Првиот бакнеж...најсмешен, најчуден, најинтересен. Ми бил на 17 години со мојата долгогодишна симпатија. И до ден денес кога ќе го видам во град имам некои позитивни не би рекла чувства ами емоции, налив. Тогаш седмо небо, па цела се тресев од возбуда, мисли, радости, не можев 3 дена да спијам Прв бакнеж
На 14 значи ужасно тој беше колку мене 14 год а пушеше цигари, и цела уста му мирисаше на цигари се пренесе мирисот и на мене уффф бњак
Иако беше пред многу години го паметам сè уште Јас отидов целата исплашена дека не знам како да се бакнувам и мислев дечкото ќе се разочара и ќе сфати дека ми е прв бакнеж.Кога дојде моментот се поткренав на прсти, затворив очи и бидна. Дечкото воопшто не забележа дека ми е прв бакнеж и имавме уште неколку дејтови после(значи не сум била многу лоша). Многу ми е мило што баш со тој дечко ми беше првиот бакнеж затоа што тој мене ми се допаѓаше, а јас него двојно повеќе.Ги паметам и вториот и третиот, ама секако на првиот ми текнува со насмевка онака детски наивно.
На 16 роденден. Можев и пред тоа, имав понуди, но бев заљубена во тој со кој имавме прв бакнеж и некако имав надеж дека сепак ќе биде со него, па сите ги одбивав. Бевме блиски другари, ми се допаѓаше уште од почеток на пријателството, но тој беше во врска со девојка од негово средно. И одеа подолго време. Раскинаа некој месец пред тоа и забележав дека и тој го смени погледот кон мене некако, забележував страст, но никако не признававме чувства. За роденден со заедничкото наше друштво ми направија изненадување. И додека го отварав неговиот поклон ме праша дали ми се допаднал, не знаел што ми било желба роденденска, што сум сакала за подарок. Му реков дека ми се допаѓа подарокот, но многу повеќе би ми се допаднало ако ми ја подари неговата љубов зошто тоа ми е роденденска желба, да не ме гледа повеќе како пријателка. Ме бакна и останатото е историја, бевме во врска и ние долго време. Прва љубов, прв бакнеж, прв секс, се ми беше со него. Убави спомени иако не сме заедно сега. Не се каам што го почекав за прв бакнеж него, се беше преубаво и филмски. Поубаво од што имав замислено.
На 15 години мислам. Не ми е ни ништо битно, не го паметам многу, 3 години беше постар дечкото од мене, само таа вечер излеговме и толку. Не беше нешто романтично.
Prviot baknez ne go pamtam. So posledniot decko prviot baknez bese wow. Toj se strese bukvalno. Preubavo, i nema da go zaboravam samo toj baknez. Se drugo padna vo voda. Sega sekogas koga vrvam na toa mesto - se sekavam na toj baknez. Mi fali budalata. Sekoj den sum na sekunda do toa da mu pisam pak. Ama koga ne e pisano toa e....sudbina
Не сум сигурна точно како беше, сум подазборавила Бев на одмор на езеро со моите и сестра ми кај пријатели во куќа. Па со нивното девојче се здруживме со деца што беа таму, исто од нашиот град. А јас се запознав со еден Виктор и незнам како паднал таков договор, ама на плажа приквечер беше 7,8 се бацивме дури еднаш После не се видовме пак, мислам си отидовме ние Немав никаков контакт со него. Знам само дека имаше сестра близначка, Викторија А имав иначе 13год, пред да почнам 8мо одд После сигурно некои 2г не бацив никој
Lele koga mi tekne deka bev vo dupki depresii zatoa sto mojot prv baknez go imav na 17 godini, mi doaga smesno, dobro mozebi stvarno bese kasno ama sto da se pravi
Ептен филмски. Бевме првпат на одмор сами другарки во Струга, ние 3 а они 4. Тој што ми се пушташе не ми се допаѓаше, туку тој што седеше во ќош повлечен. Среќа кажав на еден од неговите другари и дознав дека и јас сум му се допаѓала. И така групно се договоривме е утре ќе се муваме сите. Препотресена бев за бакнежот, беше слатко, ама со оглед на моето неискуство не знам на него колку му се допаднало. Поминаа 15 години од тогаш, а мене секогаш ќе ми остане мил, единствен бивши што го имам на социјални мрежи и иако немаме контакт, убави спомени ми носи кога ќе ми излезе некоја слика од него.