1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прв бакнеж

Дискусија во 'Сингл' започната од Princess15, 27 март 2010.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    нема да го заборавам никогаш првиот бакнеж
    се случи на 17 години, во Охрид на екскурзија
    и беше нежен, ама треше кратко
    а после тоа ,мислев дека ке полетам од возбуда :* :inlove:
     
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    За мене ништо посебно,ми се случи на 13 год,онака без веза,со тип кој сеа нејќам да го видам :puke: ,и затоа не ни сакам да го памтам ко прв :worried: .за мене прв и последен е бакнежот на мојот сегаше дечко :P :inlove:
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ауууу срамотаа :$ :$ :$

    ЈАс првиот невин бакнеж го имав негде во 6 одделение. Оној невин бакнеж каде едвај усните ви се допираат - луди и млади игравме љубовно шише и пошто веќе се препив вода си се бацивме. Е тоа ни го направија млади бунтовници :D Ми беше другар и после како ништо да не се десило. :$

    А првиот вистински бакнеж ми беше во осмо одделение ( едвај ме натераа и ајде за атер на другарка ми и јас се омрсив) ама ич не ми се свиѓаше како беше ниту пак типот ми се свиѓаше и памтам си мислев бљак лигавештини па зарем вака треба да биде? :D ама полека полека пројде и сега сум обучена па си уживам :D :D :D
     
  4. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Ми се случи во Охрид на одмор(читај на Самоилова тврдина :D ) , со дечко што го запознав таму и кога ме бакна, мене во мојата луда глава ми прелета мислата:Ауу,па јас ова ко за прв пат добро го правам,ништо сложено 8)
    А дечкото ми е другар до ден денес, и успат не знае дека ме бакнал прв :D
     
  5. JenniferLove

    JenniferLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    71
    Првиот бакнеж се случи на 14 год. со дечко ми :)
     
  6. buzzle

    buzzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    7
    Првиот на 13год. ми се случи, со сегашниот дечко :l: не беше ништо посебно но, добро го паметам. И на двајцата прв ни беше, хихи. :inlove:
     
  7. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Имав 15 години, и се случи во градски парк во Скопје, со една девојка која ме свиѓаше, и морам да признаам, делуваше доста похрабро од мене (само за на крај да дознаам дека одела со некој дечко веќе една година, истовремено. :D :$), Ми беше чудно чувството на туѓ јазик во мојата уста, и нормално, немав појма што да правам со мојот и го плеткав хаотично, но и покрај навистина чудното искуство, не сакав да заврши бргу и помнам дека на крајот тоа испадна навистина долга ноќ за уживање. :)
     
  8. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Се случи на 15 год. со сегашниот дечко. Јас врска немав како треба, никогаш претходно никој не ме бакнал, тој ми беше прв. Ми беше чудно, не знаев што да му правам на јазиков, знам дека ги отворив очиве и го видов дечко ми како ме бакнува, а јас врска немав што правам и го погледав така малце и одма прекинав, па го гушнав и се избришав :tmi: и си помислив: значи вака било? :$
     
  9. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Охоо, колку само бев нестрплива за тој фамозен прв бакнеж, а толку ми беше срам. Во 4то одделение бев опасно заљубена во едно дете од мојот клас, абе фраер беше на генерација, а и ја тогаш бев манга, и требаше да се "смуваме" а јас од срам секој пат кога ќе дојдеше моментот бегав. Пројде тоа, и јас до 7мо одделение не го победив срамот, иако дома си правев разни филмчиња како тоа треба да изгледа, станав бомбона во чаша со вода и ја бркав, или страсно си лижев лижавчиња хахахаххахаха :D :D
    И така, во 7мо одделение кога сите веќе го доживеаа тоа, Нати сфати дека нема бегање, мислев дека ќе биде крај на светот ако сум 8мо одделение а се немам бакнато.
    Видела невидела, имав еден симпатија, и тој мене ме симпатишеше, и испадна да треба да се смуваме.
    Се случи во школскиот двор, петок или сабота вечер, бевме собрани повеќе другари и другарки и сите знаеа за нас, па не оставија демек сами, они отидоа да прошетаат.
    И дечково беше поискусен од мене, иако он беше 6то одделение, ама вака календарски беше постар. И ми вика ајде дојди ќе седнеме тука. И седнавме на една како шипка, ја се црвенеам ко тетовско јаболче, се тресам, а овој ми вика да не ти е ладно? Јас пустата, за да не се обрукам, му викам па малце, а тоа средина на септември, уште беше како лето.
    Ќутевме некое време, и овој ми вика "дојди ваму" и ја ваква :whew: бев, ама кај смеам да зуцнам, се свртев, ни две ни три ми се тури дечкото, пушти тешката артилерија и почнав да се гушам, да кашлам.
    Еб*те искусниот. После пробавме уште неколку пати и подобро беше, се сеќавам дека броев, и се имавме залапано точно 8 пати, што мислев дека е ужасно малку.
    Не ми беше некое којзнае какво искуство, само лигаво, влажно и помалку гадно. Следниот бакнеж ми беше дури следното лето :tmi:
    Ама сепак, сега кога ќе се сетам ми е смешно. Инаку лапачот мој прв, се запиша во истото средно кај што учам, и често се гледаме ама никогаш ни А ни Б, како да не се познаваме :( Баш ме копка, којзнае што си мислел па тој тогаш за мене, или што си мисли сега хахахахах :)
     
    На a29 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Ми се случи на 12-13 години со дечко со кој после тоа подолго време останав заедно. Немав појма како се прави тоа, ама јбг, природно надарено суштество :$ Малце ми беше чудно и лигаво ко за прв пат. Знам дека после тоа го прашав дечкото: "Добро ли беше?"- на што, нормално, добив позитивен одговор :rofl: :rofl: :rofl:
     
  11. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    хихихи....ви се верува ли дека по првиот бакнеж плакав? :lol: Такво гадно чувство имав... :puke: Ама љубопитно суштество, сакав да пробам. Не го ни сакав типот, ми се допаѓаше само, а потоа одев со него 4 месеци :lol: од кои ( бидејќи уплав фатив од бакнување) двапати се видовме. Е потоа, се усовршив. Махер станав. :lol: Ама да, никогаш нема да го заборавам, иако беше лошо искуство. :*
     
  12. GirlWithSmile

    GirlWithSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    10
    Па првиот бакнеж ми се случи на 16 години на стара-нова година и верувајте секогаш ќе ја паметам ми се случи со дечко кого го видов прв пат таа вечер денес се чудам самата не себе како излегов со него ама ете тогаш малку алкохол и ти го помати умот повеќе ниту се видовме ниту излеговме :lol: претходно не сакав да излезам со никого а сум имала можност но ете нешто не ми даваше дури и дечките беа поубави од тој со кого го имав првиот бакнеж но ете бидна :$ беше многу помалку од тоа што очекував нормално секој очекува многу повеќе од првиот бакнеж го замислував како којзнае што но ете се случи и беше таков каков беше
     
  13. SubChica

    SubChica Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Јас беф седмо тој прва! И се разбира тој искусен јас појма немаф! И така седефме и не е секјавам ненадејно се случи не се секјавам како почнафме! Многу беше убаво само тоа знам! бтв совет : Некогаш кје мора тоа да се случи а што побргу тоа подобро! :)
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Мене ми се случи на 11 години и не беше некое лошо искуство ама беше далеку од убаво.. многу лигаво некако :lol: Како и да е сега многу се смеам кога ке ми текне колку бев исплашена пред тоа. :)
     
  15. Cokolatce95

    Cokolatce95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    131
    Првиот бакнеж ми беше на 14 години. Бев толку изнервирана и разочарана од фамозниот прв бакнеж што 2 дена не прозборев со никого и плачев од мака што сум го сторила тоа. Ми се гадеше од самата помисла .:)
    Енивеј, се памти засекогаш :) :)
     
    На Mrs.Styels му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DzamPolat

    DzamPolat Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    0
    Јас 15 и тој исто така, а и на двујцата прв пат, неискусни, но убаво беше...после не можев цела вечер да спијам :$
     
  17. MileyCyrus1Fan

    MileyCyrus1Fan Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    130
    Мене изгледа вечер ке ми биде првиот. Колку само ми е страв :$ :sweat: :sweat: Ке ви пишам како сум поминала
     
  18. mence91

    mence91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Првиот бакнеж пааааааааа ништо посебно ! Додуша повеќе ми беше смешно :rofl: му се изнасмеав на детето во лице, а вториот обид кога ми бутна јазик дури ми се слоши :puke: потоа ми беше потребно време поточно долгоооооооооооооооо долгоооооооооо пред да се осмелам повторно да бакнам некого :) :lol:
     
  19. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    суперррррррррррррррррр :inlove: ,со среќа не е ништо страшно и тешко,самата ситуација ќе те води.леле колку убаво,ех и јас да бев сега млада и јас да очекував бакнеж :( :( :( ,самото чуство на исчекување и неописливо и вреди да се доживее повторно.милиу доживеј го и за мене те молам ;)
     
    На MileyCyrus1Fan му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eki4k2

    eki4k2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    41
    Првиот бакнеж на 13 години не ми беше многу убаво незнам ни самата оти,па затоа вториот беше... :lol: