Морам да ве прашам за мислење.. Досега се немам бакнато.. Имам 13 ипол иииии по неколку дена би требало да ми се случи првиот бакнеж со симпатијата.. Но, вака беше. Јас другарка ми и тој игравме Вистина предизвик и таа му даде предизвик да се лапаме (таа знае дека го сакам) ии сега треба да се сретниме деновиве и да се слапаме.. Многу ми е срам.. Мислам дека ке се посрамотам.. СОВЕТ??
Се случи лани на првата средба во живо, на 20 години. Тој мене прв јас него не пошто е поголем. Вечерта петок, викенд, излеговме со другарки да пиеме некаде настрана. Воопшто не очекував бидејќи уште само си пишувавме и не планирав да се видиме таа вечер. Тој си беше дома и рече не излегувал уморен бил од работа. Потоа му пратив слика од пивата и рече се убедил да излезе да се напие нешто некаде. Па една другарка ми рече пиши му да се видите и ајде. Тој одма прифати и дојде со колата понастрана од каде што бевме собрани. Зборувавме само некое време и ми рече дојди до мене поблиску и јас застанав, тој ми се доближа полека и почна да ме бакнува. Јас само следев и се надевав дека добро се бакнувам. Малку ми беше чудно. И тоа беше потоа се погушкавме уште малку и договоривме средба одма за следниот ден. Првиот бакнеж сепак е незаборавен. Прв бакнеж, прва врска со него и заедно сме скоро година ипол.
На 16 години за време на летен распуст во дворот од градинката хахха со една другарка бевме двете за двајца другари и така се раделивме ние кај едниот влез тие кај другиот,смеа. Кога да ни текне со другарка ми се смееме за таа вечер бидејќи беше касно 2-3 саат после полноќ а ние избегавме од дома никој да не не види....деца
На 15 години. И не ми беше воопшто лигаво и покрај то шо почнавме одма со јазик, само малку чудно. Бев само " wtf, ова е то фамозно мување ? " Не беше лошо, траеше цели две недели
Прв бакнеж ми беше пред две години, со сегашниот дечко. Тогаш веќе имавме излезено неколку пати ама тој ден сакав да му признаам дека сакам да сме заедно. Се договоривме да шетаме покрај кеј и му реков дека сакам да зборувам со него нешто. Излеговме, ми даде ружа, си шетавме и едно време седнавме на клупа, наоколу беше тивко. Молчевме, тој со раката ме припи до него, ми ја поткрена главата и ме бакна. Потоа пресреќна го гушнав и си разговаравме. Тој ден ми беше незаборавен
Eve i ja da se pofalim, pred nekolku dena mi se sluci prviot baknes na 19 god potocno. Do togas mislev deka najgolemiot problem vo mojot zivot e toa sto nemam so nikogo izlezeno. Likot bese pogolem od mene dosta devojcinja imase projdeno i koga mu kazav deka mi e prv mi se iznasmea vo lice i na site im raskaza i bev glavna tema na razgovor ..
Здр...Ќе бидам краткааа, само што се зачленив на фемина имам 16години, и ме мачи една тема... Има еден ме сака, генерација сме, али он е пола македонец пола турчин, и малку е црн..Па би се плашела од предрасуди од другите...Утре ме покани на нашиот прв дејт, и потполно сум несигурна незнам дали да одамм...Незнам дали го сакам, мил ми е и несакам да го повредаам..Помошш Незнам дали е вреден за прв дечкоо тоа е проблемоот...
Штом не си целосно сигурна во чувствата кон него, пробај некој период гледајте се и потоа ќе заклучиш дали сакаш да продолжиш понатаму кон нешто сериозно. За тоа што ќе кажат луѓето ич не е битно, најбитно е ти што сакаш.
Колку е тоа малку црн...има ли нешто црнечко во него?? Многу мешавина ти е типов бе душичко..мој совет ти е како за прв дечко, да си најдеш некој едноставен а не овој три во едно
За прв бакнеж најдобро е црно 3во1 @BrokenWings16 дај му шанса, зошто вака си полна со предрасуди заради изглед? Ај па и ти кој нема на сурат можда има во глава
Прв бакнеж на 13 години, 7мо одд. Многу си го сакав соученикот а и он мене, а бакнежот ни беше ко две центрифуги една у друга, не знаат шо праат, кај тераат и он на мене ми беше прв и јас на него абе комедии, ахх денови убави.. сеа дур се присеќам дур можам и бакнежот да го почувствувам но и чувството на среќа што ме обземаше секој пат кога ќе го видев него. па одма следеше дека веќе ти е дечко, па лапање по школските ходници, па држење за ракка...
Прв бакнеж на 14 години, ми беше најголемата симпатија и плус одевме во иста смена на училиште генерација бевме, се така го манијачев додека тој не ми пиша на фб, и пишевме некое време и ми кажа дека сум му била и јас симпатија, се договоривме да се видиме и нели се случи тој фамозен прв бакнеж ама луѓе јас не знаев дека сум му била и јас прва и тој се бакнуваше како маслинка да брка во устата кај мене, леле јас се разочарав скрос и само некако се тргав а тој упорно брка маслинки бре охх , и ајде се разделивме јас трк кај другарка ми да и раскажам ама да знаете два дена устата ми беше како некој да ми ја зацементирал. Одма почнав да не му враќам на пораки да го одбегавам срамота па и на сите кажав дека не знаел да се бакнува..
Имам 17 години и сеуште не се имам бацено со машкоо. (имам бацено женски другарки ама само блиц 7 се инаку) Некогаш многу ми е глупо заради тоа и стварно сакам да се деси во скоро време (нема да се деси), ама па некогаш сум као шо ми е се неам бацено? се неам! што има врска?? Многу пребирам и знам дека тоа е нешто што ме спречувало да се бацам со некој, ама па може и е добро од друга страна. Немам баш машки другари или другарки што имаат машки другари да ме запознаат со некој. Некогаш стварно сакам дечко.
Појма немам, не се сеќавам кога точно, веројатно околу 15 години сум имала. Само знам дека беше одвратно и едвај чекав да се заврши. Пола сат си ги миев забите дома и си ја испирав устата и се чудев како луѓево се лапаат нон стоп, реков тоа за мене е завршена работа. И ден денес, ретко да ми се погоди некој у тој дел, а најбитно ми е. Не умеат бе.
Што знам.. Ретко кој знае да погоди ' темпо ' и начин у зависност од расположение и ситуација. Ќе земе ќе те шмука како правосмукалка да е, ќе се лигави превише, ќе го пика јазикот до плуќа, да се знае кога нежно, кога страствено. А да, мразам лоши здивови и вкус на храна од уста. Gross sorry, ама морав да доловам. Повеќето ми биле вакви и на тоа останало. Пребирлива сум, ама среќа имам особа со која можам 24/7.
И јас еднаш се соочив со проблемов, да речам различен стил на бакнување на двата партнери, ама сепак лесно ми било да ги искалапирам според мое темпо и начин. Позитивно е што брзо се прилагоди. Иначе се согласувам, важно е многу и секако дека треба да уживаат двете страни.