1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прв бакнеж

Дискусија во 'Сингл' започната од Princess15, 27 март 2010.

  1. Dark artist

    Dark artist Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    На неполни 17 год. пред три год. и не беше планирано воопшто, онака рандом се деси со еден дечко кој не го познавав доволно добро.
    Бевме излезени со братучетка ми и се беше во ред се додека не се појави он со другар му. Ни се залепија као пијавици откачување амин. (facepalm) И добро се шетавме едно 20 мин. ние четворица коа едно време братучетка ми и другар му останаа зад нас пет-шест метри и овој ми вика ај да ги оставиме сами, ко демек да не им сметаме дојди ваму. Поодевме две три минути онака со безвезе муабет колку да се пополни тишината. Подзастана и ми рече чекај да не се оддалечиме од нив мн. дојди ваму. Не сакав да се доближам па затоа тој ми пријде. :wasntme: Прво ме фати за половината и полека ме повлече кон него, а јас бев црвена ко патлиџан:P, среќа беше темница. Потоа се смувавме, искрено во тој момент не знаев шо правам и се оттргнав. :$ :lol: Тој ја стави неговата рака на мојот тил и повторно се смувавме, само го следев. Се чувствував како да ќе ми излеташе срцето од градите :l:, бев премногу возбудена. Единствено ми беше криво што тоа го направив со некој што не ми се свиѓаше по карактер. Али ко за прв пат беше добро, лигаво, чудно и мн. возбудливо.
     
    На LittlePinky, Srcka $, Arthur и 3 други им се допаѓа ова.
  2. donkey

    donkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Имав 14 год, скоро 15. Беше многу лошо, ваљда и на него му беше прв пат. Се сеќавам беше многу ладно датата мислам дека беше 15 јануари смрзнав, а и бев болна. Дечкото беше многу убав, колку беше убав толку беше и лигав. После некое време се скаравме и повеќе не се видовме. Не се каам што го направив тоа и баш сакам да знам дали се сменил до сега.:^)
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    На 16. Бевме со другарки во парк и пиевме. Дојдоа неколку машки и се упознавме и решивме да идеме у диско. Се сеќавам дека бев многу пијана и типот почна да ме бацува, ја бев као ок што има везе, а не ми се ни свиѓаше. Буквално цела вечер не се одвоивме.
     
    На LittlePinky и Arthur им се допаѓа ова.
  4. rustiko

    rustiko Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    125
    Slicna prikazna kako mojata samo namesto braceda bese drugarka haha
     
    На Dark artist и Arthur им се допаѓа ова.
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Пред многу години, еден мај на бетон, покрај зелена трева.

    Памтам дека ми се повраќаше од операцијата на моите непостоечки крајници со неговиот машина јазик. Толку беше сјебано што потоа дома вршев детално хемиско перење на забите и усната шуплина..

    Среќа, вториот тип беше далеку поумешен во таа област па ми го поправи впечатокот. :D
     
    На s.w-e.e-t.y и Arthur им се допаѓа ова.
  6. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Па јас мислам дека бакнав за прв пат девојка на 12 години.
    Тој бакнеж беше мн чуден за мене, па и што сум разбирал на 12 години малечок ама девојката што ме бакна исто имаше 12 години и некако после првиот бакнеж се погледнавме во очи и погледите беа како:
    WTF чекај чекај што беше ова, и пак бакнеж, и пак муабет а што сака сега што пак се бакнавме ами што ако налета некој, и после пак бакнеж, и пак повторно и зошто сега пак ме бакнува што е работата со сето ова.
    Ама тоа беа само најобични бакнежи без јазик онака уста на уста.
    Ама таа прва почна и до ден денеска не можам да си разјаснам како се случи сето тоа ?
    Што ја натера на тоа ?
    Како и да е тоа искуство беше првото со бакнување, јас сеуште си живеам со нејзе.

    Убаво ускуство е тоа.
    :sun::sun::sun::sun::sun::sun::sun::sun::sun::sun:
     
    На crazylady, Srcka $ и Arthur им се допаѓа ова.
  7. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    5.166
    Пол:
    Женски
    Прв бакнеж и прва љубов ми беше. Долга врска после тоа.
    Убаво ми е кога ќе се присетам сега. Мило ми е што се уште ми е дел од животот иако само како пријател. :angel:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    Јас си мислев за да бакнеж некого треба да сте у врска (facepalm) :rofl:
    На 15 години ми беше првиот бакнеж. Абе пропаднав од срам дур бидна. хахахах Али фино беше:$:$
     
    На LittleGirl626 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LittleGirl626

    LittleGirl626 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    На 14 или 15 години ми беше првиот бакнеж.
    Јас срамежлива тој срамежлив, на мене тој прв јас на него прва.. Си седев на клупата така здрвена, тој до мене..Ми рече ај затвори ги очите, ги затворив и тој ме бакна..
    И после ми рече ама не ми замерувај јас незнам да се бакнувам.
    . Хаха во себе си велев - а јас божем знам..
    И му реков ќе си се научимее.
     
    На crazylady, IvanaJenner и marija1907 им се допаѓа ова.
  10. Flamingo

    Flamingo Нов член

    Се зачлени на:
    27 септември 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Оваа година, на 14 години... 5 март :rofl:
    Детето е една година помало од мене, се знаеме од порано, живееме во исто маало. Претходно го имам бакнано во образ, се сакавме некое време, но кога се деси бакнежот бевме само другари, ме повика демек нешто да зборуваме, знаев јас што ќе се деси, и бидна што бидна, јас неискусна, тој искусен... живи смешки, башка братучедка му ми беше најдобра другарка и кажал дека не знам да се бакнувам, не знаев да плачам ли да се смеам ли, живи срамови :$ Уште си се дружиме и кога ќе си спомнеме, дискутираме како било. :lol:
    Прв ми беше и единствен остана за сега. :D
     
    На Icecreeam, Srcka $ и IvaSand им се допаѓа ова.
  11. Pamela Daisy

    Pamela Daisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Прв бакнеж и прва љубов и на мене ми беше, дури помалце филмски.Имав 18 год. и он ми беше другар, знам дека сакаше друга девојка, а јас будала него го сакав.Бевме кај него дома, неговите на кратко излегоа, па имавме малце време да бидеме сами.И тогаш како на филм почнавме да се тепаме со перници, да се бркаме , кој кого ќе го фати ...и ме зграпчи , ме приклешти и ми рече :НЕМА КАДЕ ДА БЕГАШ СЕГА.Се насмеа , се гледавме некое време и тогаш ме бакна.Знаев точно што треба да правам, бидејќи претходно имав сонувано како се бакнувам , така што ова ми дојде многу нормално и приридно. Сега е женет човекот, има две деца, но мене секогаш ќе ми остане мојата прва љубов.
     
    На LittlePinky и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Mrs.Styels

    Mrs.Styels Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    7.554
    Прв бакнеж..(facepalm)
    Бевме на роденден кај еден другар и така сплет на околности се случи со личност за која немав никакви симпатии, а за него со сигурност тврдам дека е исто така.
    Уште усните не ни се имаа допрено ме касна на долната усна и :P јазикк, јазииккк...влажно..|(

    Јас не сум пушач и ретко пијам алкохол, а тој начукан и препушен цигари..баш комбинација да не помислам уште еднаш во образ да го бацам, а не нешто друго.
    Се' на се' ко за прв пат ајде пролазно :D
     
    На crazylady, BoyL и ELIDavor им се допаѓа ова.
  13. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.978
    Пол:
    Женски
    хм....
    Седевме во парк и он ме изнервира нешто и ме прашува: Сакаш да ме удриш сега? и јас одговорив Не, и он ме праша А сакаш да ме бакнеш? И така бидна.. :)
    Убаво сеќавање како и да е :)
     
    На Gosh, cresa-jagoda и ELIDavor им се допаѓа ова.
  14. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Значи, ако си од Скопје, и ако не си се мувал за прв пат у Парк, по прецизно на Мече, тогаш дали уствари и ти се десил прв бакнеж ?:drunk:
    :D

    Бев втора, Мај негде. Требаше да идам на роденден кај другарка, али ме мрзеше, абе од петни жили не ми се идеше. Али ај, онака ко намќор у фацата отидов, и седевме друштво на Мече неколку души. Седна еден до мене, не ми текнува као се викаше, Никола нешо ( ми текнува надимак и од кај е, али не кажувам ), имаше 18 години ( да се десеше сеа ова, одма педофил ќе го стореа ), и коа седна до мене, коа се размуабетивме , па за животот, па за филмови, серии, Легијата, Пистолеро оно - ово, и ме залапа онака изненадно, ни ка крај памет не ми текна...И така едно 5 минути, устата ме заболе...
    Се видовме после тоа уште два - три пати, али јас бев као не фала.

    И од тогаш, увек иам трема при прв бакнеж, оти знам што ме чека... И затоа ми е мило шо се деси така спонтано, а не да се нервирам таму на млади години...:rofl:
     
    На Sesil, Waka-waka, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    На концерт од омилената рок група. Згоден дечко, добар во френч, се на се многу позитивно искуство. :D
     
  16. IvanaJenner

    IvanaJenner Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2017
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Првиот бакнеж на 14 години со другар кај едни стари, запустени фабрики. (facepalm) Бламови.
     
  17. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Мојот прв бакнеж беше со дечко 9 години постар од мене, од друг град xD Јас 17 тој 26. Ни името не му го знаев, пишевме на Whisper(анонимна апликација), ми прати слика, убав беше, плави очи, виткана косичка, лепотан xD Му пратив и јас и решивме да се сретнеме. Тој дојде во Охрид и отидовме на плажата Немо и таму бидна. Знаеше да се бакнува и убаво си поминав, иако не го сакав. Не дека сум немала прилика претходно, туку јас се срамев зошто не сакав никој да знае дека се немам измувано, а имав 17 и затоа решив тоа да е со некој што не ми е важен.
     
  18. Srcka $

    Srcka $ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2017
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    5.438
    Пол:
    Женски
    Не знам како ќе реагирате ама на 11 год го имав првиот бакнеж уста на уста и беше смотано само да кажам лигавење и не ми се бендиса хаахха а после она лапање да кажам на 14 и ми вика дој да те бакнам а мене ми смешно ама добро беше
     
  19. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Мене првиот бакнеж ми беше на 15 години беше ужасно:puke:,значи се знаевме поодамна и он ми рече дојди тука на другава улица позади гаража да те прашам нешто(facepalm) хаахха и отидов ме праша дали сакам да се муваме јас ништо не му одговорив затоа што ми беше срам и он ме баци или подобро да кажам ме излигави и за враќање накај дома додека трчав да и кажам на најдобрата другарка што се случило ме удри кола која правеше 8ци не беше ништо страшно затоа што колата вртеше брзо но сепак оваа случка ќе ја паметам засекогаш хахаа сега веќе типот е женет и има и ќеркичка секогаш кога ќе ги видам ми паѓа многу непријатно. хаха :D:D
     
    На angelche16, Инннана, niaholly и 2 други им се допаѓа ова.
  20. satsey2525

    satsey2525 Нов член

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Еее јас од неодамна беше и мојот прв бакнеж..ммм:inlove: сеа да раскажувам има многу, бидејќи беше од неодамна памтам се што се дешаваше значи јас ете сеа на 13 години ајде да видам како е небеше ни официјлно значи не се сакавме, викам ај да видам како е знаеш, те копка од внатре. И излегов јас со 2 другарки, он дојде со еден другар бидејќи беше од другото гратче а он е 4-5 години постар од мене а јас 8одд и излеговме што излеговме и моите другарки веднаш заминоа, незнам зашто и седеме јас, он и неговиот другар и он вика ај да се прошетаме и јас викам ајде, и отидовме што отидовме тој многу пати проба тој се доближи јас избегам му отворив 100тина теми и на крај ме прашува нели зошто нејкам, а јас викам поши незнам и он некако ме убеди ај ќе пробаме ќр те научам, и така се бакнавме неколку пати и беше многу пријатно:P тоа беше он беше искусен и тоа после си отидовме дома и заврши..:):)