1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прв бакнеж

Дискусија во 'Сингл' започната од Princess15, 27 март 2010.

  1. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Летово на одмор... Мене првиот пат, многу ми беше срам ама благодарение на него се опуштив и беше преубаво, Од првиот бакнеж имам само убави импресии... преубаво чувство :):)
     
  2. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    сега кога ги читам вашите мислења, посекувам и јас да го доживеам ова искуство... :?:
     
  3. RiRii

    RiRii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Ехх мојот прв бакнеж беше УЖАС па добро не до толку.Го добив на неполни 13 години,ама ни јас не искусна ни тој ама ајде може да се нарече ПРФ бакнеж :?:
     
  4. D.E.S.I

    D.E.S.I Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Колкуу годинии имашш девојчее??? Ич не бериии гајлее ќее се случии и тоаа.. :hai:
     
    На L0ve му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Не дека се секирам,беше со најголемиот идиот во класот,тоа ми беше прблемот,ама тогаш на времето ;)
     
  6. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш заостанував и доцнев кога стануваше збор за љубовниот живот. Не дека не ми се пружаа шанси, едноставно сакав да бидам сигурна,а и слободна, не барав само забава, мувањата ми беа несфатливи, премногу сериозно ги сфаќав работите. И така првиот бакнеж ми се случи на 17 год...ако не беа и 18. И по постовиве, мислам дека вредело што сум чекала, или таква ми била среќата. Типот не беше клинец, имаше 20 год. и добро си ја знаеше работата. Јас пак се чувствував ко детиште. Ама никогаш нема да го заборавам, ни бакнежот, ни дечкото, беа најубавото нешто што сум го доживеала до сега, ама тогаш не го ценев, зашто нели ми беше прв и немав со што да го споредам. Како и да е, беше незаборавно искуство и со задоволство се присетувам. Не се оптоварувајте со годините, тука нема правила, само препуштете се на чувствата и се ќе помине во најдобар ред.
     
    На мкд98, L0ve и Mishela им се допаѓа ова.
  7. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Интересно доживување! Дечкото своевремено, беше мојата најголема љубов :$ :rofl:
    Се шмекавме цела година, за да на 25ти март (ја памтам и датата дури :lol: ) во 8мо одделение, се бакнеме! :$
    Лигаво многу, незаборавно уште повеќе! :rofl:
    Дури се бакнавме 737584 теми сменивме и на крај бидна и тоа со "шлааап" на крај! :lol: дечкото беше стварно wow, за неговите 14 години! И јас му бев прва. Одевме точно 3 месеци! :lol:
    Па по 5 годушна пауза, секој по свој пат-ние пак се "споивме"... Доживувања многу, болка ми беше цело време иако имав друг дечко на кој му раскинав за да бидам пак со мојата прва љубов, ама кратко траеше! :rofl: За жал или за среќа...пошто беше глупав, а многу убав! :rofl:
     
    На Jay-jay и Justice.Girl им се допаѓа ова.
  8. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    хахах значи се случи пред еден час и бешее,хахахаха неможам да се донасмеам,одпрвин му бегав цело време тој идеше по мене и после ајде застаав ме напика во еден ѕид и немаше каде да бегам после му бегав со главата дури незнам ни самата колку пати дури да се решам бидеќи ми бешее малце срав да не згрешам нешто па после да ми се смее,и ајде на крајот се решив ии се случиии тоаа што требаше да се случи,важно немав воопшто трема.ХАХАХА
    И да ви кажам на тие што досега не имале некој дека не е нешто посебно како што си замислуваме ние во главчината ;)
     
  9. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    A да ве прашам јас нешто...му кажавте ли дека ќе ви биде прв бакнеж или нема потреба од тоа да се спомнува?
    За да знам дали да му кажам јас бидејќи неделава се договоривме да испаднеме паа... :)
     
  10. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Лично јас му кажав и сметам дека така е најправилно да си знае.
    Најдобро ти е да му кажеш за и тој да си знае што да прави друго е кога девојката имала пред него друг а друго кога и е прв пат.
    Јас се срамев одпрвин да му кажам ама на крајот зватив дека тука нема ништо за срамење,циа само напред да му кажеш на детето и да не израдуваш со убава вест :*
     
  11. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Беше многу одамна, ништо посебно, а од страна изгледавме вака :D :D
    [​IMG]
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    26
    Првиот бакнеж ми се случи летото кога бев 7 за 8 одделение. Мојата најдобра другарка тогаш го фати првиот дечко. И нормално јас идев како придружба за чување стража секаде :D Дечкото на мојата другарка имаше другар (господин Х :lol: ) кој беше некој познат скопски фраер. Една вечер јас, другарка ми, дечко и и господин Х влеговме како VIP гости во тогашно Кабрио на јуниор журка. Еее колку беше искусен господин Х... Вика ајде да играме, а мене нит ми се слуша нит ми се игра. Викам не не, ќе идам до тоалет. Нормално тоа беше опција како да го избегнам. Ама фраерот беше упорен, а и искусен (имаше 17 години). И така каде идам јас еве го и него. Па као да правиме муабет. Смешки живи. И ми вика сакаш да ми бидеш девојка. А јас ко теле у шарена врата го гледам и ќутам. Не можев ни да кажам не, само ми ја подигна брадата и ме бакна. Ете тоа беше мојот прв бакнеж. Знам дека фраерот после ужасно се заљуби, а мене ме болеше патика. Нашата врска траеше цели 2 недели :D Со тоа што тој ме бркаше уште неколку месеци. После изгубив целосен контакт од него, се додека пред 4 години не дознав дека се оженил :)
     
    На Jay-jay му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029

    Ај ќе видам зависи од ситуацијата можеби ќе му кажам...инаку вие феминките ќе бидете меѓу првите кои дознале што и како било ;)
     
    На angel4e121 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Јас па на тој мојот не му кажав :D Ептен ме биваше од старт, добро се камуфлирав :D :D :D
    Мислам дека нема потреба да му кажуваш. Може ете после ако си ја затерате убаво работата, по некое време, да му кажеш дека првиот бакнеж со него ти бил. Може ќе му биде драго на дечкото.
     
  15. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Па добар совет е и воа,отпосле да му кажам :)
     
  16. Lordi

    Lordi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    7
    Значи јас бев 6,а тој 7мо одделение. :fubar:
    Тој имаше и ДЕВОЈКА. и раскина заради мене дека јас го сакав и така ..
    Абе децаа. :swear:
     
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.757
    Допаѓања:
    24.974
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е до мене, или па толку бил впечатлив, ама јас немам благе везе кога точно и каков ми бил првиот бакнеж. Чак што више и на личноста не се сеќавам добро..

    Знам одамна беше и доста е.. :lol:
     
  18. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Закон работа...коа ќе се сетам се прскам од смеење..неможев да спијам вечерта :P
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    E mojot prv baknez bese na 16 god, i ic ne bese ubavo. Epten ligavo. Deckoto mi bese vrsnik. Izlegov so nego od ljubopitnost. Ama potoa imase mnogu poubavi iskustva so drugi momcinja. I navistina za nekoi maksi baknezot e umetnost, prosto da uzivas.
     
  20. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    одамна беше кога бев осмо одделение и тоа со мојата симпатија беше прекрасно чувството лептири у стомак летеа потоа прерасна во една голема љубов но после извесен период патиштата ни се разидоа
    ама бакнежот уште долго ке го паметам.