1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прв бакнеж

Дискусија во 'Сингл' започната од Princess15, 27 март 2010.

  1. MileyCyrus1Fan

    MileyCyrus1Fan Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    130
    Паа...вака. :D Првен седнавме во школо и се измувавме.. ама после дојде чуварот и не избрка. :rofl: После отидовме кај едно девојче дома и сите три другарки како три парови бевме и така сите во по една соба и така. :D
    ..Најубаво беше :inlove:
     
    На blueeparadise и Avril.09 им се допаѓа ова.
  2. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    ^Нели е преубаво чувство? :inlove:
    Кога се случи тоа на мене, цела бев збунета. Тој си тера јас во себе си мислам: Сега на каде? Леле што прави овој? Што ли си мисли тој? :lol: Шала на страна, по некое време сосема заборавив на практика, се опуштив и за сега не ми треба никој друг, тој е тоа што ми треба :$
     
    На MileyCyrus1Fan му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Пред околу една година, на 13 и пол години.
    Што знам, бакнеж како бакнеж. Се сакавме подолго време и си излегувавме заедно и се тоа, но не си признававме никако официјално. Требаше нешто да ми каже вечерта дечкото и се најдовме на една клупа и цели 40 минути го молев да ми каже што треба (а знаев и јас дека ме сака и тој дека го сакам, ама се правевме на Тошо) и конечно ми кажа и како што седев до него, се наведна и ме бакна. Јас останав таква шокирана, мислев ништо нема да бидне дека тој срамежлив, јас срамежлива...
    Убаво беше, ништо страшно. :)
     
    На Jay-jay му/ѝ се допаѓа ова.
  4. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Хахаха првиот бакнеж... Некаде на 15години.
    Дечкото со кој првпат ја искусув магијата на бакнежот сега ми е маж. Бевме `вљубеени` еден во друг ама тој срамежлив, ја такоѓе и само се гледавме како мачори. Една вечер седнати во парк со друштво, дојде и тој со неговите другари и почнаа да не зезаат и ајт не пратија да сме се прошетале сами двајцата. И заминавме ние така на кратка шетка, муабетот ни турни ни оди,единствено за рака што ме фати и си се вративме назад. Сите мислеа дека биднала работа и веќе за другите ние бевме официјално во врска. А од врската ни В. :$ И така излевавме напоредно едно 4-5 дена дечково ме моли да го бакнам, а јас не па не.. И една вечер се качивме на костурницата (тоа е објект кај нас, така висок е) и ме притисна на едно ќоше и сакала неќела морав да го бакнам, инаку ке ме фрлел надолу (тоа на шала го кажа, да не се разбереме погрешно).
    Ден денес се смееме за таа работа, колку сум го нервирала и колку му идело да ми ја тресне една и да ме оставе, ама пуста љубов, неможел без мене па морал да чека додека Мона Лиза да се одлучела (ова се негови зборови) :)
     
    На Jay-jay, sadangel и eki4k2 им се допаѓа ова.
  5. unknown22

    unknown22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    баш ми ја погодии темаваа,
    прв бакнеж ми беше во основно крај на 7мо поточно 10ти јуни.
    бев премногу заљубена во него, ама како што помина времето видов дека е кретен и не вреди и си го отсакав, уште пред да се деси тоаа.
    иначе бешее безвезе, ништо посебно, не беше нешто што очекував, немаше ни емоции ни ништо
    башка бешее во веце, демек да не не гледа никој, хах а типот се исфали на цело школоо
    еднставноо ми го пикнаа јазикот до грклан и траешее 3 скеунди ја си излегов ми беше за нигде :puke:
     
    На Jay-jay му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    првиот бакнеж :D
    само кога ќе ми текни се умирам од смеа бев 8одделение воедно детето ми беше и првиот дечко се чуствував толку устрамено здрвено незнаев што да правам :D но ете све така си дојде спонтано
    долго време го немам видено дечкото мислам дека бугарија студира медицина како и да е никогаш нема да ги заборавам неговите зелени очи :D (не бев заљубена во него) :D
     
  7. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Се случи во дворот на Карев. Стајлингот беше она што го натера да се муваме мислам...вака ви иде тоа: црни панталони до коленици, широки секако...црна маичка, црн дуксер, зелено-црвено-црна чорапа со многу тенки линии, ванс патика или старки носев, не знам. Креон под очи, косата дупло побушава од сега што ми е. Фурај рок стил работава. :rock:
    Цело време се молев да има земјотрес и да не се случи тој бакнеж. :D А план Б ми беше да се онесвестам. Дури сега сфаќам дека тој би успеал само доколку сум се погледнела во огледало, моментално ќе сум треснела на земја. :D
    ..ама се деси и не знам дали беше добро или лошо, онака..ко за прв пат ок. :D
     
    На Jay-jay му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    Вашиот прв бакнеж

    хахаха добра тема за смеење за смешни искуства :D

    Мојот прв бакнеж КАТАСТРОФА хаха
    Кога прв пат ме бакна ми се згади, истрачав во вц и поврнав и кога се вратив му реков врска ама без бацување со јазик хахахахаххаха сега кога ми текне се смеам :D :D ок бев мала 7 одд :wasntme:
     
  9. fatbeautiful

    fatbeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    58
    Точно 00-00 1 мај со неколку капки дожд по нашите лица се случи бев 8 одд. а тој постар од мене и посикусен па така беше многуу убаво ... п.с : му го грицнав јазикот кога го пушти хахаха...
     
  10. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    ах лошо лошо :tmi: бруки
    секогаш ми се смее за тоа . ме испраќаше една вечер и сакаше да ме бакни (прв пат) а јас паметната дете тогаш бев сум ја отворила устата колку што можам и не можам вака - :yawn: :$ и тогаш не ми рече ништо ама сега ме зафркава вика мислав ќе ме лапниш цел :lol:
     
  11. Lina89

    Lina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    кога ке ми текне секогаш се смеам. бев 8 одд ми се допаѓаше едно дете не од нашиот град но често идеше. бевме собрани кај еден другар и за да ние се бакнеме требаше да се изгаси сијалицата и да седат во темнина, а јас сум ја отворила устата мислам ќе го јадам. нашата врска толку траеше неколку часа, можеби детето се исплаши дека ќе го јадам па никогаш повеќе не го видов
     
    На love-222k му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Прв бакнеж :inlove:
    Хмм, епа беше со мојата прва љубов тогашна, летото, на 13год. и беше ненадејно. Ми се допаѓа што беше со личност која премногу ја сакав иако после тоа 2 дена ми се лошеше, ни јадев ни пиев. :lol: Се заборавивме, другарка ми вика дури 20 мин. , за прв бакнеж.. Ама незнаев бре тогаш што се случува, само го следев него ии незнам бре! хаха :D
     
  13. slatkamala6

    slatkamala6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Мојот прв бакнеж беше во 8мо одд со дечко кој ми се удвараше речиси цела година, неколку пати го имав одбиено но потоа попуштив, бев свесна дека тоа мора да се случи еднаш и конечно се случи беше убаво и возбудливо со тој дечко искачав еден месец, но сеуште сме во многу добри односи деновиве треба да пиеме кафе...па кој знае :P
     
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Вашиот прв бакнеж

    Јас се вбројувам во тие на кои им се допадна првиот бакнеж.
    Се беше спонтано,онака ко низ игра ,до некаде насетував дека тоа ќе се случи и не можев да дочекам да ме бакне...А типот стварно знаеше да се бакнува,што придонесе да останеме залепени со муцињата цела вечер...Многу бев возбудена и сакав засекогаш да трае таа ситуација,да запре времето ...Не сакав да се разделам од него,иако тоа не беше сакање,само привлечност,и секако дека немавме никаква иднина, он беше 3 години постар од мене ,а јас пресна осмоодделенка...Се видовме двапати тогаш ,се смиривме по една година,пак раскинавме, по уште една година пак и крај! Ми се одмили ...Засекогаш...Ама,јак лапач,секоја чест!
     
  15. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    На 16 години со сегашниот дечко :$
     
  16. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    ехее спомени...некаде на 13 год се деси, на стара нова година беше надвор на снегот во едни темни сокачина...:P
     
  17. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Некои 13 ипол години. Мало, лигаво, емоции = нула, битно после се осеќаш голема. :rock:
     
  18. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    342
    На 13 години. Многу неубаво искуство, и прво што направив кога дојдов дома и кажав на мајка ми :rofl: :rofl: :lol:
     
  19. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Леле колку ми е мрачна темава, не знам зошто :tmi: 8 април, 2004 година. 8) Имав 13 ипол години , завршував 7мо одд. Со едно типче од соседното маало, 10 пати пред тоа искачавме онака се шетавме и зборевме за глупости, за на крај конечно да се деси фомозното :* . Траеше дел од секунда и беше лигаво, ама не најлигавото искуство што сум го имала, значи не било уствари најтрагично :^) Кога си дојдов дома прво си ги измив забите :D И се осеќав :puke: Вечерта излеговме со другарките и им кажав иако знаеа дека 'искачам' више долго со детево и така. После као демек се заљубив во него, мнооогу паметен момак :!: ама тогаш беше еден буцко, најбуцкаст на свет. А го видов пред некое време, извишен нормално, слабичок, ок изгледа сега. Ама повеќе ништо не направивме, едноставно на изглед ич ама ич не ми се свиѓаше, а и до ден денес е така, бирам исклучиво карактер па понекад и се прашувам што барам со некој што не ми се свиѓа ич на изглед :x Живот.. :)
     
  20. in.love.girl

    in.love.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    12
    Кога и да се сетам на првиот бакнеж ме обзема прекрасно чувство :) Страшно го сакав типот, тој беше ептен искусен а + и четврта година гимназија а јас 8 одд и се случи што се случи, беше преубаво после тоа излеговме уште два пати и секогаш ми беше убаво потоа повеќе не се ни видовме ни ништо си фатив дечко со кој ми беше уште поубаво :rofl: