Верувај и да зборуваше исто ќе беше. Јас пак морав да го држам бебето во раце за да не го повреди. Ќе се среди се, пред ваш е тежок период, ама кога ќе дојде денот да се гушнат и бацат ќе бидеш најсреќна на свет и се ќе заборавиш
Ах ве изначитав и се стопив...Одвај чекам и јас прв ден со прво бебенце да доживеам. Ја немав таа прилика да дочекам помало сетриче или братче да чувам. Ама израснав со брат близнак. Има моменти кои само јас и он сме ги споделиле. Нераскинлива врска. Неможам да опишам ама вистина е сме делеле и тага и среќа. До ден денес толку километри одделени има денови кога сум тажна или нервозна без причина му се јавувам и сфаќам дека нешто кај него не штима и на него му е исто па си се бодриме заедно.
Па ти си се породила. Да е жив и здрав јунакот мал. Ќе се навикне баткото не се грижи. Може ќе упали да му купиш некоја играчка што ја сака да кажеш дека бебето му ја купило. И мојата разбира се, у последно време мм кога ќе ме гушне или баци она протестира и не дава. Он па намерно и вика да ја гушне ли тато мама и она НЕЕЕ, НЕЈЌЕЕЕЕ и го бутка. Нормално е, они се навикнати мама да е само за нив, ама ќе се привикне со време.
Јас имам многу позитивно искуство. Уште од ден 1 го спремавме дека ќе имаме бебе. Кога почна да ми расте стомак му кажував дека бебето расте внатре, му покажував слики од ехо, еднаш и на преглед го земав. Како што се породив предвреме, дур лежев во болница бараше да го види бебето, кое беше на интензивна, а мене не сакаше да ме види. Кога си дојдов дома без бебето му купивме поклон од бато и му кажавме дека треба уште малку да порасне за да го земеме. Секој ден прашуваше дали пораснал, го гледаше на сликите што ги имав, му зборуваше дека го сака и чека, го молеше да порасне побргу. Дента кога ни јавија да одиме да си го земеме бебушот скокаше од радост, в кола цело време го галеше и едвај дочека да го бакне и гушне. Ми помага за преслекување, го смирува ако плаче, му пее, го бакнува. А па и малото само по него се врти. На моменти знае да ми запне за нешто дур сум со бебето, ама па е несебичен и ко ќе правам нешто со него веднаш вели: а бебето кој ќе го гледа? Инаку се разлика 4г и 1м
Моево дунде препека дур си дојдеме од болница. Кај е бебето, покажи ми го бебето! Знаев дека нема да е љубоморна иако сите ме убедуваа дека "ќе видам кога ќе дојде дома". Со мм дојдоа во болница да не земат. Мене ме гушна и се закачи на бебето Почна да го гали и не тргна поглед и раце Кога завршивме со сликање и тргнавме, сестрата го крена транспортерот и моево и свика "не ми го земај бебето" Дома само ја гали. Кога спие од милост дури и ја буди. Вчера го ставив бебето на спална и "големава" не сакаше да излезе од таму. Ко маче и се напика и ја гали ли ја гали со главата. Кутро бебе, ни сон не може да види Надвор без бебето не смееме да мрднеме. Каде она, таму и бебе
Ние дома го спремавме синчето цело време пред да се породам дека ќе имаме бебе дадичка дури и го теравме да каже како сака да се вика дадата така да беше спремен од предходно .Разлика се точно 3години ,пред да отидам во болница му кажувавме дека мама ќе оди кај докторот да ја земе дадата и да ја донесе дома ,го прашавме дали сака дадата нешто да му купи ,па маж ми му изнакупува се што порача .Дури бев во болница добар бил не правел проблеми цело време ми се јавуваа на видео кол и бараше да го види бебето.Дома кога дојдов средбата беше преемотивна јас плачев од среќа што си го гледам синчето ,а тој неможеше да и се изнарадува на сестричката ,и после 3месеци е истиот само ја гушка и ја бацува
Го спремав цела бременост за тој момент, му кажував дека бебето е во мешето и дека уште малку ќе излезе. Тој цело време си раскажуваше како ќе го чува, ќе го гали и бакнува. Кога се породив беше малку тажен што ја нема мама покрај него и ми беше лут два дена, на видео кол ми вртеше глава и налутено ме гледаше. Многу тешко ми падна тој момент, едвај дочекав да спуштам и да се изнаплакам. Кога не пуштија дома дојде со мм да не земат, бебето му го дадоа на мм а јас одма го земав него во раце и прво нешто што ме праша беше дали е бебето уште во меше. Му реков дека бебето излезе од мешето и сега ќе биде со нас, го гледаше толку збунето цел ден, сакаше да го допре и погали ама цело време гледаше накај мене со страв. Му се посветив максимално првите денови бидејќи се ова му беше ново, не сакав да се осети отфрлено, за среќа добро поминавме. Сега секоја минута прашува каде е бебето и оди да го погали и бакне, ептен го сака и нон стоп повторува дека е многу убава и малечка.
5 дена сме дома, 5 дена дома е хорор, не можам да престанам да плачам, ќерка ми претешко го доживеа ова. 2год и 8 месеци е, уште претходно и објаснувавме за бебе, дека ќе имаме нов член, сите тие пропратни говори. Уште пред да се породам почна да збеснува, не не слуша, мене ме тепа, фрла работи, вришти и ова е 80% од времето. Луѓе се скапав плачејќи, од стрес и млеко ќе ми секне и веќе и не можеме нервно да издржиме, преагресивна е спрема нас, ржи и вришти, ништо од муабетите не помага. Бебево директно го нема удрено ама и доаѓа да го стисне, она и онака беше хипер ептен, сега е многу повеќе до израз дојдено… Се мислам дали и суплементи ќе помогнат, б комплекс или слично. Во градинка не оди, имаат сипаници во група и мислевме да почекаме, ама веќе нема смисла, дали би било ок да ја пуштиме сега? Ќе ризикувам со се, ова е траума дома и за нас и за неа, евентуално да ми дадете предлог за некои активности во некои центри или кај дефектолози?
Дајте и време да ја прифати новата ситуација, и неа и е шок. Од еднаш вниманието се дели и за неа и за бебето. Уште ако тргне во градинка, потажна ќе биде, бидејќи знае мама е дома со бебето. Купете и некоја омилена играчка и кажете и дека бебето ја донело за неа, давајте и обврски околу бебето (донеси пелена, облечи му чорапчиња...) да сфати дека има некоја важна услога.
Се е пробано, и активно пробувам. Нејзин одговор е “не сакам БЕ” (го има слушнато од негде и сега нон стоп така одговара), почнува да вришти и трча наоколу. И нови играчки, и цртани, и заедно да играме/готвиме/цртаме, доброто трае 2 минути и одма почнува да ме тепа мене, да негодува, да писка…