ehh me vrati na 7 juni 2013 godina, samo so zavrsi skoloto Pa bese onaka samo kiss na usta, a naredniot den koga se vidovme jas begav, toj me terase ''da se obideme, nema sto da izgubime'' a jas kao se sramev i samo mu velam ''ajde ti lapaj jas ke stojam'' otkacena 100% i posle bev u vrska so nego 8 i pol meseci i imav postrasni baknezi ama sega ne sme zaedno bevme generacija a i deteto dodeka da me bakne se iznamaci. kolku samo mu begav
леле и јас сум немала се уште прв бакнеж, а имам 16 ипол се чудам како до сега да не си фатам дечко сите мои другарки имале а јас, сум имала додворувачи повеке и некои кои сакале да се фанат но јас не ги сакав не ми се свиѓаа и така сега пред некое време се запознав со еден дечко во кафич ме свиѓаше и толку само на школо се гледаме јас втора год а он е 4 и моја другара ќе застане некоаш со неговиот другар прај муабет а јас како да бегам од него а ми се свиѓа и мене и сеа незнам како да напрвам прв чекор да знае и тој дека сакам да се запознајме поубаво да испадниме негде на кафе преку негов другар шо се знае со моја другарка само незнам да ли е касно помина многу време од тогаш помош феминки кажете што да правам.
Се случи кога имав 15 години, во парк. Беше совршено, баш како што си замислував, со личност со која се бендисувавме некое време веќе, поздравчиња по овој, по оној, личност што ја засакав мнооогу! И нему му беше прв. Идевме 10 месеци, иако врската заврши малку незгодно, му благодарам за сеќавањето на првиот бакнеж
Мојот прв бакнеш в уста беше онака детски хахаха на 9 години кога мојата симпатија на кого и јас му бев ме бакна и ми посака среќен роденден и ми го даде подарокот, кога ќе се сетам, деца...А оној реален бакнеж... сеуште го немам доживеано иако за 2 месеци ќе имам 15 години, ќе си дојде сам по себе, не мислам на тоа за да дојде побрзо од што очекувам
Се сеќавам како вчера да беше, имав 13. НА роденден кај една другарка пред две години , совршено беше , можда затоа што го сакав многу. После тоа бевме во врска, па раскинавме. Секогаш ми е било важно со кого ќе е првиот пат и затоа не се каам зашто стварно го сакав. Дури и сега кога ќе го видам на улица, се препотувам цела. Можда и уште го сакам али што е тоа е , првиот не се заборава. После него бев и со други али не излегува од глава, можеби е навика а можеби и го свиѓам. Еве баш денес го видов во парк, дојде се поздрави и ко за инат седна на клупата од карши .. уффф само немој пак да се заљубам..
Хахаха леле теле сум била , 13 годинки јули , 8ми , 12 часот ноќе и јас и тој. Немам баш убави спомени од него , иако бевме во врска 1ипол година
На 12 години ме бакна едно дете ама неочекувано набрзина на пола уста , после тоа вечерта како температура да имав. А прв бакнеж со моја дозвола беше на 13 години
Значи повеќето од вас го имале првиот бакнеж кога биле некаде на моја возраст? Невозможно. Јас се уште не сум го имала првиот бакнеж, а и не мислам дека ќе го имам во блиска иднина. Прва причина: мене ми е срам кога некое момче ми е симпатија, а не пак...брр. Втора причина: мајка ми е вистински диктатор. Ќе ме стави на гилотина. Сега за сега, само блентаво ќе зјапам во момчињата и ќе ја вртам главата кога ќе бидам приметена. А и...нели е некако рано на таа возраст?
Уфф во прва година средно беше имав 14 години и после ништо повеќе немаше со тој иако бев заљубена во него и после тоа долго време
Ех кога ќе се сетам на првиот бакнеж... одма ме опсипува некаква радост! А уште поголема радост е тоа што сеуште сум со човекот од кој го добив првиот бакнеж! И се надевам дека за неколку години ке ми стане и сопруг! Неверојатно чуство беше, леле само кога ќе се сетам колку трема имав, детиште Преубаво чуство е, тоа е возбуда која се доживува само во тој момент и затоа останува како вреден спомен!
А има ли вистинска возраст? Не се оптеретувај, кога ќе си дојде ќе си дојде. А мама може и да не дознае за првиот бакнеж
^ Можеби не постои вистинска возраст за првиот бакнеж,но постои вистински човек за тоа Инаку мене првиот бакнеж ми беше на 15 и пол години,со дечкото кој што најмногу го сакам. Не беше лигаво онака ми беше прекрасно,во моментот кога ме бакна почуствував како да летам во воздухот Деца.
Здраво феминки! Нова сум на форумов. Мојот прв бакнеж беше денес не беше во уста туку во образ. Се случи со дечкото кој најмногу го сакам Дека денес крај на учебната година и у школо прославувавме . И он и рекол на една моја другарка ај викни ја да слезе долу у ходник да се сретниме и другаркава иди и ми вика еј овој сака да се сретните долу, а јас цела ваква И ајде сеа он ме чека долу и јас слегувам и ми вика ме сакаш... И јас му викам па ти кажав на фејзбук (јас на фб му реков паа да) и он ми вика ама сакам сеа у живо да ми кажиш... И јас вртам тема и му викам ај ќе идам горе има наставници ќе ме видат! И он ме гушна . Јас се тргам а он не ме пушта . И ми вика ај дојди у клозети, нема да дојди никој (пошо другаркиве мој стоеа на скалите и чуваја стража ) И одам, а он од позади ме гушка И ми вика а за бакнежот (дека он на фб ми рече да се бакнеме) и јас се правам како ништо да незнам... И му викам кој бакнеж? И вика ее ај сеа знаеш, ај бакни ме денес ни е последен ден на школо, нема повеќе да се гледаме.. И он како шо беше завртен со лицето јас го бакнав у образ. И вика ај сеа гушни ме.. И јас ааа нее доста беше и си заминав. П.С Инаку се знаеме 8 години, учиме у ист клас (иако он е 8мо одд, а јас 7мо .. Сепак учиме заедно, бидејќи помалку деца сме, и 2 паралелки у иста училница). Он кутриот ме сакал од 4то одд. и никако да ми кажи
Одамна беше, но се сеќавам на него исто како да се случил вчера. Беше на 15.5 години и за Нова Година. Кога ме бакна се збунив, засрамив и се тргнав Детска радост. Но, дечкото виде што е работата, знаеше што е макта. Беше постар од мене 4 години и имаше разбирање Малку подоцна се беше ок и розово и слатко... ми пукна срамот
Сите сте на возраст од 11-15ипол години кога сте имале прв бакнеж, а јас имам 15ипол и сеуште го немам првиот бакнеж, малце ми е чудно, само јас ли сум на толкава возраст а да нема прв бакнеж?
Јас мислам дека нема тука ништо срамно, ниту чудно.. нека не ти е гајле другите што ти зборат, и да ти се чудат, најубаво е ти кога си сакаш, нека не те интересираат другите мислења. Така да, кога ти си сакаш тогаш е најубаво, кога мислиш декаа тој е тој со кого сакаш да го имаш првиот бакнеж, тогаш е моментот.
Се сеќавам на тој ден Пред да го имам првиот бакнеж многу оддалеку се бранев на таа тема. Него го запознав на школо, се зближивме итн. и сега тој сакаше да ме бакне, а јас како утка тргав глава. Де лево, де десно Потоа беше 25ти Октомври имав 14 и пол години, се најдовме и отидовме сами, се потпревме на едно ѕитче и си тепавме муабет. Ладничко беше и знам, имаше ѕвезди, со некое залутано облаче. Потоа премногу ми се доближи и оп - ме бакна... Очекував Ајфеловата кула да се издигне зад мене Ми рече дека не му се верува дека конечно сум дозволила да ме бакне