Ниска му е самодовербата и не знам како му притекнало нешто вакво. Со секој е различно па ако ги гледаме работите на тој начин тогаш и втор да ти беше ќе си помислеше дека повторно ќе сакаш нешто повеќе да пробаш со трет и тн. А со него што правиме, тој толку ли испробал се и сешто па веќе му е здосадено?
Тоа ти е индиректен начин на раскинување. Нема храброст да ти каже директно, па сака и ти виновна да испаднеш. Си бара причина за кавга, а ова ќе сакаш со втор е таква причина.
Да и јас тоа му викам ова раскинување ли ти е и почна не што збориш јас те сакам ова она... Не знам што да мислам и како да постапам во ситуацијава
И мене тој првиот ми велеше така: ќе сакаш со друг, ќе ме изневериш колку да пробаш како е со друг... И еден ден, кога се насобра се и пукна, цвичеше фраерот. И најдов и друг и трет и петти. И пробав како е. Едно да знаете: само првиот е прв сите други се втори. Оној кој ќе ве сака нема да му биде важно колку сте имале пред него. А и оној првиот ако ве сака нема ни да помисли дека би го замениле ради "проба". Треба да го цени тоа што сте му дале дел од себе, а вие ако посакате да пробате со друг ќе го направите тоа дури тој "спие на лево уво". Залудни се тие муабети.
Temava... Poznavam osoba so problemov, ne i e prv, vo brak se, detence, se super. Odnadvor... Na gospodinot ne mu preceshe, pred brak, neli ja sakashe bezuslovno... Sekoja vtora vecer, sega kavgata im e ista, koj znae sto si pravela, kako si zavrshila fax, zosto se e...pred brak, k.rvo... a iskreno mislam deka site mazi se isti, sakaat se da pravat, a da ozenat nevina... A mislev ziveeme vo normalen svet, ama ete ne bilo bash taka.
Извини но не се согласувам сотебе дека сите мажи се исти аа и воопшто не ги оправдувм оние кои ги бират девојките или жените поред тоа, впрочем во кој век живееме, кога ќе се барем малку ослободите од тие предрасуди и тој глупав менталитет, бог да чува од такви машки
Сеуште има мажиња односно машки кои се занимават со ова прашање? Богами за жалење се таквите, море бабаму да ја праша ќе му каже дека не и е прв дедому не пак тој на девојкаму, нели сме 21 век или јас сум во заблуда?
Zatoa se zaprepastiv... Zenava pukna, veke ne mozeshe da izdrzi ( bratucedka mi e) koga mi kaza ostanav nema... I taka ostanav, ne i rekov nishto. Kao nejze se i bilo ok, pogodeno, bral, dete, kukja, se, a on imal polovna zena... da se cudi covek.
Божеее, незнам ти од која генерација си, јас сум од повозрасната, со она што го напишав и со моево размислување не реков и не целев кон тоа да се одо од такво на такво, но какво ви е тоа размислувањ дека мора да си бидете први, ако малку повеќе живееш и си излегла од дома или од границите на овој менталитет ќе согледаш нешто сосема друго, и ајде мисли си како сакаш впрочем јас само реална слика прекесов ваму а вие што живеете во некој вештачки универзум ваше си е
Реално, на машките тоа (да бидат први) им значи многу повеќе отколку што си мислите. Може ќе преќутат и нема да се расправаат, но не им е сеедно и со право. А 21 век нема врска. Не се лоши времињата, туку луѓето. Денес сеуште има луѓе кои си живеат морално, чесно и не им е гајле кој век е. А зошто би им било? Си имаат карактер, знаат што е нормално а што не и не се трудат да се претопат во т.н. модерен и современ свет полн со гадости.
A дали го мислиш истото за бројот на партнерки кај машките или и нивната невиност треба да се зачува исто како и кај девојките? Дали девојките според тебе имаат право да не им биде сеедно и да гледаат на тоа како валкање на телото на мажот со кои се во врска?
Ако и мажот немал друга пред жената, зошто да не? Ако некој сака да си се први еден на друг нема лошо. Ама некој да бара невина додека тој со кој стигнал легнал, и обратно, е малку лицемерно и крајно безобразно. Нема ништо морално во тоа тој да правел што сака, а таа да мора да е невина и да ѝ е тој прв.
Епа од вакви размислувања си патиме, зошто нелиии досаден е еден. Грав за ручек не се јадело секој ден и сл. искази...
Кој степен на мазохизам е тоа што тера некого да пати од туѓите размислувања... Она што го напишав е објективна вистина, не мора да значи во сите случаи, ама претежно така бидува. Не сум ви јас тука крива.
За мажот на братучетката на Елени, само ќе кажам - упут за невропсихијатрија да си земе од матичниот. Половна жена... срам да му биде! Жално како на луѓето да им бидат први на своите жени им е поважно од тоа да имаат убава живејачка со својата партнерка, па се качат околу небулози како животот да има реприза. Мирот и спокојството не потекнуваат од химен... ако некоја е невина, не значи оти е наивна.
Има некоја лепота и во тоа да е еден и само тој да е. Претпоставувам. Но во денешно време колку рано губат невиност, човек да се запраша дали воопшто можат на 17 да одберат маж, пошто нели, еден единствен. Да не испадне на крај по секоја цена само еден да е. Не знам. Никому не судам. П.С. Не знам колку имал маж ми и не сум баш засегната. Обострано е тоа.
Да мм прв и единствен,а исто и јас на него. Кога има љубов,страст, добар секс,почитување и кога се др е во ред нема потреба за нешто др. ( барем во нашиов случај )