па првиот бакнеж беше прекрасен ... Неочекувано со момче со кое мн се дружев и сеуште се дружам ... Ме бакнаа неочекувано ... тој се имал мувано пред тоа мн пати ... и се зачуди коа му реков дека ми и прв бакнеж ... тоа се примети коа после бакнежот сум се тресела многуу =)) Си призна и он дека му било убавоо ... Денес коа се потсекам на тоааа сум среќна што имам НАЈУБАВ прв бакнеж ... Камо секој бакнеж да е како тој =)
Беше дождлива ноќ, 19 Февруари тој дојде да сме се виделе, ме покани да прошетаме.Се согласив. Седнавме на степениците пред еден дуќан, ме праша дали ми студи и гордо одговорив НЕ.Само дискретно се насмевна и ме праша дали сакам мастика.Се залетав и одговорив потврдно. Тогаш повторно се насмевна и ми рече дека имал само една, да сме ја делиле.Ја држеше со усните и ми рече: Гризи. Поцрвенев, се препотив се свртев и нашите усни се споија, сеште се сеќавам на чувството кога ги осетив неговите усни. Можам да кажам дека мојот прв бакнеж беше убав и со задоволство и ден денес се сеќавам на него, а тој сеуште ми е дечко веќе 10 месеци.
мојот прв бакнеж беше на снег таман тогаш заврна кога сакавме да се бакнеме(како на филм) бакнежот беше страсен..и јас како форготен поцрвенев и се препотив
леле кога ке се сетам на првиот бакнеж.... не знаев што да правам многу се плашев мислев дека ке направам нешто грешно,дека е нешто најсташно на цел свет.... иначе првиот бакнеж ми се случи со мојот дечко со кој одам скоро 4 години( значи прв дечко ми беше и многу ми е убаво заради тоа) но 3 месеци се плашев да го бацам на крај мајка ми ми даде совет само да се препуштам на емоциите и чувствата и да не мислам на ништо друго...и го направив тоа така ... и го имав најубавиот бакнеж....
Првиот бакнеж ми беше на 15 год за Нова година и многу се двоумев дали да го направам тоа, бидејќи сакав да го познавам подолго време момчето, а го запознав вечерта на Нова година. Ми се допаѓаше момчето и ме покани на танго и веќе претчувствував дека тоа ќе се случи и се случи. Многу бев возбудена за време и после бакнежот и посакував уште и уште, премногу ме воодушеви дечкото Мислам дека додека се бакнуваме имаме можност да уживаме, да фантазираме и да се препуштиме на моментот зошто навистина е интересен тој процес на бакнување. Нема посебна филозофија за како да се бакнува, ниту пак некој би приметил дека никогаш не си се бакнала со некој
претходното лето ...али не беше то шо очекував... можи само заради то шо немав некој чувства кон него..се видовме си се бендисавме и си се смувавме чисто од радозналост... ама баш би сакала шо поскоро да дознам како изгледа бакнеж со чоекот кој ти е се ..сигурно е волшебно чувството
Катастрофа беше Не бев баш мала, гледам овие нашиве млади форумџики и невиност губат на тие години ама тоа е сега, модерни генерации.. Се сеќавам дека после тоа, ич неќев да останеме сами со демек дечко ми само за да не ме бакнува и секогаш си носев другарка со мене, демек срам да му е..Кој фрик сум била бе Погодувате?? Не траеше ни еден месец oваа моја таканаречена врска
Првиот бакнеж ми се случи летото после осмо, и навистина не беше нешто посебно. Го исчекував со нетрпение но кога најпосле дојде и тој момент јас се чуствував како воопшто и да не сум го имала тој ПРВ БАКНЕЖ. Па тоа и не е нешто комплицирано и големо.
Мене ми беше незаборавен, не заради техниката на типулето, туку заради тоа што го направи за да го добие тој бакнеж. Личи ептен на Енрике Иглесијас (да, и бемка има! ), и јас на шала му реков да ми испее негова песна, и на мое пријатно изненадување ми ја испеа „Hero“, и оп, се случи првата бацка. Ееее, спомени, пред 7 години беше а уште се сеќавам.
сосем очекувано,но замислував којзнае што и секако откако се случи,си викам ехх ништо посебно..ама затоа вториот--летав
Лошо беше.. 7 одд. јас ГОЛЕМАТА и кажав на другарка ми дека ми се свиѓа едно дете. Тој 8 одд. беше како главен фраер и нешто изиграваше, а јас дупло од него. Детишта Ме молеше, ја глумев лудило и пред сите му викав не сакам ништо со тебе, пусти страв дека незнам да се бакнувам. И на крај бидна. Позади една сендвичара тој тргна накај мене, ја дал да седам дал да бегам, 4-5 секунди и се тргнав. Никој не ни веруваше дека сме се мувале бидејќи беше прекратко, ама ние си знаевме. Потоа прерасна во врска од 1 недела ама сепак бев горда на себе - имав дечко и знаев да се бакнувам. Убаво сеќавање ми е во секој случај
После 8 одд? леле ја на почетокот на 6 одд... и мојот беше искусен бе не да не беше...јас знаев како треба ама сепак тоа ми беше прв пат
Било је то тако давно ... типот беше година помал од мене али имаше доста искуство. Се знаевме недела-две и една вечер излезени со заедничко друштво, почнавме некој муабет без врска, изгубивме осет дека и други има околу нас, па тргнавме да се прошетаме, демек досадно се на исто место. И ме однесе типот на едно место од кај што се гледа цел град, па исфилозофира нешто, знаеше у прав момент што да каже а да не звучи патетично и у моментот коа најмалку очекував ме бакна.
Јас бев 6-то, тој 8-мо одд. , и многу vivid ми е сеќавањето за бакнежот иако 15-6 год поминаа оттогаш. Еве и сега да замижам тпчно знам каков беше бакнежот. Можеби затоа што по многу години се најдовме пак и сега сме уште заедно
Леле колку бев среќна што конечно научив да се бакнувам, а пред мене другарките сите веќе беа испраксирани, а мене ми беше срам да не се избрукам Не ми беше ништо посебно, само гледав погодна ситуација за да ја здувнам и веќе никад да не се појавам пред типот, за да не слушнам муабети дека не сум знаела да се бакнувам и дека сум била како здрвена. Баш си се смеам кога ќе ми се вратат спомените од тоа лето седмо за осмо.
колку е слатка темата..ајде да се потсетиме на првиот бакнежж..се разбира многу поразлично од она што го замислуваф..за летниот распуст седмо за осмо (исто како срекичка) и тоа со дете помало од мене 1 година..хаха..
Мојот прв бакнеж беше во осмо оделение.. Одвратен лигав грд со сите нишани А неможев да најдам и по лош дечко и да сакам Ем беше 3та година средно (бреее ама бев напредна на времето) ем имаше опасна ципела, ем незнаеше да се лапа (не дека и јас знаев ама не би требало да бидам исполигавена на цела фаца нАли ) и то...
првиот бакнеж заборав нема .ех како нема да се сеќавам на првиот бакнеж?кога го чекав толку долго,толку долго што си помислив дека ќе останам засекогаш така непољубена од страна на машки усни.пред да се случи бакнежот се допишував со типот со кој се немав видено,тој ме симпатизираше и праќаше љубовни пораки се додека да се сретнеме.кога се договоривме да се запознаееме,тој ми рече замижи имам да ти дадам поклон,и јас му поверував и замижав и тогаш експозија од бакнежии.толку се бев внесена во бакнежот,толку убаво се љубев што не можев да претпоставам дека само пред 5 минути сум мислела дека не знам да се љубам.толку беше убаво а се што е убаво кратко траее,а познанството со мојот прв бакнувач траееше пократко од самиот бакнеж. п.с.од време навреме се прашувам каде е?и дали се сеќава на бакнежот
е баш е слатка темава... првиот бакнеж ми беше...КАТАСТРОФА... не верував дека толку е лигав бакнежот...веројатно дека и на двајцата ни беше прв пат и незнаевме како да го изведеме...го замислував баш онака романтично, ко на шпанските серии, а грубо кажано добив лиги и јазик во уста