1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прв ден во теретана

Дискусија во 'Фитнес' започната од black_lover, 10 јануари 2018.

  1. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    8.259
    Пол:
    Машки
  2. Bebac

    Bebac Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Девојки сакам да почнам да одам на фитнес.
    Што треба да носам? Пешкир, вода? Друго нешто?
    Никогаш немав вежбано, па малку паника ме фаќа.
    Дали отпрвин покажуваат како правилно се изведуваат вежбите?
    Секој совет е добредојден.
     
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    8.259
    Пол:
    Машки
    Не сум девојка ама ај ќе ти одговорам :D

    Крпа, облека за вежбање (пресоблекување), друг пар чисти патики - ова се основни работи кои сите посериозни фитнес центри ги бараат од членовите.
    Вода - зависи од твоите потреби, некои не пијат, некои пијат вода, некои пијат суплементи.
    Ракавици за вежбање - зависи од твоите потреби, односно дали ти е полесно и поудобно со ракавици или без.

    Нема зашо да те фаќа паника. Ќе ти биде супер. Ако направиш на почетокот навика за вежбање, никогаш нема да сакаш да престанеш.

    Зависи од теретаната и тоа какви услуги нудат.
    Се разбира, кој и да прашаш од оние што вежбаат во твоја околина, сигурен сум дека ќе ти помогнат и покажат.
     
    На Bebac му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bebac

    Bebac Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу на одговорот.
    Денес почнав и планирам да вежбам и откако телото ќе го доведам до тој степен, што кога ќе се погледнам во огледало, нема да можам да го тргнам погледот од среќа.
    Ти благодарам уште еднаш.
     
    На Monday и Ajronmen им се допаѓа ова.
  5. Monday

    Monday Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    19
    И јас почнав денес, со среќа! Сигурна сум дека ќе успееш! ❤️
     
    На Ajronmen и Bebac им се допаѓа ова.
  6. Bebac

    Bebac Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Со среќа и тебе. Еве тука ќе се поддржуваме. :)
     
    На Monday му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bebac

    Bebac Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    @Monday здраво. Како оди вежбањето?
    Јас воопшто не сум задоволна.
    Утре три недели како вежбам, но нема никакви промени. Вагата покажува иста бројка. ;(
    А, целосно го исфрлив белиот леб.
    Многу намалив со јадење.
    Но, ништо не е сменето на подобро.
    Очајна сум.
    Каква е состојбата кај тебе?
     
    На Monday му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blablabla1234

    blablabla1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2021
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Машки
    Не е сѐ до бројката на вагата. Можеби губењето на масти е компензирано со мускулна маса. Почетниците можат и накачуваат мускулна маса дури и во калоричен дефицит ( секако мали количини ). Види прво дали физички настанува промена. Немој веднаш да се обесхрабруваш. :muscle:
     
    На Ajronmen и Bebac им се допаѓа ова.
  9. Monday

    Monday Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    19
    Здраво,
    Па јас сум задоволна, нема некои значителни промени меѓутоа рацете помалку ми се тресат
    Можам повеќе, имам повеќе кондиција и сила. Јас не се мерам на вага, затоа што мускулот тежи повеќе од мастите и може да те излаже килажата.
    Јас исфрлив и млечни производи па ќе видиме што ќе биде.
    Не се откажувај, гледај си го како рутина во животот што прави да се осеќаш подобро. Резултатите сами ќе дојдат со време.
     
    На Bebac му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bebac

    Bebac Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Јас прекинав во теретана.
    Сакам да си купам Orbitrek и да вежбам дома.
    Сега на 01.03. синко ќе наполни 21 месец, а јас почнувам на работа.
    Си купив подлога за вежбање и најдов вежби на Pinterest. Ќе пробам и така, па ќе видиме како ќе оди?
    Испитав тироидната и таа е во ред. Докторот ми кажа да закажам кај кардиолог и да проверам женски хормони и ред други работи.
    И, нему му е чудно како со помалку јадење, мало дете 24/7 и да неможам ни малку да ослабам?
    Ќе испитам се, ќе вежбам дома и ќе споделам искуство.
     
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    8.259
    Пол:
    Машки
    Не знам колку си намалила со храната, ама во тоа може да се крие одговорот.
    Можеби премногу си го забавила метаболизмот со нејадење/премалку јадење.
    Претпоставувам не знаеш колку калории внесуваш. Наглото кратење на храна во комбинација со интензивно вежбање може да доведе до ваков ефект.
    Пробај да ја избалансираш храната, да најдеш некоја средина.
    Можеш на интернет да разгледаш нешто повеќе и околу reverse dieting.
     
    На Bebac му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Шеќерна

    Шеќерна Нов член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2022
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво продавам ваучер за вежбање во фитнес станица во Скопје ваучерот е 2000 ден јас ќе го дадам 1000.
     
  13. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    79
    Нова сум и ќе почнам за ден два во теретана
    Дали секој ден вежбате на секоја справа или секој ден на различна?
    Сакам да стргнам гради, стомак и грб.
    И по колку време вежбате дневно
     
  14. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    8.259
    Пол:
    Машки
    Зависи што ти е целта. Не е една вежба, не е една справа. Побарај помош од тренер/инструктор/вработен во теретаната кај што ќе одиш.
    Ако не сакаш тогаш малку истражи пред да почнеш. Погледни некој видеоклип на Јутуб или побарај некој тренинг план на интернет.
    Преобемно е да се објасни и одговори твоето прашање, со оглед на тоа дека веројатно немаш познавање во сферата.
     
  15. Шеќерна

    Шеќерна Нов член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2022
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Kade mozam da go najdam ?
     

    Прикачени фајлови:

  16. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    8.259
    Пол:
    Машки
    Сегде скоро (поголемите маркети)
     
  17. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.814
    Допаѓања:
    12.197
    Пол:
    Женски
    Јас планирам деновиве да појдам прв пат ама ми е срам зошто не знам ништо.... Хахаха. Сакам прво само на трака да пробам:?::D
     
  18. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    15.231
    Пол:
    Машки

    Во било која теретана би требало да има човек што би те упатил кои вежби да ги правиш и како, не се срами прашај, сите од негде почнале! И запамти no pain no gain. :D
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.814
    Допаѓања:
    12.197
    Пол:
    Женски
    Имам срам и дека сум 50кила, да не сум многу слаба за теретана. Такви предрасуди си имам кон себе прво хаха. :D
     
  20. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    15.231
    Пол:
    Машки

    Теретаната е за формирање и тонирање тело, послабите сакаат да се здебелат, а покрупните да ослабат. Нема потреба од такви мисли, само со позитивни мисли и шо поголема мотивација. ^^
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.