Кога ќе ми текне сега.. Многу лошо беше, да не кажам ужасно Искрено многу мала бев, сега кога подразмислувам, дефинитивно прерано ми било али ај друг памет сум имала тогаш. 12 години имав. Шесто одделение, тој беше тогаш осмо. И ај после часови се собравме цело друштво ( како и по обичај секој ден така си правевме) и седевме во школски двор. Јас немав појма дека тој сакал да се муваме, а сите останати знаеле и веќе испланирале да се случи тоа без да знам јас. Нешто како изненадување Јас искрено не сакав, кога видов што се договараа, и кога почнаа да не местат , почнав да бегам накај дома (блиску живеев) али џабе, не ме оставаа да си одам, се наместија сите околку мене ајде, ајде ко демек еден бакнеж само и толку. Саат време се натегавме , и ај конечно се случи ( незнам како се одлучив да се случи ). Сите радосни накај дома си отидовме , освен јас Толку ми беше гадно и никакво, и чудно нели како за прв пат, што кога дојдов дома, си ја миев устата и си реков дека никогаш веќе не се бацувам со никој
Се уште се сеќавам на првиот бакнеж. Беше со еден убав дечко, некаде после осмо одделение, значи 15 години. И бакнежот беше убав, ко за прв пат. Во влезот од неговата зграда, на скалите, во сред бел ден. Моја прва симпатија. И јас негова. Одевме во ист клас 8 години. Тогаш веќе не одевме бидејќи се спремавме за средно. Ама ми остана убав спомен
На Самоиловата тврдина во Охрид. Старка си бев за прв бакнеж, 3та средно завршив. Дечкото беше убав, романтичен...море и солзи прерони пустиот од многу љубов. Бакнежот падна, битно кучето што не не изеде, а јас силна матна во мене си викам колку добро го направив за прв пат у пм. И така ќефови, секоја вечер се шетавме по плажа бакнежи, бакнежи... Еми па не чекав јас за џабе, да се испраксирам треба. Абе кога се вратив од одмор отепана од романтики, не можам да раскажам се на другарките. Ми остана верен обожавател до пред 2 год. Море и брачни понуди паѓаа а дечко никогаш не ми бил. Не знам што се случува сега со него , ал уште ме љуби, ал не , битно јас сум си уште немажена.
хахаха се сетив на муабетот од една постара другарка кога ме советуваше за првиот бакнеж - “ исто како праска сочна да јадеш“ - хахахаах е така го замислував А кога се случи, прва помисла...абе праскава сува )))
Cudna Rabota Barem Mozebi Vo Denesno Vreme ali gledam deka ima mnogu slucaevi na luge koi nemale prv baknez do 18 godini , dobro sekoj covek svoja prikazna
Не баш најубај спомени детиште... излегов со типац што мислев е еден од фаците на училиште и одблиску ко ке видиш...нема што да се види ама по договор за мување хаха
Zdravo feminki. Najprvin izvinete za jazikot nemam makedonska poddrska. Ve molam za sovet...treba da izlezam so eden sto sakase drugarka mi da mi go mesti i sto jas go bendisuvam, no neznam kako odi baknuvanjeto, neznam da se baknuvam. Ako moze da me posovetuvate malku kako odi toa bidejki ne sakam da sfati deka ne znam da se baknuvam i da ne saka povekje da izleze so mene. Vi blagodaram odnapred
Ќе ти дојде природно верувај, доколку сакаш визуелно да видиш како одат работите прочепкај на нет или на Јутуб за некој туториал или слично. Само опуштено
Првиот бакнеж на 12ипол годинки дете богда чива али беше како на филмовине у ливт и по купаки бевме на осмор преку школо Али одпослем ми беше малку бљак
Хаха лелеее.. Како да беше во некој друг живот. Осмо одделение бев и со другарките бевме затрескани во едни детишта рапери демек хахаха какви беа ко ќе ми текни.... Ужас беше. И буквално се тресев ко лист од нервоза. Ми беше грозно и траеше 3 милисекунди. И после демек бевме „фатени“ еден викенд цел со раперов..
Леле Само што почнав прва година средно, 14 години имав за некој ден 15 мислам. Што ми е останато во сеќавање е дека имав ставено 5 кила сјај за уста и многу црно моливче околу очите. Тешко на детето. А за самиот бакнеж не памтам многу, знам беше лигаво малце повеќе и си имав филм направено во глава дека сум заљубена во него, а он ме одјеба. Си се смеам уште кога ќе ми текне.
Сега си го вратив филмот. Имав 12/13 години и се сеќавам само на името на дечкото и дека учеше во Песталоци. Првиот и вториот бакнеж ми се случија во релативно блиско време. Интересен ми беше првиот, па имаше друг дечко што ме свиѓаше и со него си се бацив. Шампионка. Како ли изгледа сега мојот прв љубеник и што ли му се дешава во животот?
Prv baknez? Bilo je to nekad davno kad sam bila klinka mala sala . pa deckoto ne go poznavav skoro pa ic i ostanavme samo na toj baknez iako imavme dvonedelna vrska haha imav okolu 14 godini togas .. Posle ovoj pravev godina ipol pauza od deckovci i muvanja , pa taka na 15 ipol vtoriot baknez odvraten i nasila zemen i nevozvraten mislam deka so mm si gi osetiv slavnite peperutki vo stomak .. Iako se pravev sakam-nekjam xD detishte be haha
Девојки Последниве денови размислував и ме мачат прашања околу првиот бакнеж.Не ме плаши помислата од што како треба да се прави туку подготовката пред тоа хахаха . Се чуствувам незгодно да прашам на поблиските па затоа тука,а можеби и ќе соберам храброст да ги прашам моите постари сестри. Она што ме загризува е 1. Свеж здив Како да го постигнам тоа во секое време од излегувањето. Инаку да напоменам мразам мастики, има ли некој друг како мене ?Знам чудно е,но не ми се допаѓаат. Има ли некој друг начин за да се одржува добар здив ... ? Што ако отидеме на јадење ? Неколку детални насоки околу ова добро ќе ми дојдат. Инаку не сум мала 19 години имам и моментално немам потенцијален партнер, сум имала пуштачи ,но некако бев фокусирана на други сегменти од животот, и не се чуствував доволно зрело и не сакав да биде ради реда.Има надеж за мене или нема...Поискусни очекувам одговор.
Првиот бакнеж ми беше со еден дечко на денот на матура! A после тоа, односно летово имаше и други машки за мување