Првиот ден - Збунето хаос Ми се јавува братучед ми вели ајде ако си за в теретана зошто се договаравме претходно, ми требаше некој шо ќе ме упати и покажи како се вежба правилно, а тој е искусен, вежба долги години, скоро 15, постар е дупло и од мене. И ајде. Влегувам в теретана, овај ми дава картичка да влезам, гужвичка беше така малце, музика јачи, јас влегувам збунето. Од музиката не ја ни слушав таа шо работи, и плаќам и двам пари, таа си зборува. Средив тоа. Од една страна ми вика некој по име на еднаш. Ај реков шо е сега работава. Од еднаш ми се појавува, школски другар, бла бла ми зборува нешто, ваму овај братучедов ми вика оди по мене, не знам кој правец да го фатам, умот ми се збрложе За вежбање исто. Ми објаснува бла бла, јас не го сфаќам, него ни слушам шо збори хахах. А тој ме тера И така, бидна некако. Со тек на време се навикнав и ми стана пасија теретаната. Нема подобро нешто од тоа да вежбаш. И психички и физички човек се преродува. Сонот за спиење се подобрува и сите останати хормони. Никој не ве гледа ниту го интересира што правите. Секој си гледа за себе. Секој е дојден да вежба и да заврши. Некои идат слаби, крупни, сакаат да ослабат, да се поправат, итн. Секој со своите цели и планови. Повеќето идат и за социјализација, за муабет, да излезат од дома. Иако не се знаеме лично, ниту по име, сите се пријателски настроени, се поздравуваат, праат муабет. Ако имате можности не се двоумете. Ранецот, патики и водата и ајде во теретана!
Првиот ден во теретана. Мене ми беше пред 15 години облеков хеланки , патики, не ни знаев дека во теретана се носат различни патики и има соблекувални хаха. Влегов фитнес тренерот виде дека сум нова ,а и прилично мала (15 годинки ) сам се понуди да ми ги покаже сите справи и ми објасна која за што служи..Од тој ден почнав сама секој ден во 8-9 часот наутро па како што растев така идеа и маратони и себе запознавање, начин на исхрана.. Никогаш не сум имала проблем со гледање , вежбаат секакви луѓе и тоа ме радува. Многу сум само кристична од причина што си го познавам потенцијалот, сите се насмеани пријателски настроени и си даваме комплименти едни на други. Се стекнуваат прекрасни пријателства од причина што имате заедничка страст, совети ..Едноставно си ги сакам луѓето со кои се гледам секој ден прекрасни се. Еве ден денес ми остана одење во теретана на сабајле
Здраво. Сакам да почнам да одам на фитнес, ако може да ми кажете од која справа да почнам, како за почеток и колку време да вежбам, се мислев за на точак кардио да одам за почеток, ако може малце хелп. Како е најкомотно за вежбање пошто немам некои хеланки ко за вежбање и облека, памук носите или други материјали? Дали пијате вода дури вежбате или на крај, пак сакам да знам како е правилно...
Јас најпрво се загревам, ги подготвувам мускулите кои ќе ги вежам со прво мали тежини, малку jumping jets за нозе, чучњеви без трежина итн.. Вода пијам 2 литри, нон стоп штом завршам со една вежба, и на крај одам на кардио. Оди си како ти е најкомотмо
Па ова е малку комплицирано. Треба да разгледаш на интернет и малку да прочиташ за тренинг програми и слично. Тоа значи да ги поделиш вежбите или ете справите - кој ден што ќе вежбаш. Не постои почетна справа. Ископирај некоја едноставна програма од интернет и следи ја. Ако планираш да вежбаш 3 пати неделно тогаш барај full body program или слична програма за 3 дена. Или барај 4 day split gym workout за 4 дена и така натаму. Би било добро ко за почетник да одиш во теретана каде што вработените ќе ти покажат како се вежба на справите. Зависи пак од тебе, целите, можностите. Генерално 1 час е доволен за тренинг. Кардио сеедно дали ќе избереш точак, трака, Орбитрек... Тоа што најмногу ти се свиѓа... Во што ти е удобно во тоа вежбај. Тренерки, шорцеви, обични маици и тн. Теститај си. Не е ко да имаш којзнае колку избор, сигурно нема да можеш во панталони пример. Ко што си се облекувала за физичко во средно, ете така. Втор пар патики ти требаат обавезно, и крпа.
Нема никаво правило тука. Кај сите е различно. Правилното е да си хидрирана. Пиј онолку колку што ти се пие, тогаш кога ти се пие.
177cm 65 kg колку протеини,јх,масти калории се потребни од прилика за да се одржи оваа форма...баш ме интересира. ПС. Доста долго време ја држам оваа форма понекогаш одам до 70кг највеќе.
Генерално се смета за нормално од потребните дневни калории за внес 50% да се од јаглехидрати, 30% од протеини, 20% од масти.
130-150gr proteini 260-300gr hidrati 65gr masti. Hidratite mozi da odat pogore ili podolu vo zavisnost od fizickata aktivnost.
Вежбам дома. Уплатив теретана за 6 месеци. Следен чекор е да отидам за прв пат. Денес и утре сум слободна и фактички морам денес да отидам! Патиките може да се пума ниски нели? Леле не знам како ќе отидам ама морам. Само првиот пат ќе е тешко ама морам да поминам низ тоа. Мислев да отидам од дома облечена, теретаната на 2 минути пешки од дома ми е. Мислев и сама да почнам и да откријам како што со справите ама подобро да викнам од вработените барем за 2-3 справи да ми објаснат за почеток. Под огромен стрес сум. Фактички морам прво во пресоблекувална да отидам?
Патики какви сакаш, такви. Можеш и од дома да отидеш облечена, јас од дома се облекувам, сеа пошто е ладничко тренерки, само плус маици носам за после тренинг оти ќе се испотиш. Носи си и дезодоранс, шише со вода и чиста крпа. Тие вработените или ќе ти покажат или не. Пред извесен период газдава врати двајца и им рече поднаучете нешто и дојдете пак, не знам оти така постапи, а сношти пак на две нови им покажуваше како се откочуваат и закочуваат справи, значи вработениве не се баш голема гаранција дека ќе ти покажат. Најдобро е ако имаш некој да ти покаже како се користат и справи и како да вежбаш правилно, ако немаш никој, гледај на youtube вежби, гледај другите како вежбаат па и да прашаш некој ќе ти објасни, слободно прашувај, без гајле и да немаш срам, сите биле почетници. Втора опција тие да си платиш персонален тренер/ка и цело време ќе е покрај тебе и ќе те учи, ама тоа кошта плус пари. Во соблекувална ќе си го оставиш ранецот и стварите и после ќе си ги земеш. Телефон и новчаник заедно со тебе и ако има шанкче кај шо ги оставаат другите таму ќе ги оставиш внатре, ако нема тогаш со тебе цело време. Стресот на страна и шо поскоро да почниш, после ќе сакаш се повеќе и повеќе да одиш.
Мене првиот пат ми мереа пулс ми вика да не си вознемирена, па викам имам трема Оди облечена земи си за пресоблакање нешто. Во соблекувална само патики смени и остави си ги во шкавче работите. Вода и крпа носи си. И мене ми е на 2 мин, некогаш не се ни пресоблекувам, дома се туширам. А за справите обавезно прашај и за вежби да знаеш правилно да ги изведуваш, кажи не сум била, не се срами.
Нормално е да постои паника и стрес, за се е така кога се соочуваме прв пат со нештото, ама нема потреба од толку многу зошто психички ќе тие потешко а и уште по збунета ќе бидиш. Нормално е првите денови така, ништо срамно не е и да згрешиш нешто бидејќи си почетник и не знаеш а и на никој нема да муе гајле ниту ќе гледа и интересира шо правиш, секој своето го гледа таму.
Никој не се замара, секој си гледа да си извежба и да си отиде. Нема зашо да имаш срам и стрес. Прво оставаш/куцаш(зависи како е кај што одиш) членска карта и земаш клуч од шкафче. После тоа одиш во пресоблекувална. Ако те мрзи можеш и од дома да си облечена и спремна за вежбање, ама без разлика колку ти е блиску, патики мора (скоро секаде е така) да ги пресоблечеш таму. Исто и крпа. Ако носењето крпа не е задолжително во твојата теретана, тоа е уште поголема причина зошто да си носиш крпа...