1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прв и последeн  

Дискусија во 'Секс' започната од cookie19, 19 август 2013.

  1. cookie19

    cookie19 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    Dali i vie razmisluvate kako mene? Da vi bide prv i posleden toj na kogo prv pat kje mu dadete? So koj prv pat kje imate odnosi?
     
    На jance.kristince му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
     Прв и последeн  

    И јас размислував така , ама домашниот и пазарскиот есап никогаш не се исти
     
    На Biny, LaraSolare и feminium им се допаѓа ова.
  3. jasmin4e665

    jasmin4e665 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    20
     Прв и последeн  

    mene mi se sluci toa, so decko mi go napravivme vednas stom se fativme, odevme cetiri godini i sega mi e soprug :):):)
     
    На Biny, Dreamgirl90, *Ane* и 2 други им се допаѓа ова.
  4. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
     Прв и последeн  

    Гледам дека си 17 години како мене па ќе си земам за право да коментирам
    Не јас не размислувам така-подобро речено не размислувам воопшто, несакам да се заробам во идеава која била супер функционална за минатиот век но не и за денес, знам дека тоа во пракса
    Како што пишала една форумџика погоре
    не функционира,може тој после односот ќе те остави и што ќе ти се сруши светот

    Мислам многу си мала за да се заробуваш во вакви идеи,ќе си направиш само проблеми самата себеси(разочарувања и слични депре термини), подобро живеј си го животот ;) никогаш неможеш да знаеш што ќе ти се случи
     
    На cookie19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
     Прв и последeн  

    Ехх сите го посакуваме тоа. Прв да ни биде љубовта на нашиот живот и засекогаш. Но не е се така розово и животот е тоа што е не тоа што би требало да биде. Но секоја чест за девојките кои успеале во ова ви завидувам :)
     
    На mrvlx му/ѝ се допаѓа ова.
  6. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
     Прв и последeн  

    и јас сум сеуште со тој што ми бил прв и не би го мењала ,планираме свадба за наредната година па ке видиме како ке се одвиваат работите :D
     
    На Red Flower и jance.kristince им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
     Прв и последeн  

    Можеби потсвесно сите го посакуваме тоа, не е лошо да посакуваш но во вистинскиот живот тоа не е секогаш случај, ретки се тие среќници што ќе си бидат први еден на друг.
    Јас сум во тие среќници :) и не посакувам да било поинаку. Од тоа се роди десет годишна врска и брак :$
    Мора сите да признаат дека тоа е најубаво, дури и кога тие немале среќа да дочекаат такво нешто.
    Обично изговорите се-леле не си пробала ништо, не си искусила повеќе, не знаеш што пропушташ, но тој кој пропуштил е самиот тој кој го негира баш и насловот на темата.
    Ние не ги коментираме или навредуваме другите а истото треба да биде возвратено.
    Бидејќи наидов во други теми на многу спротивставени мислења во поглед на ова, се надевам дека овде нема да се развие баш таква дискусија.
    Ви посакувам на сите "невини" да се обидете да го остварите тоа, но и да не се разочарувате ако не ви успее истото, може да успее и од втор, трет пат ама да не се множат многу бројките :lol:
     
    На Biny, kate21, Lovely93 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
     Прв и последeн  

    Нема жена што не посакува првиот дечко, првата љубов да биде секогаш покрај неа, тој да ја буди секое утро... секоја чест на женските што успеале да го остварат тоа и си се во брак со тој што им бил прв.
    Јас мислам како што ќе растеш мислењата полека полека, ќе ти бидат пореални... не може секоја врска да опстои толку многу на пример од 17 години колку што си ти сега додека се стапи во брак...
    Не можеш да знаеш што ќе се случи... не дај Боже се имаат и следните случки случувано партнерот да замине во странство, да испадне дека сте роднини, да почине... ( не дај Боже)...
    Како што ќе растеш мислењата ќе ти се менуваат и ќе почнеш пореално да гледаш на работите. Никој не смее да осудува девојка која имала повеќе од еден сексуален партнер, зошто после тој првиот доаѓа нареден кој вреди повеќе од тој првиот :) :D
     
    На bubili61 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
     Прв и последeн  

    Сите кога прв пат сме започнале со сексуални односи сме мислеле дека тој што ни бил прв ке ни остане последен и дека до крајот на животот ке бидеме со него. Но како што кажа LadyFlame есапот дома и есапот на пазар не се исти. Секоја чест на оние девојки кои останале со дечковците до брак но не со сите е така. И мене тој што ми беше прв дечко а воедно со кој што и ми беше најдолгата врска во животот мислев дека ке останам до крајот на животот со него. За жал или за срека не бидна така. Типот беше тој кој што ми раскина после година дена така да сигурно нема да се обесам ради тоа. После него имав и други врски некои пократки некои подолги и не жалам ради тоа.
    Да бил тој вистинскиот за мене ке сме останеле заедно,но со оглед на тоа дека тој ми беше дечко во 4та средно јас тогаш а и сеуште на 26години не размислувам за брак па да кажам дека одма после средна школа ке се омажам за него и ке ми остане последен.

    Сега имам дечко кој не ми е прв но со кој би сакала да го поминам остатокот од животот доколку за некоја година дојде до тоа. Не жалам што не ми е прв а гледам ни тој не се замара со тоа дали ми е прв или не. Т.е свесен е за тоа дека на 26 годишна девојка освен ако не ја извадил од манастир некој нема шанси да и биде прв. Повеке обрнуваме внимание на тоа како се однесуваме еден према друг,какви ни се целите и идеалите во животот отколку дали сме си први . И сега за сега ни е супер се надевам и дека ке остане така . Верувам дека овој сега што ми е дечко е 1000 пати подобар човек од тој што ми беше тогаш.
     
    На bubili61 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bubili61

    bubili61 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Убаво е тој што ти е прв да остане и последен.....Но ќе ви го поставам истото прашање после 25 год.брак :rofl:
     
    На Biny и AloneM им се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.723
    Пол:
    Женски
    Хммм...да...само под услов човекот да е по твој терк.А џабе ќе биде твојата желба ако другата страна размислува поинаку.
    Ако имате среќа да налетате на таков партнер,мислам дека нема ни да има место за вакво размислување.Знаете како кога за некоја работа,не ви паѓа ни на крај памет да ја направите.Тоа си доаѓа само по себе.Без исклучок.
    Но,ова размислување не треба да претставува кочница за соживот по секоја цена.Мислам прв..и треба да ги трпите неговото однесување.Ова го зборувам зашто човекот е најлесно кварлив производ.Или со друго зборови,човекот се менува :emo: .
     
    На vinozito1 и tinan им се допаѓа ова.
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    :!: јас повеќе би размислила кој да биде прв :?: баш тука лежи зајакот и свирка во грмушката :D
    Тоа е некој си хендикеп на секоја девојка и вечната дилема ,,дали да му дадам малку или многу,, :wasntme:
     
    На cookie19, tinan, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. AloneM

    AloneM Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    46
    Темата е можеби специфична, ама на крај се сведува како и на се во животот - нема правила а некогаш и не биднува се по ред како што си мислиме и посакуваме. Така да кога јас би бирала, би избрала па и повеќе сексуални партнери од повреќе љубовни врски. Подобро се навремено да се проба и искуси. Велам кога со овој ум би бирала.. Во мојот личен случај, случајно или намерно не беше така. Убаво е да можете искуствено да споредите и низ искуството и самите да се корегирате и еволуирате се пак во интерес на вашата среќа. Тука мислам и повеќе на целокупната љубовна врска не само на чинот на водење љубов. Искуството води кон поквалитетни идни врски или врска за цел живот. Затоа на сите млади феминки, повозрасните тоа си го знаат, би им советувала да излегуваат, да се отворени за љубов и женско-машки пријателства, времето си минува и за жал не е реверзибилно. Не размислувајте многу, бидете достоинствени, ама ако некој потенцијален партнер ви се допаѓа дадете си шанса. Па прв, втор.. послем и не е битно. Важен е квалитетот на животот, што не значи по автоматизам и кванитет во секој поглед, но важно е да не се пропуштаат вистинските прилики само заради некој размислувања и нејаснотии во мадешките години, кога сите сме збунети и многу работи не ни се јасни. Токму и како темава ,,прв и последен,, која сигурно ја има отворено некоја млада дамичка. Затоа сакајте се, нема ништо лошо во тоа, па ако и се погоди првиот де е и последен супер, (а подобро да немате таква почетничка среќа, малку да лутате и се изборите за вистинската и права љувов), ако не уште посупер, со надеж дека тоа нема бесконечно да трае и таму некаде секој ќе си ја најде вистинската среќа. Зошто, се води љубов од љубов, а љубовта е голема среќа и исполенетост.
     
    На Nymeria, slavica999 и tinan им се допаѓа ова.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    И јас сакав да имам само еден со кој ќе бидам засекогаш.

    И го запознав него...и ден денес сме заедно. Не жалам за ништо.
    А, тој го цени тоа и ме гледа поинаку, бидејќи сум само негова.

    Иако, имам разбирање дека можев и јас да раскинам, па ништо од мојата прва замисла...
     
  15. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    ^^^^^
    Се слагам со претходно наведеното.

    Убаво :)
    За жал нереално |(
    Битно да сум и последен :?:

    ....... и она на мене де, па се разбира.
     
    На barbiegirl.24, adrijanka и slavica999 им се допаѓа ова.
  16. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Зошто и машките не размислуваат вака, со таа што ќе бидат да им биде прва и последна. Зошто? Туку гледаат само да те искористат и после не им требаш, не им е гајле дали ќе ти ја земат невиноста и дали тоа на девојката нешто и значи. Само ние девојките се преотеретуваме со ова прашање. Кога ја видов темава , тешко ми падна на душичкава одсекогаш сонував да бидам само со еден, се чував толку време и за што, за некој што бесрамно лаже гледајќи те во очи за да дојде до целта, а после тоа не те ни погледнува, не постоиш веќе за него, како ништо да не се случило одма одиме во потрага по новиот плен, а кога ќе дојде време да се жени е тогаш бара невина од маж недопрена. Е такви се мажите на денешницава, секоја чес на исклучоците.
     
    На mrvlx, adrijanka и hermosa им се допаѓа ова.
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Mногу им е гајле на машките а кој е крив они а кој е виновен пред сите -женското :x ,балканштина.Mојот прв ми предложи брак ме сакал демек и му било важно што ми беше прв но после друго излезе по 3ипол години ,како и да е со предбрачен секс не се заснова цврст однос на љубов и хармонија,а едно нема никогаш да сфатам сите викаат машките сексот го гледаат само физичкото задоволство но немаат ли трошка чувства ,емоции или се бесчувствителни идиоти и зошто е тоа така :^) .
    Jас лично сакав невина да си влезам во брак со невин маж како што доликува на вистински верници во Gоспод а не само фарса за пред народот посебно она снаата мора да влезе невина а маминиот син ебач ,но што бидна бидна нема назад грешката ја направив ,типот не ме сакаше беше многу лош кон мене и го мразам а тој и по раскинот ми глумеше пријател што ти не :fubar: .
    Kолку сакав се да биде се исправно ,но се разочарав самата себе,а многу ми е мило за оние кои се вистински среќен пар кои си биле први еден на друг и последен,тоа е за пофалба и пример за сите :)
     
  18. CrnceSK

    CrnceSK Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    59
    оу нооу првата да ми биде и последна ,скоро и невозможно е
     
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.170
    Сеуште ли постојат мажи кои сакаат жената која ќе им биде сопруга да биде невина се до нивната свадба?
    Не ми се верува дека некој маж сеуште си се надева на такво нешто.
    Нема смисла тој да се ебел наоколу, а да очекува невиност од штотуку земената женичка.

    Подалеку од таквите мажи кои бараат невина. Нешто не е во ред со нив.
     
  20. CrnceSK

    CrnceSK Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    59
    остај ги будали :lol: