Леле. Многу ми беше бјак . И плус ја не го ни сакав тој, не ми се ни свиѓаше ама ме тераа Ама затоа после со дечко ми ми беше најубаво и ме гушкашеи све и многу убаво се осеќав така да јас тој си го сметам за прв
..ех ама ме вративте наназад па тоа ти беше рана детска љубов уште како малечки се држевме за рака најверни другарчиња .. и кога да речам малку подпораснавме јас сум се заљубила страшно во него а и тој во мене и бидна ме зеде за рака ме праша сакаш ли да ми бидеш девојка ..и секако се согласив целата почнав да треперам очекував силна прегратка ништо повеќе ...и добив јазик во уста , и некако чудно ми беше но си реков тоа е збунето изреагирав неочекувано беше ..мило ми е што првиот бакнеж ми беше со него ..сега веќе не сме заедно но сме навистина добри пријатели ...
Хех..Времиња! Тоа беше,е сега не се сеќавам дали бев осмо или прва..И беше со на една другарка прв братучед.. И онака беше многу фино детето,и многу убаво си поминав како за прв пат.. Денес,не си кажуваме ни здраво ни ништо.. Се видовме за мајот...Се беше супер.. Уште сум другарка со девојчето на која и беше братучед! Животот продолжува...
Не беше ни премногу гаден, ни премногу убав. Беше во осмо, со еден што беше од друг град и ми се сфиѓаше. Прво не сакав да се „дадам“ ама на крајот попуштив.
Eeee ја обожавам темава!!.. Мојот прв бакнеж беше зимата 7мо одд..Навистина немав претстава како да се дојде до него а без да се праша и незнам како бидна,настана романтична атмосфера и се впуштивме двајцата..Мммм мислам дека полетав,забовавив на се околу мене..Беше извонредно,многу пеперутки во стомакот.И после тоа бев цело време расеана и замислена.Ех се би дала да го почувствувам пак ....
Мислам дека беше во 6 одд. со тој што ми се свиѓаше. Немам некој особен впечаток, не знам зошто овој спомен ми е многу блед.
22 март 2006 (не можам да гледам колку мала сум била, а сум барала дечковци) Убаво беше, полека. Партнерот поискусен, 1 година постар од мене. И искрено баш ми е драго што беше со него. Сега кога ќе се сетам на тоа, смешно е. А сега навистина сум во супер односи со машкото. Не се гледаме често, учи во Битола, ама на мсн и на телефон си контактираме. И јас мислев дека е кој знае каква филозофија ама не излезе така
Хмммм убави спомени ми надојдоа од темава. Летото кога завршив 7мо... бевме на излет со дотичниот... многу го сакав. И знаеја другите каква е работата, не оставија сами и бидна работата. Здраво лапање удривме . Мислев ќе прснам од радост, многу ми беше убаво. Потоа се влечевме уште 2 години ама не бевме во официјална врска. Сега е женет и си има синче, го немам видено со години.
Првиот бакнеж... 8 Февруари јас бев 7 одд... Машкото не го ни познавав баш, ама ми беше симпатичен ...По име Виктор од Кочани така решивме и излеговме ... јас се тресев целата од трема како ке биде , што ке биде .Седнавме на една клупичка каде што немаше луѓе и прво нешто со телефоните се замаравме ,потоа тој ми се доближи и ете се случи тогаш мојот прв бакнеж .Тој беше искусен а јас ништо не знаев само се препуштив и учев од него Интересно ...
прв бакнеж во 6-то одделение..копиљ...ми беше премногу срам.се договоривме да се чекаме позади школо и отидовме сами...а позади нас цело школо за да Ѕиркаат...воув..којзнае колку било интересно тоа за 12 годишни деца =) ..премногу ми беше срам што после поминати 5-6 минути киднав...=)
Прв бакнеж...хммм, далечната 1992 во едно село на југот од Македонија. Јас - на школски распуст меѓу 7 и 8 одделение, мало скопско блебетало со еден куп вицови во глава..... Таа - на школски распуст меѓу 2 и 3 година средно, 16 години од еден град во внатрешноста и .... едноставно прекрасна.... Се договоривме да се шетаме во околината на селото. Пеколно топло, па после едно 2 км застанавме кај една чешма, малку понастрана од патот, да се напиеме вода. СЕ напивме, седна таа до чешмата, седнав и јас до неа. Срцето ми беше во грлото. Се наведнав да ја бакнам и застанав...Таа се двоумеше малку, но и таа се приближи до мене и се бакнавме. За да ви опишам што се ми проаѓаше низ главата додека се бакнувавме ќе ми треба цела страна. Потоа следеше уште еден и уште еден. Беше супер учителка! Не се сеќавам како се вративме назад во селото. Бев како во облаци..... Таа вечер не спиев. Лежев во кревет и цела вечер мислев на неа.... и не бев уморен другиот ден. Да ме гледал некој од страна сигурно ќе сум му личел на Арнолд Шварценегер од филмот „Близнаци“ Со Дени ДеВито. Онаа сцената кога Шварци ќе ја изгуби невиноста и кога во кревет ќе лежи цела вечер со ококорени очи и насмевка од уво до уво....
Прв бакнеж...ах избледено ми е сеќавањето 7 декемви 2008 Тогаш се испадна така неотчекувано дечкото ми го местеше братучетками, ме молеше долго време а јас само ќе излегнев со него до надвор и од срам ќе си киднев. Бегав од него кај и да го сретнам, а симпатичен ми беше. И така една вечер не бев излезена и преку смс се договоривме да се најдеме в парк. Јас целата треперев, со еден збор се тресев. Отидовме на едно поскришно место, си правевме негде пола саат муабет 300 теми свртев И накрај дечкото собра храброст ми се приближи и ме бакна. Не беше којтизнае каков француски бакнеж но ете бидна. После тоа немаше баш многу лапање но тогаш ете убаво ми било. За два дена се испокаравме, значи јас бев незнам каква сакав да биде совршен а пошто многу не ги поднесувам момчињата и за два дена летна. Но јас го сакав, ете дете што разбира и ајде по цел ден за него зборев и се тоа се влечевме уште 3 месеци некако(како излегувал на крај со мене ни јас незнам ) У последен момент кога требаше да се видиме ќе му пишам смс дека неможам цц...И потоа прекинавме секаков контакт не го имав видено долго време дечкото нешто изгледа се испокаравме и сега еве после 2 год. си пишуваме на фб незнам дали си има тој женска но во добар контакт сме. Но тогаш летав во облачиња...
првиот бакнеж ми се има случено во 7мо на Нова година и беше со дечкото што го сакам пренајмногу и ми беше многу убаво ..
Иначе, на темата, со класот бевме на викенд во Пелистер, како што не носеа порано од училиште. Бев 6 за 7 одделение. Игравме ШИШЕ со класот. Јас вртење шишето, право кај симпатијата. И бидна шо бидна. Не беше нешто посебно, ама ко за прв пат, добро.
Во седмо одд си се договоривме да се чекаме позади зграда и без да си прозбориме нешто..он отвара уста..јас отварам уста..и во глава само си ја замислував сликата сто ми прави сега јазикот внатре симпатично беше
Prviot baknez mi bese na 13 godini .. Izbegav taa vecer od doma pojdov na gradinkata i se sluci toa Potenciram OCITE MI BEA OTVORENI
Ах првиот бакнеж ...мојата прва љубов,милам дека никогаш нема го заборав него и тој прв бакнеж. Имав 15 год. и бев на одмор со родителите.Кога го видов си реков лелееееее ама е висок Од првинта не ми се допаѓаше , бидејќи некако ми изгледаше дека многу се фали Потоа излеговме заедно(братучедите и тој) . Се муабетевме не многу бидејќи не се разбиравме многу , заедничкиот јазик ни беше англискиот се дур не го пронајдовме оној вистинскиот јазик со кој подобро се разбиравме. Беше вечер и мене ми се приспа ,ми кажа јас ќе те испратам до дома(кај шо бевме сместени). Ме испрати и ме заврте кон и ме гушна Целата се стопив. Потоа ми ја подигна главата , нежно и ми кажа : Ај лав ју , рили ај лув ју.Јас пропаднав ,се изгубив ,се стресов,пеперутки ма уште што немав во мешето. Му реков страв ми е , нејкам само вака да остане, само на летна авантура. Ми кажа не, не ќе видеш јас и ти еден ден ќе бидеме маж и жена . ИИИИ некако се бакнавме ...ајјјјјј колку чудно ми бешеееее но и убаво...Мило ми е што се случи со него , бидејќи го сакав искрено онака како детенце и продолживме да се слушаме уште 8месеци ама потоа стивнаа смс,повици... Другото лето пак отидов во Турција и го видов ,ама тој си фатил женска...и јас се разочарав ама тоа е што е . Битно секогаш ќе го памтам !
Аххх,тој прв бакнеж... Па добро го паметам бидејки се случи пред точно една година,минатиот Септември кога започнав седмо.Дотогаш се немав смувано со никој,а и од моите другарки скоро никоја се немаше ама повеќето од генерацијата тогаш почнуваа со такви работи Првата недела кога почнавме на училиште еден другар од класот што ми е поблизок ми кажа дека едно дете од осмо ме сака и сака да се смуваме.И мене ми се допаѓаше детето многу а и многу имав желба да пробам како е,па се согласив.Другарми му кажа нему дека сакам и ни договори средба-наредниот ден после часовите мои во паркот што е во близина И така направивме,се сретнавме тогаш и седнавме на клупа во паркот.Беше стемнето веќе иако беше 8 часот.И така најпрво си рековме здраво,се бакнавме во образ и седнавме на клупа.Прво нешто зборавме за излегувања,каде најчесто на кафе излегуваме и сл.После тој почна да ме бакнува и такаа можда 10тина минути.Се се случи спонтано,пред тоа немав никакво искуство но ми беше прекрасно.Потоа се гушнавме и ме испрати до училиште кај што ме чекаа другарките да им кажам како беше