Првиот бакнеж на 14 години. Цркнав дур не се сретнавме со детето, мислев срцето дека ќе ми излета, од срам, од страв, од возбуда, од што не... И се сретнавме што се сретнавме, ми прави нормален муабет да ме опушти, знаеше дека се немам мувано, а јас само на тоа мислев. Ми се повраќаше, си велев не требаше да дојдам, сакав да си одам дома, место не ме држеше, пукнав. Стоев 100000 метри подалеку од него, тој ми вика дојди, јас не. И појдов некако до него, ме фати за половината и го гледам таква целата и ми се смешкаше и се случи.. Памтам дека во моментот во мене си помислив дека било исто како на филмовите.
01.04.2014-денот ми беше најубав ми се случи после школо, втора смена, во парк. Пред да се бациме двајцата седнавме на клупа и околу десет минути седевме така без да збориме. И после ме бакна. Не бевме во врска. А колку сакам да сме заедно сега.
Велат жените се со понапредни сфаќања од мажите.И тие прават работи кои оние од спротивниот пол ќе ги направат покасно.Епа кај нас во класот е поразлично од 13 момчиња само 4 се немаат смувано.А од 11 чупиња се имаат само 4. Нешто не е во ред со нас женските или се е таман?
Мене првиот бакнеж ми беше на 17. И беше совршено. Нити ми беше гадно нити ништо. Тој беше поискусен лапач ( ), јас само го следев ама добро испадна.
Kога ќе ми текне само само што почнав средно, прва година а и он исто. Jас мислам дека од памет бев извадена, пошо со никој не сум била, а он нели демек искусен поминавме дури цел саат заедно, и толку беше од ''љубовта'' си кажа дека нејќел ништо озбилно, си патев недела дена и ми помина
Kога ќе ми текне ми е смешно сега, хахах толку ми беше гадно,што мислам цела вечер ми беше лошо..абее детее сум била неискусна
Jaс искрено не се сеќавам каде ми се случи првиот бакнеж и каков беше, ама се сеќавам со кој и кога. Беше со постар брат на мојата другарка кога бев 6то одделение.Некако се бев затрескала во него и тој забележа и ми пријде, постар беше, а јас детуле зошто да не си направи ќеф Одевме некои 3 месеци и ми беше прв дечко.Сега некогаш кога ќе ми текне ме фаќа малку срам зошто уште сме другарки со сестра му, тој е женет и колега на дечко ми, не дека ми е срам од што ми бил дечко туку од што сум била мала и загубена и веројатно тој се срамел од мене тогаш.Нема веза.
На 16 год. беше и тоа со тој шо одев тогаш, се сеќавам бевме кај него у кола и така изненадно на семафори се случи... јас дека многу зборам само дрндам па мораше да ме заќути некако и го разбирам да ви кажам не му беше лесно ич хаха и така бидна ништо страшно а нит сум се спремала, нит па некат сум се мислела шо ли како е така да сите вие шо не ви се случил уште првиот бакнеж не се мислете многу што, како пред време не се оптоварувајте туку уживајте, а првиот бакнеж сам ќе си дојде у свое време !!!
На 16 год. беше и тоа со тој шо одев тогаш, се сеќавам бевме кај него у кола и така изненадно на семафори се случи... јас дека многу зборам само дрндам па мораше да ме заќути некако и го разбирам да ви кажам не му беше лесно ич хаха и така бидна ништо страшно а нит сум се спремала, нит па некат сум се мислела шо ли како е така да сите вие шо не ви се случил уште првиот бакнеж не се мислете многу што, како пред време не се оптоварувајте туку уживајте, а првиот бакнеж сам ќе си дојде у свое време !!!
Пρвиот баκнеж на 1.3.2014 хаха отидовме се сρетнавме не знаеше деκа ми е пρв пат. И ми беше сρам и само он збоρеше ја онаκа помалκу и седнавме на една κлупа. За да ме гушне се пρозеваше па после ја стаи ρаκата позади κлупата и после ме гушна Ми се доближи еднаш ја наведнав главата и после уште еднаш се доближи и се слу4и. Толκу ми беше гадно бљаκ ама после станува ноρмално.
Истото ми се случи и мене - сосема истото... Но сега си пишувам со друг дечко и заедно се шетаме и се па кога ќе се мувавме тоа ќе си го сметам за прв бакнеж.
Бев 12. Бев заљубена до уши ..у комшија цели 11 месеци и 30 дена помал од мене . Го сакав бе така до 13ипол некаде и потоа се случи првиот бакнеж. Ах, маѓија, се сеќавам дека и двајцата имавме едни гуми за џвакање како ли се викаа, нешто беа како џунга лунга денеска. И така си се сакавме до 15 па тек тогаш ми дојде паметот.
ми се случи со еден што не ми се допаѓаше али ете и ја да видам како е и грозно беше затоа што му смрдеше здивот на вкусот кога дуваш балон...
Пак јас девојки кога се бакнувате устата кога ја затвората јазик не пуштате а кога ја отварате јазикот го бутнувате во устата на партнерот? дали двајцата треба истовремено јазиците да ги ставиме тој кај мене јас кај него?
Абе девојче,не ја мисли толку,само опуштено и нека те водат сетилата.Никој не може да ти каже кога да отвориш,кога да затвориш уста,дали на лево или на десно итн итн Само храбро,не е болка за умирање
Оф леле, девојче па ти ептен конкретна дефиниција бараш. Никој не се родил учен. Верувај дека тоа си доаѓа во моментот, од тебе само ќе си излезе, ќе знаеш сама што да правиш. Кога ќе ми текне колку јас се замарав за ова. Леле, дури сега гледам дека стареам. Еве ако толку сакаш и ако ти биде полесно. Совет од мене. Не брзај. Оди полека. Следи го прво него. Ако осетиш дека тој прв пушти јазик, пушти и ти ама малку, не до грло да му го бутнеш. Само полека и се' нека биде умерено. Нема точно по дефиниција бакнување. Нема убаво и неубаво. Нема знае или не знае. Има само различни начини. Е сега тебе можеби нема да ти се допаѓа како тој се бакнува зашто ете можеби не сте компактибилни. Со некој друг совршено ќе си се сложувате и ќе се наоѓате. Се' е индивидуално. Муабетот ми е дека не можеш да направиш ништо погрешно. Нема погрешно ништо во бакнувањето. Не му ја мисли толку де. Ништо страшно не е.