1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прв ден во теретана

Дискусија во 'Фитнес' започната од black_lover, 10 јануари 2018.

  1. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    12.228
    Пол:
    Женски
    Фалаааа, кога ќе почнам ќе споделам инфо како е:)
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Како е во Џевахир?
     
  3. Ane_na_Bisera16

    Ane_na_Bisera16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2020
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Во Џевахир ти е 2000 денари членарина за еден месец, доколку живееш таму ти е 1000 денари месечно.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    А има справи за жени??
     
  5. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    8.272
    Пол:
    Машки
    Што се тоа справи за жени?
    Постојат справи за вежбање.
    Не постојат машки и женски справи.
     
    На ThiccFit, Polyincognito, Razvigorec и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Ај одговори ако знаеш ако не игнорирај.
     
  7. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    8.272
    Пол:
    Машки
    Се занимавам со фитнес веќе 10 години.
    Немам сретнато женска справа.
    Те прашувам убаво, што подразбираш под женски справи?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Да има поголем избор на справи пр. за задник итн..
     
  9. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Zdravoo
    Utre sakam da pochnam vo teretana
    Za slabeenje potochno
    Iskustvo nekoj?
     
  10. Despina !

    Despina ! Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2022
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    И мене ова ме интересира помош некој (facepalm):rofl:
     
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    8.272
    Пол:
    Машки
    Поконкретни прашања поставувајте...
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Почни. Се слабее.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Полнав еве две недели оваа ми е трета -2 kg
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Despina !

    Despina ! Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2022
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Што вежбаш поточно кој вежби ги правиш? Освен вежбањето дали имаш некој режим за јадење?
     
  15. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.255
    Пол:
    Машки
    средете исхраната вежбајте тежински тренинг со кратки одморања и ќе имате резултати. Само бидете упорни и конзистентни. Побарајте низ интернет има доста програми како да се вежба и за почетници и за напредно ниво. Само треба време и желба и малку снаодливост.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Зависи од почетната тежина, дали си вежбала предходно, дали имаш сила во јадрото итн.

    За почетници што навистина не знаат од каде да почнат, најдобро е во фитнес студио под инструкции на тренер и од таму ќе видиш што ти одговара, ќе почнеш и вежбите да ги разбираш, своето тело, ќе се консултираш и за исхрана и после можеш и самостојно во теретана.

    Резултатите ќе дојдат, ама треба да почнеш со барем 2 пати неделно тежински тренинг и да си се посветиш бидејќи ова е промена што не е само за на лето и плажа, туку е начин на живот и пола здравје. :l:
     
    На FreeToGo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ThiccFit

    ThiccFit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2023
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Да ја живнеме темава уочи летото и напливот армија која веќе нападна по золошкиве (така си ги викам теретаните) и на многумина ќе им биде или првпат воопшто, или првпат после пауза.

    Немам многу време за да бидам кратка, затоа ќе елаборирам малку повеќе, опфакајќи и психолошки, и социолошки и субјективен момент.

    Субјективниот момент дека сите гледаат у вас, дека не сте "доволни добри" за да идете у теретана или дека не припаѓате таму, да си го завиткате у тоалет хартија уште одма и да го фрлите по вода. Дури и ако е така, секој си ја гледа својата работа после тоа откако ќе ве скенира, а и никој не е совршен.

    И тој најнабилданиот батица шо е такмичар, почнувал како олимписки комарец. Никој не е совршен.

    Луѓе гледаат у вас и кога идете у маркет, и по улица, и кај и да сте. Луѓето се социјални битија, погледот им е прв скен на околината, НОРМАЛНО Е да има гледање. (не е нормално да има зјапање, ама тоа е друга тема).

    Значи - мислите дека не припаѓате некаде или не сте доволно добри/спремни за во теретана да ги оставите на страна. ИЛИ уште подобро (ама ова е само за ментални зверови) имајте ги овие мисли и сепак појавете се.

    Социјалниот момент, она погоре што напоменав за гледањето, секогаш и во секоја прилика ќе има некој што ќе гледа, ќе ве суди со поглед, ќе ве исмее или ќе ве сожали. КАКО и да изгледате, ќе предизвикате одредена реакција, било позитивна, било негативна, било видлива или не. Социјални животни сме - неминовно е. Помирете се со фактот дека ако тргнете денес, и идете цела година 3 пати неделно, истите тие шо ве суделе денес за година дена ќе ви пријдат да ви кажат колку сте убав/а, колку многу сте постигнале, или да ви побараат број/инста. ПРОВЕРЕНО - ви се колнам за ова.

    За жал, изгледот е последната работа на која лично работам периодов додека тренирам, зошто ги поминав сите можни "детски болести" во фитнесот и сите можни понижувања и фалења во теретана, и сега вежбам исклучиво и само за сила и среќа. Фактот што работам на себе, и имам сила да кренам Х килограми со правилна форма ме прави неизмерно среќна. Плус, староста ќе ми биде бескрајно полесна, а и сите болести што си доаѓаат со неа. Не беше отсекогаш вака, ама човек се сменува и зрее. Голем гз веќе не ми е постигнуче. Добро мртво, да.

    Последниот момент е психолошкиот, збир на се ова погоре плус деновите кога нема да ви се оди бидејки е ладно, уморни сте од работа, сте добиле, или се случил живот, работа... Тие денови - е токму во тие денови се иде, со 0 секунди поминати у размислување.

    Ценкање сам со себе, да одам/да не одам од било кои горенаведени причини не ве носи апсолутно никаде. Дали вака се ценкате со себе кога ве викаат у кафана? На искачанка? Можда и да, ама многу пократко и обично се појавувате. Бидете константи макар астероиди паѓале, макар колку и да не ја сакате теретаната.

    Телото само ќе си создаде навика преки 1001 убав и полезен процес што ќе се случува во него додека тренирате, и дур трепнеш, нозете сами ве носат наката. Теретаната е место за СИТЕ луѓе од сите возрасти, полови и групи (освен за стари мањачишта). Секој припаѓа таму, без оглед како изгледа и која му е целта. Дури и ако на почеток нема цел!!

    Мојот прв ден у теретана беше во декември 2018. Беше многу тажен, ќе го паметам цел живот. Се сеќавам и што носев, и кога почнав, и кога завршив и се што правев. Многу плачев, ич не ја сакав ама одев секој ден у 6 попладне. Секој божји мачен ден.

    Не беше класична теретана туку мала, во склоп на резиденцијална зграда, само со 3 ленти за кардио и многу малку справи како кабли и една преса за нозе. Претесна, кога не имаше петорица веќе се туркавме еден од друг.

    Носев плави хеланчиња (првиот gym fit уште ден денес го чувам во кеса, за да се сеќавам) и плава маичка, одвај најдов нешто што ми стои и ме собира, бели патичиња никакви и едно јаже за скокање од the dollar store.

    Едвај најдов како да упалам трака, и само одев првиот ден. На рамно. Не ни знаев што е нагорница, и како се прави. Сите гледаа у мене. Сите до еден. Сите изгледаа подобро од мене, посебно девојките.

    Одев со брзина 3.8 60 минути и кога го исклучив нештото бев без здив. Црвена во лицето и со бели флеки околу устата. Се вратив дома и си кажав утре ако има помалку луѓе ке пробам да скокам.

    Едвај скокав јаже вториот ден, двапати подрипнував бавно додека свртам еден полн круг со јажето. Губев здив на секое, пак сите у мене гледаа.. многу плачев тој ден. Многу. Тука бев точно месец дена и се иселив, ама продолжив во друга теретана, исто мала, исто лимитирана.

    Резултат видов после 1 месец. Еден цел месец, и наеднаш преку ноќ бев 8 кила надоле и морав се да купам наново. Од веш до маици и фармерки. Се.

    После година дена се вратив горе у теретанчето да се поздравам со овој на рецепција, другарче ми стана, и случајно ме виде комшија шо ме исмеваше на почеток, и му паднаа очните јаболка сосе вилицата. Буквално не можеше да верува дека сум јас. Стана толку фин со мене

    Поентата е многу проста, секој почеток е dreadful дури и ако изгледаш просечно. Јас бев огромна, и за мене беше уште поболно. Ама не постои сила шо ме сопре кога решив, ја ќе се мењам и од денес само на подобро. Крај, нема АМА. Крај приче.

    Никогаш не учев со никого, немав пари за личен тренер и морав сама, со јутјуб, и со гледање во огледало да разберам што е добра форма, што е дишење, што е сајла, што е преса..

    А и ден денеска предизвикувам реакции поради специфичното тело (помускулеста сум) ама ден денеска with all due respect, people can kiss my ass and take notes from me.

    Теретаната за мене денес е најсреќното, најмирното и најубавото место после црква, кај шо си го наоѓам мирот и се враќам на себе си.

    Одете.
     
    На DaisyDoo, theowndemon, quattro и 4 други им се допаѓа ова.
  18. astatine

    astatine Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Машки
    2012 прв пат стапнав
    сега неактивен 5 год и повеќе
     
  19. sugarmama_

    sugarmama_ Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2024
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Браво! Поддршка за сите, вежбајте, здраво е за тело и за ум!! ❤️
     
    На TrueToMyself му/ѝ се допаѓа ова.
  20. TrueToMyself

    TrueToMyself Активен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Браво.
    Храбро и доста потикнувачки!
    Нека почне сезоната на себесакање :l::muscle:
     
    На ThiccFit и sugarmama_ им се допаѓа ова.