam edna casa i posle odma mi se gadi...inace sekoja vecer si povrakjam
исто и мене со водата тоа ми се случува како да има чуден мирис и вкус а флаширана изворска пиев сега ќе видам дали и од јана ми се прави така иначе јас супа јадев сега ми е таман, мене преку ден некако ми се гади повеќе па и тешко ми иде од тоа фемибионот што го пијам
Мене ми помагаше овошна салата (јаболки без лушпа, банани, јагоди) и Tuc кекси имав секогаш до мене. Од сабајле кога ке станеш одма стави нешто во уста за да не осеќаш глад. Јади помали оброци почесто, што можеш тоа. Јас јадев дури понекогаш и само сув леб. Фолната земај ја после ручек ако ти прави гадење.
А лажичка сода бикарбона со вода има некој пробано? Има некој ефект од тоа? Смее да се пие? Ми имаат кажано да пробам ама незнам некако ми е страв.
Јас користам едни дражеи Антиметил се викаат со вкус на лимон и мента,бугарски се како гумени бомбони и малце ме смируваат..многу киселини имам навечер посебно
Девојки нормални ли се менструални болки? До пред некој ден се прашував дали е нормално ништо да не чувствуваш, сега како менструални болки да имам 10 недела...
Дали се фарбавте во прво тримесечие? Се фарбав пред трансфер но веќе месец и имам мн бели влакна по косата грозно е..со која фарба можам да се исфарбам или пак да купам има едни како спрејови за прекривање на бели влакна
Пробајте со чај од ѓумбир за гадењето, мене ми помага, и за дигестија исто. Рендам свеж ѓумбир и го ставам во вода да врие малку и пијам. Јак е само така ама може мед лимон убав оди. Видов сега дека и сув го има од алкалоид во една продавница за здрава храна.
Јас се фарбав, првиот пат незнаев, може ден беше пред тест.. И сега еднаш од тогаш. Решив преку еден месец. Вчера си купив спрејче за да издржам до после нова година имам закажано.
Девојки сеуште не сум била на прв преглед, имам закажано неделава. На три дена од доцнење имав светло кафен исцедок, мислев дека е циклус и дека ќе добијам, но направив тест, потврдено со уште три теста позитивни. Сум со менструални болки од денот кога ми доцни, постепено се намалуваат но се присутни повремено, а кафениот исцедок деновиве воопшто го немаше едно 5 -6 дена. Денес бев да пазарам и многу се натоварив што едвај до дома си дојдов, после два, три часа бев до тоалет кога што ќе видам кафено розев исцедок, а имам и како тапа болка во десниот јајник. Знам дека мора на преглед да се види што е, но дали некоја имала слично ислуство, како под стрес сум се додека не отидам на преглед.
исконтактирај ја докторката може ќе ти рече да пиеш нешто ,немој да креваш многу тешко до 2кг макс ,плодот треба да се зацврсти на почетокот
Грчевите се многу чести на почеток, пиј магнезиум можеш и Ферона или Токорелакс тие се магнезиум со плус алфалипоинска киселина. За исцедокот многу е чест исто, најчесто даваат утрогестан за поддршка, ама земи одмарај до преглед не се оптоварувај овој триместар ти е најбитен да се пазиш. @LanaDelR @Ladyme Фарбајте се без проблем, имам пишувано, многу сум побелена еднаш месечно се фарбам, прашав уште во 5та недела двајцата доктори ми кажаа фарбање, нокти, депилација се што сум си правела претходно да си продужам нормално.
Немој да креваш тешко,барем не сега на почетокот.Овие денови до преглед одмарај ги повеќе и не се напрегај,јас имав кафеав исцедок во почеток на првата бременост и земав утрогестан вагиналети ама и повеќе одмарав,потоа беше се ок.Ако продолжи и утре да те боли и да имаш исцедок не чекај оди на доктор нека те видат
Јас имав кафен исцедок два дена после тест, потоа го снема, па за три дена пак да се појави розево. Бидејќи сум со ин витро користев утрогестан уште од почетокот. Ми рекоа дека е нормално се додека е минимално кафено, не е свежа крв и немам силни болки. Одмарав тој период цело време. За колку дена ти е контролата? Доколку немаш силни болки одмарај и без стрес, доколку се зголеми и малку повеќе крварењето или приметиш свежа крв појди си на дежурен не чекај. Ќе ти дадат подршка вагиналети сигурно
Ви благодарам, ми значат советите, ќе одмарам деновиве до прегледот, имам закажано за 4 дена, ќе следам како ќе ми биде до вечер и утре ако гледам дека продолжи ќе одам на дежурен.
денес сум катастрофа со јадење и расположение цел ден дали од времето како отепана апетит на 0, ајде се измолив да каснам нешто за да можам после тоа да ги испијам витамините измешав во рок од 1саат благо кисело и право во wc, главоболка, болка во гради... на контрола понеделник поручек сум да помине се во најдобар ред дај боже и после да им соопштиме на родителиве оти ќе си пукнам ако си поќутам уште малку вие другите како сте ?