ммм... уште како пред мене да го гледам, хехе имав 15 години, некој ќе рече не си салам хахаха ама ми беше најромантичниот момент, беше со машкото што го сакав а не беше она што викаат ајде сега ради реда и ти да не останеш без бакнеж... јануари месец, надвор беше преладно а јас и тој се шетавме... сеуште сме заедно и знам дека оваа е вистинска љубов.. го сакам најмногу совет- не трчајте многу девојчина има време за се или како што вика мајка ми се со време !!
Е баш ми требаше да си се потсетам на тоа Имав 16 години, беше доста аматерски и лигаво, ама рака на срце, најискрено до сега никогаш нема да заборавам, беше во црква И да, тогаш мислев дека тоа мора да биде нешто посебно и запаметено и така и испадна
so vikas mislel deka si trvrdoglava... ne se sekiraj, i jas sum inat magareski i site mi vikaat taka, ama sepak me sakaat
На 15 години го имав првиот бакнеж, дечкото многу ми се свиѓаше и беше многу згоден ама беше ептен срамежлив. Седевме на клупата во паркот повеќе од половина час и едвај се реши да ме бакне имаше многу трема. Бакнежот траеше многу кратко само неколку секунди и не беше ништо посебно. За жал, повеќе со тој дечко не излеговме оти не беше веќе заинтересиран за мене не знам што му стана
здраво феминки нова сум на форумов и сакам да го споделам и моето искуство бев 7 одд и првиот бакнеж се случи зад училишната амбуланта и можете да замислите цел клас излегоја да видат што ке направиме а на детето му требасе 30 минути да ме бакне и да мозете да погодите таа врска траесе само 2 дена
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... DCDiignBRo Еве ви видео...сеа незнам дали е баш така,поискусниве феминки нека кажат Свртете кај последните минути за да преминете на главното,тоа на почеток е како НЕ треба да се бакнувате
Па некаде на 17 години со првиот дечко ај леле што смешки беше тоа цела недела унапред гледај видеа, читај по интернет што како па барај совети од другарки за на крај да видам дека смешно е дури од што е лесно ама дете
Imam 13 godini i seuste go nemam oseteno toa custvo no sigurna sum deka e navistina ubavo i novo iskustvo se osekas nekako pogolem pa kazete vie poiskunite dali e taka?
како што гледам не сум била единствена што го памтам првиот бакнеж како лошо искуство се случи тоа кога бев 7 одд после журка во кабрио човече хахахахахаха смешно ми е сега кога ќе ми текне ...излеговме надвор седнавме на клупа тука во паркот и траеше само 10 секунди и беше мн лигаво и гадно и одма си станав и викам ај јас морам накај дома и си тргнав така со другарките кои ме чекаа у близина нормално без нив каде
Имав 15 години..Вечерта за нова година беше после одбројувањето...Kај 12 и нешо ме викаја другарките да излезиме пред кафич и одиме таму седеше детето шо го бендисвав ( не бев затрескана во него )..И другарките му велат: Ти носиме новогодишно поклонче!! И така си седнав до него и преубо ми беше..После то пак ме викаше тие деној за распустот ама мене срам ми беше и не излегов поќе со него..Останавме другари, се гледаме често и ми се бендисва уште..Би сакала пак да излезам со него, да видам какво ќе биди чуството сега после 3 години, пошто сега сум и поискусна
Беше во 6-то одделение. Се договоривме пред училиште кај една другарка да одиме и го викавме и симпатијава мој. И сега јас потпрена кај неа на парно и го гледам Млади бунтовници и овој дојде и ме бакна. Јас затрескана во него тој исто колку мене во другото одделение учеше и ми рече Ај да легниме на кревет. Јас џекче се прам, се тресев цела, умрена од срам не можам му викам сега филмов го гледам. И ми се налути и замина во другата соба кај останативе. После тоа уште неколку пати се имавме смувано. А сега сме пријатели онака си имаме по едно здраво
Само уживај,опушти се,одма ќе сватиш .Не треба да бидеш напната.Како шо рече newring86 дечкото ќе те води .Мој совет-не паничи
Бев 7мо накај 8мо, значи летото врска немам која година. (ме мрзи да бројам) Ми се допаѓаше онака момакот не беше спектакуларно убав, ниту пак ни сега е. Веројатно тогашната најдобра другарка го договори сето тоа `бакнување` кое можеби траеше се на се 10 секунди. Седнав на еден столб на улица, не знам како поточно да го објаснам, седна до мене, поќутевме, ме бакна, ми пружи јазик а јас поима немав што да правам со него, и така бљамборев неколку секунди и се тргнав. Бев потресена мало више одшто треба и после тоа му ја скубнав накај дома. Се радував премногу, не се учев да се бакнувам, мислев дека со испраксираност ќе го постигнам ефектот. Истото тоа лето, во Крушево се `фатив` со едно дете на иста возраст, и секоја вечер имавме маратонско љубење со саати по крушевските темни сокаци. Ауууу колку ми е смешно тоа сега, не сте свесни! 2 саати без престан да разменуваш плунки и притоа да ја држиш главата во иста положба односно да не заспиеш - е тоа било мисија тогаш. Ете ја праксата.
Се случи во прва година средно.. Тој беше од ист клас на една моја најдобра другарка од основно. Ми фрлил окце, а и јас на него уште пред да дознаам за тоа. Потоа ме викна да излеземе, праевме што праевме муабети и бидна. Искрено не беше како што очекував, неубаво ми беше Тоа беше само за една вечер, бидејќи типот не беше озбилен и само бројчето му беше битно. Ама затоа мојот втор бакнеж со еден друг дечко беше најубаво нешто. Се случи летото во Охрид, во езеро, и беше најслаткиот бакнеж Добив милион и еден комплимент дека преубаво се бакнувам, а инаку тој беше мојата најголема љубов што сум ја имала во моиве 17 и кусур години
не ми текнува баш кога беше осмо за прва или прва за втора типот поголем од мене 1 год. а бакнежот.... лито. се осеќав ко да не ми бил прв
Лелелеее првиот бакнеж ми беше катастрофа. Беше со дечко 9 години постар од мене и се се сeкавам дека вртевме кружевме со колата низ градот, надвор од градот и застана во едно темно сокаче. Си реков е сега му е мајката си тргна типот накај мене, јас накај него и го бакнав како мама на образот што ме бакнува. Се засрамив, ај уште еднаш да пробам, пак исто. И почнав да се потам дури од страв и срам. Дека тој искусен, а јас јадна не знам ни да се бакнувам.. Видов не видов му реков да вози дома и тоа сместа. Ми идеше да заплачам, коку бев за грев тогаш лелеее мајко. Цела ноќ не заспав си мислев колку сум глупа и дека никогаш нема да научам да се бакнувам. Другата ноќ пак се видовме ама не сакав ни да останам на само со него.
Втора година средно, дечкото ми се свиѓаше доста време и мислев дека немам шанси кај него, и така се наместено ајде ќе шетамо и јас незнам што си замислував, али бакнежот катастрофа, лигав никаков, ама не само првиот и вториот и третиот.. и му раскинав после една недела
2-nd year in high school, but I'm still searching for my prince charming = Сеуште го немам доживеано тоа искуство. Можете да се смеете колку сакате, но јас сум таква- Hopeless romantic & I can't help myself ! Сметам дека првите работи во животот треба да се посебни и со некој кој навистина го сакам. A тука спаѓа и првиот бакнеж секако ! Спојлер Влијание на шпанските и турските серии