Точно... Многу е поубо да си со еден и прв па заедно да искусуваш нови работи..овие од ``новото време`` многу рано се впуштаат во тие работи уште на 15 16 години па мислат дека готово целживот ке се заедно и завршваат неславно... Зарем некое машко нема да го јади од внатре тоа шо била со 2 3 5... И се шо праела со нив ( анал канал орал морал итн) па сега допрва ке гледа деца фамилија ручек ке ти прај и на спиење ке ти вели тоо миле а ти тошо се викаш... Одвратно е
Не се лути @Bitter-Sweet ништо лично, ептен смешно ми дојде толку спротивно размислување по две години од првото мислење. Особено со векот. Во врска со темава, зависи од околностите. Познавам жени што останале со првиот, поради тоа што се од мали во врска. Во друг случај прав маж нема да се замара, ни интересира премногу за тоа што било пред него, тоа што било, било, секако не се менува ништо од минатото.
Нема што да се чудиш ако редовно ја читаш @Bitter-Sweet ќе сфатиш дека таа е новата девица Марија. Да пишува некое навистина искрено, наивно, невино девојче ајде ок ама вака нема смисла.
И јас сум размислувала можеби слично. Тука е таа зрелост што ја зборам дека не е иста на 18,19,22,25... Точно е дека е се сплет на околности, но ние самите си ги правиме тие околности. Да кажам колку дечковци сум имала, никој нема да верува дека само на еден сум се препуштила. И не ми е срам што е двоцифрена бројка, сите што ми се допаѓале сум била извесен период со нив. Но да било нешто повеќе, не би пишувала ниту анонимно. Неколку долги врски, од кои едната ми била на 19 год, можам да кажам дека ја сметав за најсериозна, од сите претходни неуспешни обиди. Тука можело да се случи се, не викам не. Ама ете сум се држела до нешто што сум го сакала, да бидам прва, да ми биде прв и така да остане. Совеста и срцето не ми давале нити сакале знаејќи дека имал пред мене некоја. Сега не сфаќам ни зошто сум изгубила година,ама нема везе. За ова до некаде има и влијание отворен муабет со мајка ми. Точно дека не се менува, еве ја што ништо не сум имала претходно, па мојов го копкаат ситници од моите врски. Исто колку што нас не не копка за нивно минато. Да не се лажеме. @Belgin1 мислиш дека човек не се менува? Жално е да остане иста, да размислува исто како на 19год...
Мене не ме копка што правел со претходните, и не лажам. Ниту тој ми запнувал да кажам. @Petra777 и да си имала нешто со бившите, ќе сменеше нешто со маж ти? Немаше да се мажиш со друг ако не успееше врската со некој со кој си имала односи? @Vitaly мислењето може да се смени. Ама со искуството нема пу пу не важи. Некој поприлично сексуално активен претходно звучи смешно да суди на други дека не биле со еден единствен цел живот.
Епа треба да разберете веќе еднаш дека не секој ја има таа "среќа" да го запознае првиот партнер на 15 години или во градинка, па да си живеат среќно и весело до крајот на животот, за да и остане прв и единствен. На ова денешно време може се да се купи, дури и невиноста за 200 евра. Затоа и не гледам некој посебна причина да ја преценуваме. Косата ми се крева од мажи кои сакаат да имаат секс пред брак ама да оженеле невина. Каде да биде невина? Во увото евентуално. Лично за мене, ниту сакам да бидам со тој што ми беше прв, ниту некому да бидам прва. Јас ако останав со оној кој ми беше прв, добро сексот и не беше толку лош ама однесувањето, карактерот негов со два збора катастрофа и ужас. Среќа што никогаш не патев од комплекси, свесна сум колку вредам па ја прекинав таа врска. Тоа што ми беше прв не ми значи ама баш ништо. Сметам дека за една врска меѓу двајца возрасни и зрели личности да биде успешна е многу важно во сексот да сме компатибилни зошто во спротивно паѓа се во вода. А за понатаму едноставно јас немам причина, ни потреба никому да докажувам ништо, а ниту еден нормален и зрел маж ни би се распрашувал околу такви работи, освен некој неизживеан сељак и простак. @Vitaly таман работа да не може. Мислењата ни се менуваат и ќе ни се менуваат низ целиот живот само како што кажа Кристина над мене искуството не се менува, жал ми е тоа е. Ако таа си одлучила така во ред, нејзино право. Јас не судам никому, секој си одговара за себе. И еден партнер и десет да имате, ваше си е. Ама безсмислено е на анонимен форум да се правиме чесни и поштени кога веќе и фемина не е тоа што беше, се знаеме кој и што е.
Ќе сменеше. Немаше да бидам тоа што сум денес, немаше да го имам тоа што сум го замислувала и посакувала. За мене тој однос е повеќе од само телесен. Тоа што го имам, му припаѓа само на еден и тоа што тој го има, ми припаѓа само мене. Дали може да се купи временска машина да ти избрише меморија?
Безразлика дали ви е смешно на некои, не е забрането. Сите судиме како нам ни одговара. Таа ако приметуваш и самата се критикува и кае поради нејзиното минато, човечки е. Еве и јас сум правел работи во минатото од кои сега ми се гади и не го кријам тоа туку самиот се критикувам. Ваша македонска поговорка. Не слушај гаталец туку паталец, така мислам дека беше.
Немаше потреба да ме цитираш со вакви безсмислени прашања. Секако дека не, ние многу јасно кажавме што мислиме и тоа е тоа, безразлика допаѓало ли се тоа некому или не.
Па не дека нели се може да се купи, затоа... Нема мене што да ми се допаѓа или не. Ти вреѓаш, нарекуваш некој со име на Светица, која е Една. Никоја од нас не е Дева Марија. Многу погрешно сфаќате. Ако вие сте згрешиле некаде, не дозволувајте ваши најмили да ја направат истата грешка.
Таа не се прави светица туку таа и самата се критикува поради нејзиното минато ако ги следиш нејзините мислења.
@Petra777 на јавен форум сме, не на конференција па да мислам што ќе кажам. И не сум навредила, ниту повредила никого. Кажав и предходно што мислам и нема потреба зошто да се повторувам. Мене зборот светица не ми значи баш ништо, атеист сум. @Vitaly важи ајде
@Vitaly никој не осудив, воопшто не ме интересира ни што правела, ни сега што прави. Цитирав зошто ми беше смешно, да. @Petra777 во моментот кога си со некој и има љубов и разбирање и се она што носи еден брак, не е битно што било во минатото.
Ако ти си атеист, ја не сум. Тука се забранети религиозни навреди. И еден совет, Прво анализиј го како карактер, како личност, па после тоа каков е во кревет. Многу е едноставно. Така не би имале рани од минатото. @kristina.k за мене и тој до мене било, е битно и ќе биде битно.
Ти кажав јас не сум навредила никого, освен тоа што се вие мешате, адвокати ли сте и? Не сум прашала за совет и немам потреба од истите. И не знам кај пишав дека јас на тоа гледам како рана или грешка, сеедно ми е не се замарам. И следен пат не ме цитирајте на вакви безсмислени глупости
@Petra777 убаво кажа, за тебе. Ако за други не е, не е грешка. И претходно искуство не значи дека е грешка или рана ко што кажа, во моментот ни било правилно и нормално и нема што да се каеме. Пред се луѓе сме, не заборавај.
Ти пишуваш безсмислени работи. Да сум на твое место би си ги бришела коментарите. Немаш право да споредуваш светица со било која од нас. Ако си атеист не значи дека можеш да плукаш на форумов. @kristina.k мн јасно. Тоа кажи и го на членкава. Јас не реков дека јас сум светицата нити за Битер. Сака да дирка кај што не треба, па после немало ништо смисла.
А зошто мислите дека само ако некоја започнала врска на 15 години и останала со него, дека само таа има еден сексуален партнер во својот живот? Да останеш со еден ви изгледа невозможна мисја? Еве јас на пример , тинејџерските години ги искористив за шетање, дружење, собиранки со друштва, кафичи, дискотеки и.т.н , на врски и сексуални односи ни на крај памет. Прва врска ми е на 19 год, а она другото на 20 г и се омажив за него и не жалам, тоа ми беше најдобрата одлука во животов. Да сум имала барем еден сексуален партнер, би го копкало , да не се лажеме дека не сме размислиле никогаш за претходните партнери. Тој имал пред мене секс и нормално дека сум помислила. Не дека се опседнувам, ама некогаш ќе помислам, боже мој сите го прават тоа, помалку или повеќе. Безразлика што е маж, не би сакала да имал многу партнерки за секс, може имал , никаде не му пишува,но навистина не ги сакам тие мажи што легнуваат со која му се згоди, се познаваат од одма и гадно е.....