Не сакам да се само цитирам зошто таа вечер се изглупирав начосто .Дури сега сваќам дека детето ни го свиѓав ни го сакав.За џабе, од чиста љубопитност, од глупаво размислување на 12 годишно девојче кое не сакаше да остане покусо од другите.Еве сум сега 13 и да можам да го вратам времето детето никако неамше да го искористам така, ама ајде помина. Да ви кажам нешто девојчиња не се замарајте дека никој не ве сака или дека никогаш нема да се смувате.Еден ден ќе дојде некој кој ќе ве сака и ќе го сакате, тогаш ќе ви биде најубаво, а ако искористите некој како мене само ќе се чустувате глупаво Имам одбиено 3ца од почетоков на годинава, а можев со сите 3ца да бидам ама не сакав, немам потреба, сакам да биде со детето кое го свиѓам , а не со некој од кој знае каде дојден
Имав 16 години и на играта „нареџење-извршење“ ми се падна (или ми наместија, не знам до ден денешен) француски бакнеж со мојата долгогодишна љубов. Се тргнавме настрана и бакнежот требаше да трае додека другите бројат до 10. Мислам дека траеше малку подолго.... Никој не беше ни свесен дека тоа е мојот прв бакнеж. Ако е за волја на вистината подоцна го повторивме неколкупати и насамо ама на тоа остана...
Леле првиот пат лапање, почудно не ми било, во осмо оделение беше тоа на екскурзија кога бевме. Инаку сега сигурно во четврто прв пат пробуваат .
ПА фала богу...прв бакнеж на 18 год. Можеби срамота,ама биде.Па со него си пишавме 2-3 пати на фб.И намерно не пишувавме многу,за да имаме нешто разговор кога ќе се видиме.Дојде тој,кај што живее баба ми(во тој град) и така излегов јас со една другарла,тој со другар.И прво седнавме сите заедно,и кога тој ај да идеме вика на др место.викам ајде(а у едно училиште беше во дворот) и отидовме и ми вика ладно ти е? викам па да,и така ме гушна и незнам како ,ама почнавме да се бакнуваме.хаха не било ништо страшно (како што мислев) Или пак тешко.И така после уште неколку пати,и тоа беше тоа.Сепак убаво беше,и тој беше супер....како за мој прв бакнеж,дури се изненадив од самата себе.
Јас уште не сум го доживеала првиот бакнеж.. а незнам кој и да видам околу мене се бацува.. и мене кризи ме фаќаат а нејќам да брзам сакам бакнежот да е со некој што навистина го сакам а едвај чекам да се случи.. незнамм измешани ми се чувствата
Првиот бакнеж ми беше најинтересното и најсмешното искуство во животов. Имав 13 години, се случи во градинката кај што клемчевме ко луди, таму не само прв бакнеж, туку и прва голтка црвено вино, и прва цигара. Дечкото не ми се свиѓаше, али имаше зелени убави очи. Што знам.. сега да се врати времето, пак би го имала истиот прв бакнеж со истиот дечко. Кој знае сега кај е и што прави, нека ми е жив и здрав!
првиот бакнеж многу грозно ми беше,очекував нешто а не знам ни шо очекував а плус тоа не го бендисвав детето да не речам за атер беше (лошо звучи)...офф кога ке ми текне
Грозно , глупаво пукнав од срам .. Некогаш кога ќе се сетам да тоа ми доаѓа да се самоубијам хахахахха
Што се замарате со тоа дека имате 14-15 години а уште се немате смувано.. Или пак ккога ќе ги видам 12 годишнине со дечковци се лапаат ко будали по улицине.. Ама ајде нема врска.. Мене ми беше пред неколку месеци 15 ипол имам. Детето ми се свиѓаше, цел месец се токмевме И бидна што бидна, не беше ништо посебно, ни пеперутки нишо уште си се чудам.. Сакаше и врска дечково али јас зачудена само не знам му викав Не ми е нешто за паметење и не го рачунам за прв по мое
На 14 години .....16.11.2013 година Истата вечер го запознав и се смувавме т.е. он мене ме смува...Тогаш кога прв пат се погледнавме во очи имаше нешто во тој поглед...али некој да ми кажеше дека се ова ќе се случи немаше да му верувам.Имено тогаш остана само на едно мување...но страста не згазна па така се мувавме уште 4 пати после една година со по 3-4 месеци пауза.Тоа беше наша приказна ќе се видивме негде,некој на другиот ќе му пишеше на фб ,ќе се смувавме и ќе се скаравме и се тоа во рок од 5 дена и скарани сме додека повторно не се видевме .Но ,се случи некоја магија и на 5то мување не остана само на мување....Сега после 3 месеци сеуште сме во врска и врска каква што можам слободно да каѓам ретко кој има на овие години..едноставно се почитуваме и разбираме а секако и се раѓа љубов...па до каде ќе биде ќе видиме
Многу ми беше срам,и кога се сретнавме ја вртев главата 360° , гледав нагоре во месечината и ни самата не знаев што правам,лупав глупости ко ненормална,некои работи без врска,и од толку што ми беше срам едно време сакав да станам и да си одам,ама веке ме бакна и се деси,и немав кај да бегам
Па сеуште го немам искусено,ама сум љубопитна како ке биде.Јас имам 14 години и скоро немам некои големи допирни точки со машки,освен од одделение,искачам ретко со неколку другарки и мислам дека бакнежот нема да биде за брзо време хаха
Малку пред 16... убедена бев дека ќе знам што и како треба, ама кога се случи ме фати толкава паника затоа што сфатив дека уствари, врска сум немала! Не дека беше толку лошо, само што не беше баш така како што очекував.. ии... ми идеше во земја да пропаднам, ама дечкото ми е толку добар што не дозволи да се почуствувам непријатно, ме гушна, се смеевме, зборувавме и помина се После не можев да го дочекам наредниот бакнеж, наредната средба... Пеперутки, крокодили, диносауруси, што ли не почуствував! Абе убаво беше Уште јасно го памтам местото, денот, времето, сцената... ех, времиња...
Имав 14, далечната 1998 Имав и една многу напорна другарка која запна да ми мести дечко. И излеговме така на договорено, веќе наместени, само уште да се фатиме Прв пат во живот го гледав, бевме во диско, летната Хавана само тогаш малку помала, и кога требаше да се тргнам на страна да правиме муабет, ја плукнав мастиката. Другарка ми ми се изнасмеа, па како "искусна" ме советуваше дека нема да ми сметала кога ќе се бацуваме И бидна првиот бакнеж, залапување, сеедно...И си реков- толку страв за ништо, незнам што очекував, мислев дека е нешто ептен "wow". Арно ама низ годините сфатив дека не бил правиот дечко за да биде "wow"
Jas imam 18 I seuste go nemam doziveano prviot baknez Nekoi Vikaat Sramota nekoi mi vikaat ne se brzaj pred tebe e zivotot Se vo svoe vreme
Упорно го одложував, се плашев да не се избрукам, ама еднаш си реков подобро сега направи го и избрукај се ако треба отколку покасно. И така се случи на 18 години. Всушност и пред тоа се имав бакнувано, но многу порано и тоа со девојче, но тоа беше лапање без врска
Пред 6 години,23 април Глупости,бев затрескана во дечкото а он нејќеше да ме види. После некое време,започнав озбилна врска а овој не ни постоеше више,го заборавив,али не и тоа колку патев по него.