Прв бакнеж на 14 ипол год...и јас мислам дека требаше да го одложам...а и тоа да го сторам со личност што навистина ке ми се допадне...
Прв бакнеж-на 14.Сосема неочекувано и неспремно,ама се водев според него,преубаво чувство.Ех,луди млади години
Одамна беше, во прва година средно со мој соученик со кој си се допаднавме еден на друг. После тоа продолживме да се муваме уште еден период и толку, си останавме другарчиња до крај на средно.
Мојот прв бакнеж беше на 18 години, не искачав многу така да и немав многу партнери и ми налета еден пред школо и се бакнавме, потоа мислев дека сум вљубена во него цело време и ме остави и со текот на време сега кога го видам на Facebook си викам како сум можела овој да ми се свиѓа, сега никогаш во живот не би идела со таков.
Имам 15 год.(во декември 16) и се уште немам излегувано со момче. Дали е тоа лошо или добро? Кој е проблемот?
Бев осмо одделение и ме баци дечкото од 8-б,ненадејно,бевме собрани на Нова година. Толку не сум била спремна за такво нешто,што отидов скришно во тоалет устата да си ја мијам Доолго после тоа ме зае*аваа другарките.
Јас имав 8 години и памтам дека од постарите генерации во школо имаше 2-3 девојки што стално ме гњавеа низ ходници. Као ме штипеа за образи и ми ја разбушавуваа косата. Некад ми викаа дали сакам да ми купат нешто и стално им барав чипс (Доритос од малите зелени пакувања) и така развивме рапорт. Плус они живееа на пола пат од кај мене до школо и некад ме испраќаа за накај дома или па ќе се сретневме за натаму при што одевме заедно. Едната од нив беше таква ко шмизла и ваљда доста дролјеста ко за тие години (вака коа ќе ми текне). И нема врска, еднаш во ходник си имаше дежурни ученици што требаше да ѕвонат за кога ќе заврши час/одмор и слично и се погоди таа 'шмизлата' да биде со уште некој (мислам дека беше 8мо она тогаш, али може да сум грешка) и знам му искоментира на тој со неа 'еј ама е слатко детово да беше постар ќе го лапав'. Следниот ден или така нешто се погоди да идам по топка во гаражата близу школото, таму знаеа да играат жмурка деца или во случај со овие другарките да се кријат за да пушат цигари. Кога ме видоа пак искоментираа нешто демек 'леле бе какво е' и ја нешто спомнав за коментарот на едната и реков дека сакам да ме баци за после да знам како е кога ќе треба со некоја... и се деси Така да технички тоа ќе да беше.
На 12 г.со едно поголемо момче така си се гледавме понекогаш од исто место бевме,тој мн ме сакаше,и беше најубавиот бакнеж,филмски,исто како што си замислував,феноменално,уште го паметам,пред 13 год.а кога ми текне како сега да беше.
Имам врска од 7 месеци и додека се бакнуваме пробува да ме допира по задникот по нозите нормално ли е тоа и дали дозволувате вие такво нешто
Искрено очекував дека ќе биде прекрасно, ама реално беше многу лошо. За време на бакнежот си мислев "Чекај дали ме бакнува?" Ама после другите бакнежи што го имавме беа магични и реално уживав во нив.
Lele ko ke mi tekni mi idi da puknam od sram ...bev vtora za treta sredno i okolu 16-17 god imav i se zapoznav so eden (neznam so vidov nesto ubavo vo nego ama izlegov )i znaese deka jas do togas go nemam doziveano prviot baknez i sea da se vidime i si zboruvame i sednavme na edna klupa i sea zaprimetuvam se doblizuva ama aj batali toa i se po nekoe vreme se tokmi da me baci i oddalecen od rilkava moja nekoj santim i jas panicen napad dobiv i go fativ za ramenici i go turkam i mu vikam ne ne cekaj malku stoj.....abe ko nenormalna nebare nevinost mi zema....i na kraj bidna ama stoev ko mrtva riba...nikakvo dvizenje od moja strana nemase...abe bruki...cel zivot ke si go pamtam prviot baknez
Пред 2години неколку пати искочив со дечкото,многу ми беше симпатичен,а и јас му се свиѓав и така бидна.Ама од тогаш немаме контакт,а знам дека уште му се свиѓам.Па сакам барем на здраво да сме