Eeeej, одамна беше, сега кога ќе помислам ме фаќа жал по тоа време... Мислам дека беше кога завршив втроа средно, значи на 16 години. (Ако не ги рачунаме оние летувања во основно од школо во детските одмаралишта). Убви времиња, еееј, камо да може да се врати.....
после втора год средно бев во охрид и минатата год после трета год средно бев во охрид со истото друштво, оваа година бев само со две другарки во грција во калитеа, сегде ми било супер сакам пак
Првиот одмор со друштво како и на повеќето млади ми беше во Охрид. Супер си поминав а и не е којзнае колку тешко за снаоѓање. Многу е важно да се внимава со трошоците и средствата правилно да се распоредат за да стигнат до крајот на одморот. Исто така важно е да се пазат личните работи, особено на плажа. Во вода само влегување на групи доколку се носат телефони, апарати и пари. Внимателно со сончањето и конзумирањето на алкохол. Чуството за прв пат сам со друштво е супер, никој не те ограничува, може да си дозволиш навечер да си заглавиш, да одиш каде сакаш а при тоа да не мораш да кажуваш се дома. Само за се треба памет во глава, да не испадне некоја глупост која ќе го уништи одморот.
Првиот одмор со друштво ми беше во Охрид, се подразбира со другарки, преубаво беше се’, освен некои ситни недоразбирање во организацијата, зашто бевме 5 и секоја имаше некоја своја желба, ама некако се усогласувавме. Сите движења и активности ни беа со мера и во граници на нормала, по дискотеки не одевме, само плажа и навечер на кафе и десерт. Генерално се’ беше ок, немаше никаков проблем.