девојки јас синоќа излегов со еден дечко..се допишуваме веќе две недели двапати имаме искочено . првиот пат не се смувавме но синоќа беше моментот..прв пат ми беше, изгледа се посрамотив тој не знае дека ми е прв а јас цело време си мислам какво мислење има за мене сега.. цел ден го нема на фб и глупо се чувствувам.. а друштвото му е за никаде сите дигнати.. како којзнае што да се ако им каже цело школо после ке знае.. ве молам за помош многу сум очајна позз
првиот бакнеж ми беше на 11-12 год не знам точно, ама очекваш да биди магично и после делуваш зар ова е тоо ааххахаха
хехе првиот бакнеж ми беше на 13 год. многу убаво се сеќавам на таа вечер...беше летен распустт се случи многу ненајдејноо се чувствував и убаво и чудно и малку грозно 3 во едно.. само кога ќе се сетам колку си бев безгризна и не ми беше гајле за ништо...го сакам назад тоа време!!!!
Мојот прв бакнеж беше на 15 год ии тоа со тој дечко идев 1 год мн си го сакав а и тој мене. Кога ќе се сетам ми врват морници беше толку убаво, не мислев на ништо ги затворив очите ии се препуштив на бакнежот. Првиот бакнеж ми беше најубав можеби затоашто беше со личноста што ја сакам. . И сеуште се сеќавам дури и што разговааравме таа вечер
Првиот бакнеж ми се случи на 15 години со дечко кој многу ми се свиѓаше , а он беше доста искусен, не верувам дека знаеше дека првпат се бакнувам, ми беше срам да му кажам, а он сигурно примети , ама ништо не ми рече. цела ноќ бев најсреќна на свет, како вчера да беше се сеќавам, едвај чекав пак да го видам. Одевме 4 месеци и ден денес сме добри другари
Уф многу одамна беше , но секако го паметам во 7 одд со мојот прв дечко И тоа ни беше прв и последен бакнеж -леле детска работа уште се смеам на тој прв бакнеж
Мене првиот бакнеж ми се случи за Нова година кога имав 15 скоро 16 години. Ми се допадна од сите машки што беа на забавата а сигурно и јас него му се допаднав.Ме викна надвор,поразговаравме и ме бакна. Незнам како се почувствував,не беше којзнае што, само знам дека го осетив неговиот јазик во мојата уста и ми беше на почетокот малку незгодно но потоа се опуштив.После 20 дена престанавме да комуницираме.
eeee имав 14 години, накај 15, не беше лошо искуство, ама многу беше смешно колку се измачивме и двајцата да дојде до тој прв бакнеж... ццц срамови ме фаќаат дури и денес
имав 14 години...седнавме на едни скали со намера да се фатиме (договорена работа ) во еден парк...и ме гушна и си прајме муабет неш онака,а ја само чекам коа ке ме залапа како ке се избрукам...и едно време го плукна саказот и си викам готово нема бегање и така бидна ....не знам дали ме примети тогаш во моментот ,па да ви казам не сум го ни прашала....многу ми беше убавко и цел живот ке си ја памтам таа вечер...иначе до ден денеска сме во врска и сега веке знае дека ми бил прв
Имав 15 години а дечкото беше моја генерација! Тој мене прв дечко а јас нему прва девојка! Ме сакаше многу...јас него баш и не! Ме бакна додека седевме на една клупа во парк, и мислам дека целиот бакнеж беше многу механички, очите воопшто не ги затворив, набљудував наоколу, и тој прв бакнеж го доживував како обврска што мораше да се случи! Да бида искрена со истиот тој дечко никогаш бакнежите не ми беа нешто посебно, некако се случуваа без емоции од моја страна и одбегнував да се бакнувам! Сепак тогаш бев сеуште дете!
Првиот бакнеж мене ми се случи на првиот самостоен одмор, на една клупа блиску до Силекс хотелот, пред охридското езеро Да ме убиеш не ми текнува како се викаше дечкото! Имав 14 години, и бев преплашена дека не знам да се бакнувам, бакнежот иако прв не го памтам убаво, ми се згрози малку, срека што сум имала во животот бакнежи вредни за паметенје до секој детал
ааааааа мојот прв бакнеж.. Се секавам како вчера да беше.. Двајцата бевме 7 одделение. Го сакав 2 години, а и тој мене.. Целото школо збореа дека сме најубав пар, заедно искачавме, друштвата ни се споија, многу добро стоевме..Една априлска вечер додека имаше полна месечина, отидовме на пруга.. ии прво и двајцата стоевме така како изгубени и он праша колку е саат и двајцата вадиме телефони ии мојот беше 1 минута напред и нешто се зезавмее, сакаше да ми го земе телефонот и се случи мала тепачка( се бутавме, јас го криев телефонот, он сакаше да го земе) и тој ме гушна и се бакнавмее а во тој момент помина возз (А) Не беше нај нај, ама ми беше посебно убаво и никогаш нема да го заборавам.. и цело време така на полу месеччини ни се паѓаат такви денови.. аааа.. Поминааа од тоа 2 години, уште се дружиме, во исто друѓтво сме, ии двајцата уште се сакаме, но неможеме да бидеме заедно.. се караме за глупости, хороскопските знаци ама ИЧЧ не ни одговараат.. ......
Јас бев 7мо, а тој 8мо одд. Знаев дека ме мерка одамна, ама тој мене не ми се допаѓаше многу, многу. Ама си реков ај, греота е детето После 3,4 месеци молење се согласив да се фатиме, ееее во тоа време немаше мување. И така јас имав ОТП, наставникот беше надвор и тој дојде ме викна и отидовме позади училиштето. Дур да се согласам на бакнеж маки си виде. Во моментот кога ме бакна видовме дека цело мое одд. не гледа, излегле сите од час. Тоа значеше и врска, која што траеше кратко време, бидејќки не ми се допаѓаше како се бакнува, а и грди фаци правеше.
Уф шо убава тема....Лето господово двеилјадито,јас важна дека ете фатив дечко ама и престрашена дека кога ке ме бакне ке се избрукам,зашто нели освен маслинката во филџан друго искуство претходно немав) Се секавам дека беше август,седнати на едни бетонски скалички и двајцата зјапаме еден во друг и кога конечно ме прегрна и привлече до него не си го секавав срцето))Тој бакнеж можеби не беше којзнае каков ама беше прв и незаборавен!!!
На 14 години, кога бев на полуматура со класот во Охрид. Бев многу нервозна ама едвај чекав да завршам со тоа и конечно да се бакнам. Значи се фативме, се бакнавме 3-4 пати, и наредниот ден раскинавме Значи тој ден го имав првиот бакнеж, го имав првиот "дечко" и првото раскинување, 3 во 1, кој е како мене!
Првиот бакнеж.. толку долго очекуван од сите. Сега сватив дека не е нешто посебно, посебното не се состои во бакнежот, се состои во личноста и чувствата. Првиот бакнеж ми беше точно на 12 години, 4 месеци и неколку дена. Толку добро се сеќавам. Беше на 30 јуни, на распустот меѓу 6то и 7мо. Знам дека избрзав, мене поише ми беше колку да пробам, да видам како е. Дечкото не го сакав, само ми се свиѓаше, а он ни тоа ни тоа. Кога првпат ме бакна, се почуствував дека тоа сум го правела цел живот, беше некако најобично и глупаво. Он беше далееку поискусен. Не ја доживеав потребната магија што оди после првиот бакнеж. Ме чекаше другарка ми, ме праша како беше, а ја цела излигавена и ко покиснато пиле, несвесно шо ми се дешава таква и викам грдоо, грдоо. А он малку подалеку од мене. Си отидовме, коа стигнав дома малку се опуштив и ми беше убаво кога се сеќавав на тоа. Тогаш не ни сватив што сум направила и со кој. После се смував со истиот и пак беше грозно али после пак се чувствував убаво. Одма ме праша да се фатиме, ја па одма да. И траеше 1 недела и толку. И онака он беше поголем од мене 3 години.. Ама затоа, после дури 9-10 месеци се смував со еден друг дечко, сеа па помал од мене една година, он беше сеуште детенце и него му беше првпат иако не признаваше Е тој пат го сметав како мојот прв пат. Иако и тогаш личноста беше забранета и погрешна и сеуште е, сепак го сакав многу и сеуште го сакам, а мислам и он ме сакаше. Сега сеуште го сакам, ама џабе поминало. Да се каам, нема зашто. Било и поминало. Каква е користа од каењето ? Џабе се каеш, треба да научиш од грешките и да не ги повториш пак. Ама, забранетото е најслатко.
Првиот бакнеж... Тој бакнеж не се заборава... Тој е посебен... Мојот беше многу роматичени и исто така беше со саканата личност... "Forever In My Memories With Him"
Никогаш нема да го заборавам ни бакнежот ни тоа чувство во стомакот се ми се преврти.... уфф бешЕ толку ..... посебен.... а и сега ми е нешто ептен скапоцено а и човекот ми е мнгу драг..пошто беше така ептен искрено и чисто... ма прво е како сакаш кажи... а и атмсферата местото...на бреговите на преста,во кајчето под толку убав небо под тлку мнгу ѕвезди со ВИСТИНСКИОТ...Бојле неможи..
Првиот бакнеж ми беше во 8мо одд... И беше мноооогу неочекувано и не беше со вистинското момче...Беше ок ама не беше ништо посебно...