Уфффф мојот прв бакнеж со еден збор беше ужасен. Ми се случи на 16 години и тоа со другар на брат ми кој беше цели 3 години помал. Беше кај нас на преспивање, зашто утредента рано требаше да патува за друг град. И ние така си се зазборевме до доцна во ноќта и кога у сред муабет ми вика "знаеш сега што сакам да направам", а ја па му викам "што?" цела clueless и тој ни едно ни две тап ми го угура јазикот до крајници и почна центрифуги да праи. Јас останав запрепастена, и малку фалеше шамар да му удрам ама ај икам да не бидам толку лоша. Во главно ми беше лошо искуство и од тогаш се смував со уште двајца и тие беа исти и си реков доволно е за сега, повеќе среќа нареден пат
Бидна и тоа.. На 15 и пол години, јас си чекав добра прилика. Вчера.. Спојлер целата се потресував околу таа тема и читав по форуми и насекаде и на крај испадна ептен глупаво, многу убаво чувство и на почетокот тој те води после тоа ќе фатите некоја тактика и тоаа...
па мислам дека првиот бакнеж е многу важен . мојот прв бакнеж беше прекрасен и најубаво искуство. беше во осмо одделение и бев на состанок со еден многгуу сладок дечко и тој ме испраќаше до дома и одеднаш ме повлече кон него и прво 2-3 секунди се бакнувавме без јазик само со усните и тогаш малку по малку почнуваше да ми ги гали усните со јазикот и тогаш и јас почнав со мојот и некако се снајдов и беше прекрасно. чувствував пеперутки и откако се разделивме целата се тресев од среќа и возбуда, беше неочекувано и многуу возбудливо
Јас мислам дека воопшто не треба да се срамиш,што ако не си имала прв бакнеж,исто и јас досега не сум имала ни дечко,ни мувач,ниту пак сум се бакнала,па ич не му ја мислам...Има време,кога-тогаш ќе се случи,подобро да се случи во вистинско време со вистински човек,да се почека подобро, отколку да се случи со некој мувач кој не заслужува да му дозволиш да ти биде првиот со кој си се бакнала.Тоа е моето мислење,за другите не знам.
Мојот прв бакнеж беше на 16 ... и искрено не ми се допадна ..можеби затоа што не бев вљубена во дечкото
Првиот бакнеж беше кога имав 15.и јас како и повеќето имав изгубено надеж дека ќе се случи.беше сосема неочекувано со дечко кој го имав видено само еднаш претходно.ништо посебно не беше само си помислив ова е тоа?не го сакав дечкото се смувавме неколку пати и толку беше.
Доста беше тревожење Денес, во точно 15:10 се деси и мојот прв бакнеж Како беше ? Многу филмски Еве ја мојата приказна : Дечково го свиѓам некое време. Се видовме и неколку пати, ама во друштво. Се започна на Бадник, па Божиќ , па се видовме и на Василица. Секој ден си пишувавме и на ФБ. Кога ме праша дали имам излезено со некој, кратко и јасно му одговорив- НЕ Немаше потреба од криење... Е сега, се договоривме да излеземе некој ден, па времето ни пружи златна прилика. Сестра му е свршена за еден во близина, и тој дојде кај неа. После цел ден влечење, ај сега, ај после, излеговме. Цел пат се молев на Бога никој да не не види, ама не виде Стрико ми, стрина ми, еден пријател (ѓавол) на татко ми, и брат ми. Остајте тоа, туку каков беше бакнежот. Првото нешто што го помислив беше- АБЕ КАЈ МУ СЕ УСНИТЕ НА ОВОЈ И така, гушкање, бакнување, милување, смешкање.. Во стомаков не пеперутки, нилски коњи се бркаа Ама на многу романтично место го однесов, абе комедии. Еден момент го прашав- Добра сум ? А овој ми вика НЕ После неколку свртени теми, ми вика „Толку убави очи имам“. И така дојде моментот, и се разделивме... Сега сфаќам дека мирисам на него, 343432 пати се измив, ама не бе, на него мирисам Уште го осеќам неговиот јазик во мојава уста Како и да е, сега само едно нешто се молам: Тие што не видоа, да не им кажат на мајка ми и татко ми, зашто ќе ме килнат. П.С Започнаа и моите луди години.
мојот беше на 14 години меѓутоа во 1 година средно (порано сум тргната ) дечкото премногу ми се свиѓаше и еднаш се смувавме.За еднаш, за еднаш ама битно со него беше тогаш ептееееееееееееееен ми се свиѓаше дотичниоот. леле колку се потресував и филмовии праеееввв готовооо се омажив у тој момент хахахахахаха сега само се гледаме по школо, муабет не ни праимее
мојот прв бакнеж беше на 14 години, ми беше многу интересно затоа што партнерот се срамеше и јас бев таа што го скрши мразот беше помал од мене 1 година .. двајцата си се сакавме (детска љубов) незаборавно
и јас бев таква.цела недела мислев само на тоа и оти го направив и се каев(а не знам ни зошто0 а сепак не беше како што очекував---- и јас бев 14
Леле девојки помагајте имам 13 години и утре треба да се најдеме во кино па сигурно ќе бидне нешто. Многу сум нервозна незнам како ќе биде дајте некој совети.
ќе го следеш во чекори,ќе биде како што треба само немој да се напнуваш...не мора да биди утре нешто ама нема потреба од паника
на клупата,јас во бела кошула и бело сребрени сандали,кафеаво-црни фармерки ... 03.07. пред 3 и пол год. од радозналост и не знаев како се прави тоа и ајде "го следев во чекори имитирав" и бидна
Jaс уште се немам мувано.Тој што го сакам не ме сака а толку многу ги имам одбиено.Незнам дали да се смувам.Од една страна сакам поради искуство ама од друга страна не сакам првиот бакнеж да ми биде со некој што не го сакам.....
Се случи многу неочекувано. Бев излезена со другарките низ маало и ми доаѓа една другарка, ми кажува дека дечкото сакал да се мува со мене. Прво се изненадив дека баш тој дечко го запознав неколку дена пред тоа и цело време мислев на него. И после саат време убедување од другаркава решив да бидне. Кога го видов дека доаѓа накај мене се изнаголтав кнедли и нозете ми се тресеа како никогаш предтоа. И така бидна. Прв, па француски Го следев него и така научив. Освен некое удирање во заби и подгризнување, се помина океј. А убедливо најсмешниот дел од целата фама беше што другарките се криеа во најблиската грмушка за да не манијачат. Ај што не манијачеа, па и гласни беа. Се ги слушавме. Срамота! Иначе јас имав тогаш 13 години, а тој 15.
само еден добронамерен совет до сите што го не го доживеале првиот бакнеж Не очекувајте огномети, искри, солзи радосници, ракоплескања и слично. Единствено нешто што добивате е зоолошка во стомак и туѓ јазик во уста, реално...
Првиот бакеж?хмм беше ггрозен и лигав. Имав 14 години,и типов го запознав в кафич прво ми се допаѓаше а подоцна не.Излеговме и кога ме испраќаше ми пушти јазик.Прво се отгрнав,а после пак пристапи и прифстив.Беше грозно.Бидејќи не го сакав.Инаку спомен си е тоа.Ама нема врска сепак искусив нешто што дотогаш кизнејшто.
Искрено првиот бакнеж би го ставила многу високо на листата на нешта кои би сакала да ги променам. Се случи пред 2 години, на 13 ипол, на +43 степени на жешкиот асвалт во недојдија! Лигаво, никакво