Првиот бакнеж ми беше на 19 години. Прва година факултет, со 6 години постар момак. Излегов онака, без некои очекуванjа, чисто на кАфе. Испаднаа триста глупости. Сеуште го памтам иако поминаа 10 години. Тоj се ожени(6 години беше постар од мене тогаш), jас сеуште сингле
@Eva22 10 години поминаа од првиот бакнеж. Тоj си се ожени, jaс абер од маженje немам. Темата си е првиот бакнеж, а во мегувреме што се дешава, во друга тема @Summerlover
6ти мај, 2013, околу 18 часот. Ќе го паметам цел живот, затоа што од тогаш до ден денес сум заедно со дечкото. Инаку на почеток мислев дека имав лош прв бакнеж, но сега додека го гледам дечко ми сфаќам дека поубаво нешто ми се нема случено.
18.01.2017 Вчера вечерта бевме излезени јас,најдобриот другар и најдобрата другарка,седевме во еден кафич,другарка ми после еден саат си отиде да се најде со дечко и,и останавме само јас и другар ми ,седевме уште еден саат , си зборевме нешто,се смеевме и после излеговме од кафичот и ме праша каде сакаш да одиме и реков дека сакам да си одам дома и онака веќе беше касно и ладно,рече дека ќе ме испрати до автобуска за да не идам сама дека немаше мн луѓе во околината како што идевме ,ме гушна се свртив накај него и појма немам ни сама како бидна во секунда беше се случи и морам да признаам дека беше преубаво ко за прв пат, и дека он ми беше близок и по слободно се однесував , се гушкавме и јас морав да си одам.. после ќе разговараме да видиме што како али дефинитивно како другар не сакам да го изгубамникогаш не го заборавам ова
Првиот бакнеж ми беше со на една другарка комшијата. Си шетаме јас и другарката, и ѕвони телефонот и таа се јавува договара се нешто и на крај ми вика комшијата не викна, бил со неговиот другар (нејзиниот симпатија). И ајде отидовме кај нив муабет ова она, и ме викна тој комшијата нејзин настрана и се смувавме. Али тоа за тоа остана, само едно мување и ништо веќе.
Не, јас ќе го демантирам овој исказ.. јас сум ти жив доказ дека постои другарство после бакнеж. Ама никогаш не сме се привлекувале меѓусебно, онака се случи чисто од љубопитност, без никакви чувства и на тоа и си остана.
Ммхх, беше тоа една мајска приквечерина, кај Младински на кејот, езерото се брануваше нежно, ѕвездите трепереа, ние двајца шетавме без да изговориме ни збор, одевме еден до друг, па се доближивме рамо до рамо, прстите ни се испреплетија, се завртивме еден кон друг, се беше така филмски, романтично, долго очекувано, прв бакнеж на двајцата... Инаку,ми беше симпатија од прво одделение, верно го симпатизирав и дочекав макар прв бакнеж да ми биде во шесто одделение На толку останавме, деца бевме уште И ден денес кога ќе го сретнам ми се растреперува душава од убави сеќавања
@Згодно Момче а зошто неκој не може да биде дρугаρ со личноста со κоја го имал пρвиот баκнеж? Јас уште κомунициρам со таа личност. Не се гледаме често (заρади обвρсκи), ама κомуниκацијата ни е на солидно ниво. Имаме сосема κоρеκтен однос. Баш ми е мило што основал семејство. Κога и да ми затρеба нешто он е туκа за мене. Κога и да го видам се потсетувам на еден убав пеρиод од мојот живот.
Хмм па беше на 13 години,се сретнавме и дечкото многу се срамеше,а јас пак ко навиена зборував а тој само молчеше. Си се врткаше наваму натамуи подоцна ми кажа да се допрам на ѕидчето до него и јас така се доближив и тој ме бакна. Не се бакнувавме баш многу долго и не знам некако не ми беше нешто посебно ко за прв пат. И после тој бакнеж јас се тргнав му кажав дека морам да одам и од тогаш престанав да му пиѓувам и тоа беше се
Не најдов ваква тема а ако има слободно бришење.Баш би ми било мило да прочитам како ви поминал првиот/то бакнеж/мување и на колку години.Таман на временцево да станеме малце понежнички .
На 14 години, за мене прв бакнеж, но не и за него. Премногу нападно и да речам напалено од негова страна, неубаво искуство во секој случај. Требаше да го одложам првиот бакнеж за со некој што повеќе ќе ми се допадне, ама ете.