Девојки опишете го вашиот прв ден во теретана.Како ви било како сте поминале срам/несрам.Дали имате резуктати и по колку време? Јас например сакам да одам ама срам ме фаќа незнам зошто хаха.Дури да се скрши мразот после лесно би било. Ако има ваква тема-клуч.Јас како што гледав невидов..
Првата ден бев со дечко ми пошо тој е искусен во справите(редовно оде во теретана). Срам ми беше од него затоа што бев тапа буквално за се и срам ми е уште кога има други што вежбаат се си мислам мене ме гледаат, но ми помогна затоа што имаше кој да ми ги покаже и објасне справите. Јас се разболив малку и затоа прекинав ама ќе почнам пак да одам. Не верував дека после тренингот ќе имам поголема енергија за било што. Чудно е на почетокот после се навикнуваш.
Нема зошто да ти биде страм.Секој кој почнал да вежба за прв пат е тапа и јас бев тапа но има инструктор кој ќе ти објасни која справа како се користи и колку за почеток.Пробај еднаш ќе се вљубиш во вежбањето па после нема да можеш да престанеш да вежбаш ниту ќе ти биде гајле дали некој те гледа или не јас вежбав сега пак почнав.
Јас одев еден нецел месец во теретана па првиот ден ми беше срам, најповеќе кога поминував каде што вежбаат згодни типови, да ти е мерак да одиш, ама после не ми беше срам, се опуштив,најповеќе се гледав случајно да ми се смеат ако правам погрешно, ги научив и прекинав затоа што немав друштво, од март ќе почнам да одам, кога ќе почнат да одат и другарките.
Devojki, oslabev 25 kila ama sega sakam da pocnam da odam vo teretana zaso treba da se zategnam. Ne sum bila do sea nikogas..ajde kazete mi moze li da se zaclenam samo za pola mesec i sto treba da si nosam so mene? ..
А зошто само половина месец?Не знам колку ке има ефект за толку кратко време. Инаку тренерки или било која друга облека во која ќе ти биде удобно за вежбање јас во хеланки и маичка вежбам и патики . Со среќа па пиши ни ако се зачлениш за резултатите. Јас немам ни месец дена како почнав повторно да вежбам па ќе пишуваме тука споделуваме искуства.
Јас одам во женска теретана и немаше од кој да се срамам бидејќи иако бев нова, бев многу подобра од другите жени кои беа 35+ и по некое девојче на мои години што не обрнуваше внимание на никој, туку само на себе и теговите За пола месец тешко дека ќе имаш резултати. За месец дена да, ако вежбаш интезивно. Јас вежбам умерено, не се напрегам и ако не ми е денот секогаш вежбам помалку. Имав резултати после вториот месец. Само не правете грешка како мене, да имате паузи. Секогаш ми се случува да изгубам мотивација и по три месеци ќе прекинам и после долга пауза пак се враќам во теретана. Така се влечам година дена, а да одев контиунирано цела година, ќе се фалев со подобро тело од ова
Со себе ќе си носиш опрема, патики, пешкир, шише за вода. Ќе се пријавиш кај интрукторот, ќе му кажеш дека доаѓаш прв пат и тој ќе ти објасни која справа за што е и ќе ти покаже како се вежба. После тоа ќе распределиш кој ден кои делови од телото ќе ги вежбаш.
Јас веќе 5 дена не сум бил, може утре ќе одам, новогодишно, нов почеток. Инаку кога почнував пред една година многу ми беше страм, размислував дали ги правам вежбите како што треба, па некои вежби избегнував, бидејќи не бев скроз сигурен во изведбата. Одев во различно време за да видам кога има најмалку луѓе или никој за да си вежбам без пазење. Со тек на времето страмот ми се намалуваше, за сега да немам гајле, без никаков проблем си вежбам и не размислувам многу, дури и се прашувам зошто не сум почнал порано.
И јас сум во план да почнам во теретана од јануари, нова година нов почеток. Досега не сум одела никогаш и признавам срам ме фаќа, ама пак си велам што ми е гајле што мислат другите важно мене да ми е добро и да почнам да се чувствувам убаво во свое тело, не знам како се користат справите но ќе си прашам за тоа се вработените таму, никој не се родил учен. За жал не можам да ги убедам другарките да идат со мене премногу се мрзи па ќе морам да одам сама да малце ќе ми биде глупо дека ќе бидам како изгубен германец ама со тек на време ќе се навикнам, ако продолжам да одложувам заради срам тоа ќе трае вечно.
Да, почни сама бидејќи ќе бидеш пофокусирана на вежбите, ако си со другарки, ќе правите муабет и слабо ќе вежбате, вака сам си и си тераш. И ја сакав друшто на почеток колку да го скршам мразот, но почнав сам и сега ми смета кога има некој познаник во теретана, не сум многу фокусиран на вежбите.
Здраво дечки. Почнав во теретана пред некој ден и скоро цело време кога сум таму вежбам кардио. Лента точак и др но сакам и некои вежби други. Не сакам многу за раце. Најмногу одам за да го ослабам стомакот и бутките и да се затегнам во тој дел па не знам што како баш. Теретаната е за машки но има и женски. Јас одам со дечко ми но тој си вежба сосем друго што јас не сакам. Помош некој вежбички било што. Да не е само оди трчај вози. Добро не сум искусна бидејќи почнав пред некој ден па некој што е поискусен нека ми помогне како почнал, најмногу за слабеење и затегнување на нозете одам.
Ако сакаш да ослабеш само кардио,на пр.2 пати неделно и еднаш долен дел,имаш справи за нозе,а можеш и скватс со тежина,расчекор,такви некои вежби со тегови.
За прв пат во мојот живот (пред 4год стаж фатив ) кога отидов во теретана кардио вежбав бидејќи не ги знаев справите и ми беше многу срам, а денес се вежбам, најмногу нозе и задник.
Мене ми се дешава дури и ако направам подолга пауза да се чувствувам ко да сум прв пат у теретана хахах Gym anxiety Доста луѓе го имаат...на Јутуб има добри видеа како да се надмине