Првиот бакнеж ми беше некаде во 7мо одделение, во првиот момент незнаев што се случува кога момчето ме бакна а потоа само осетив намоврување на кожата по целото тело тоа беше најубавото чуство што го имав осетено до тогаш а богами и послем тоа, се додека не го бакнав сегашното момче тогаш го почуствував истото чуство само многу посилно дури се сеќавам дека ми се затресоа нозете sweet memories
Мојот прв бакнеж се случи минатото лето (2011) година, кога имав 15 години. За прв бакнеж и не беше лошо, всушност, кога ќе размислам подобро бев воодушевена тогаш. Самата случка беше многу интересна според мене. Бевме во Охрид, љубаништа и бевме цело друштво, кој од Прилеп, кој од Скопје бевме собрани. Беше вечер, си седевме на плажа на клупите, и сите околу нас знаеја дека му имам око фрлено хаха, па после некое време не оставија сами да седиме на клупата, само јас и он додека останатите се префрлија да седат понатаму во песокот. Одеднаш две од другарките со кои бевме не потегнаа, едната мене а другата него и мене другарка ми ми го постави прашањето дали сакам да се мувам со него, јас после момент-два прифатив, истото го направил и он (очигледно). Јас мислам дека образите ми изгореа од срам колку што ми беше незгодно, затоашто сите 15 души што беа знаеја што ќе правиме откако отидовме подоле на плажата до едно кајче хаха. И така он прв седна доле во песокот, некои 2-3 метри од водата и така едно 10 минути си правевме муабет и јас не ни знаев што се случува кога тој одеднаш ми се доближи и ме бакна. Јас не знаев кај сум во тој момент, хаха, меѓутоа брзо се соземав и си фативме ритам и двајцата, и прилично долго ни траеше бакнежот. После тоа ми се насмевна, пак зборувавме па пак се фрливме на работа, следеа уште 5-6 makeout сесии и после решивме дека е време да се враќаме назад затоашто другиве не чекаа. Го немам видено скоро цела година, затоашто беше од прилеп, меѓутоа мислам дека и не сакам да го видам а и многу многу не зборуваме на скајп, би сакала и да остане така, само мала летна авантура хихи.
Мојот прв бакнеж беше на 16 години... Многу беше убав, па врнеше и дожд а јас со мојот прв дечко седнати на нашата клупичка во градскиот парк...
Бевме другари демек и вечерта отидовме чисто другарски на еден настан сами . Петнаесетина минути пред да си одиме бевме во положба: Јас пред него а тој дланките ми ги беше ставил на раменици, почнаа да му се тресат иако беше доста поискусен од мене. Бевме залепени еден до друг, на мојот грб чувствував како срцето засилено му чука . Полека почна да да ми ја трга косата од лице, го прашав „си одиме?„ не ми одговори ништо потоа се свртев и оп, тој ме бакна. Бев многу збунета, не очекував, но прекрасно ми беше. После бакнежот се смеевме двајцата и тргнавме накај дома. Со нетрпение чекав да дојде наредната средба, а дента не заспав и после тоа 2,3 дена насмевката буквално не ја тргнав од моето лице. Ех, прекрасно чувство
Имав 14 - 15 години не знам точно на мојата прва нова година излезена со друштво и така типот хахаххахахахха беше доооооста постар од мене 24 мислам ахаххахах и беше мување и шливки ми направи а инаку мислеше дека и јас сум колку него јбг висината тоа прави и така фино хахах се додека надвор не пушев цигара со една девојка која ја мувал пред мене саат и пол и после око не сакав да му видам хаххаахах наредниот ден морав пудра да ставам за да не ‘‘примети‘‘ мајка за шлифките ми неуспешно .Како и да е беше врло занимливо
сеуште сум немала дечко и не сум се бацила а ај нека ми го опише како се чуствувате одвнатре и какво е чувството со првиот бакнеж ??
Па мислам дека не постои возраст на пр: на 15 години мора да се бакнеш. Тоа иде само по себе, кога нај малце очекуваш може да ти се случи.
Пред 3неделии.. т.е на 02.24 И мување и првиот бакнеж . . .НО најлошо е тоа што не го сакаф типот.. само ради љубопитство
сеуште не се случило ама сепак не сакам да почна рмногу рано за една година во осмо може... А исто така едно дете го прашаа дали сака да се смува со мене а он вика да, ама ја избегав
ехх мојот прв бакнеж уште го паметам.. дефинитивно беше најдобар.... а тоа што е убаво и најдобро не се заборава
Мојот прв бакнеж беше на 19 години. Да, да добро прочитавте, на 19 години. Не беше нешто посебно, но го паметам како да се случило вчера. Бевме „На чекор да стапиме во врска“ но мене ми беше страв од врска и му побарав време. Му кажав дека не сум подготвена за врска моментално, дечкото ме свати, сега сме другари, но сеуште, после долго време сака да дојде кај мене, да се видеме и да разговараме. Бидејки не сме од исти градови. Морам да признаам сакам да го видам, и да се случи нешто повеке!
Ах првиот бакнеж никогаш нема да го заборавам. Една летна вечер, покрај езеро додека се шетавме, сеуште бевме само другари ....и додека јас зборував видов дека тој наеднаш застана јас се свртев и ете така се случи и тоа Аууу да знаете само колку ми беше жешко цела вечер не можев да заспијам од возбуда ...
Имам 15год..и уште немам ни де4ко ни мува4..А другарките мои имат муа4и а некои и де4ковци.. многу се срамам за овоа прашање..ама тоа е.. Како да престанам да се срамам и да се смувам со некој ? или па уште е рано.. Ве молам за совет.. Фала Можеби не сум ја погодила темата..алии..
Вистина е тоа..Страшно е и збунувачко додека не се случи..Но од кога ќе се случи ќе видиш дека и не е така страшно како што ти си мислела дека е..затоа опушти се и чекај го тој момент. А кога тој ќе ти се приближи ти само опушти се и остај го моментот нека те одведе до таму .. Мојот прв бакнеж беше една убава есен во 7мо одделение.. Француски..Со симпатијата уште од 6то одделение..Тоа ми беше првата љубов.
Јас мислам дека не си мала..и дека време ти е да си најдеш дечко..Обично во таа возраст сите имаат...Не треба да се срамиш тој момент кога тогаш ќе дојде..Но сепак треба да одбереш со кого ќе го имаш првото мување, со некој што вреди..Бидејки според тоа мене што ми се случи..јас знам дека со првото мување подоцна прерасна во врска и од кога се скаравме долго време неможев да го преболам..кај мене беше така..кај другите незнам ..Со среќа !
Јас мислам дека не треба да се ориентираш според тоа дали твоите дугарки имаат дечковци или мувачи и дали ако имаш 15 години мораш да имаш дечко. Ако ти сметаш дека ти е време за такво нешто и дека си подготвена тогаш зошто да не. Но ако не е така тогаш зошто би го направила...
Е па прва година си има време јас мојот прв бакнеж и дечко го имав на 16 и пол, макар што некои од осмо си фаќаат. Не се секирај има време за се