1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прв и последeн  

Дискусија во 'Секс' започната од cookie19, 19 август 2013.

  1. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.025
    Пол:
    Женски
    Tака е има и такви и нема лошо во тоа но и они да се невини па да ги видам :!: .Mногу лошо се е веќе интерес ,без чувства без емоции го мразам овој 21 век!
     
    На mrvlx му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339

    Да каренин и тоа најголемите е**ч* што им влегува во секоја дупка сакаат невини женички
     
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.025
    Пол:
    Женски
    Tоа не е оти сакаат ами македонскиот лажен морал е таков мамичка ќе му диктира со каква да се жени ,зборувам од искуство.A машко може да му е погодно со невина оти не била со друг да не користи кондом и да не фати некоја болештина а дека ценат невиност мало сутра :!:
     
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Во ред е да бара невина. Секој има право на избор.

    Ама не е во ред, кога машкото легнувал со која сакал, па сега сака невина за дома.
     
    На mrvlx и hermosa им се допаѓа ова.
  5. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Искрено, јас кога имав секс прав пат не мислев на тоа тој да ми биде.
    Се вшуштив во тоа затоа што го сакав, затоа што бев зрела (18+), и затоа што бев спремна.
    Тоа беше пред 8год, можно е баш овој период да беше затоа што знам дека ми се ближеше роденденот.
    Нема везе, сега тој ми е сопруг и наскорот татко на моето бебе :lol:
    Иако тогаш размислував така, мило ми е што така се одвиваа работите.
    И мислам дека иако е споривно од популарното мислење на денешницата,
    прв и последен е одлична идеа
     
  6. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    луѓе да не се лажеме,значи на збор е убаво прва+прв=брак,но вака во природата на човекот е да сака да проба спореди види така да во денешно време ме разбирате на што мислам кога баш се е достапно и обвиено со мистерија,дискреција тешко некој да одолее да не проба и спореди па најдобро е да не се залажуваме со таа мисла.значи искуството не е на штета на поединецот независно дали е тој или таа,е сега тие што си се прв и прва нека му ја мислат и најискрено им посакувам да успеат да си останат први еден на друг бидејќи тоа ќе им биде најголем приоритет да го задржат тоа така во иднина.
    ЗА МЕНЕ ПРОЛЕТ НЕ РАЗВИВА,
    ЗА МЕНЕ ЦВЕЌЕ НЕ ЦУТИ,
    ЗА МЕНЕ ТИ СИ ПРВА ЉУБОВ,
    (И ПОСЛЕДНА ЌЕ МИ БИДЕШ ТИ )за последна ќе се прашаме :rofl:
     
  7. Milky.Way

    Milky.Way Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Тетка ми и тетин ми беа во врска 13 год. ( од 14 год), сега се 27 и се земаа пред некој месец и тетка ми е трудна! И двајцата си се први.
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Воопшто не сум ЗА ова.
    Замислете, да имате секс со истата личност до крајот на животот... а што ако не ви оди сексот? Ќе трпите ли? И, да не се лажеме, сексот е многу важен дел од брачниот живот општо од врската помеѓу двајца.

    Јас сум да се проба, да се сменат неколку партнери. Не дефинирам никаква бројка зашто вистинската бројка не постои. Но сметам дека треба да се истражува се‘ додека не се најде личност која ќе не‘ задоволува на физичко ниво исто онака како што не задоволува емотивно, што би ни бил доволен материјал да го поминеме остатокот од животот со истата.
     
    На Nymeria, Izaabella и cheetah.girl им се допаѓа ова.
  9. lollipop93

    lollipop93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    88
    Првиот однос ми беше со дечкото со кој сеуште сум заедно веќе 3 и пол год.А мислам дека ке ми остане ПРВ И ПОСЛЕДЕН :inlove:
     
  10. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Не , не и НЕ ! Веќе и тоа не е можно ама и пред да направам нешто за прв пат не мислев дека тој што ке ми е прв ке ми е и последен , сакам да пробам повеке работи и да експериментирам , ако не сменам како ке знам дали има подобро?Не да се растурам наоколу ама и така со последниот цел живот ке сме заедно , сакам и 2цата да си имаме колку толку проживеано а не цело време да мислиме како ке беше со друг/а , може има подобро , што се залетав ова она .
     
    На Hipica, Nymeria и Aryana им се допаѓа ова.
  11. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Јас сум за,ама не сите ја имаат таа среќа ;)
     
  12. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    најголема желба ми е то :) засега си чекора кон то и искрено имат некоја сила имат некоја надеж во мене што си ми стварат филмчиња :$ за арно да е само :D
     
  13. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Да, убаво би било кај сите да е така, но од друга страна па ако ти е првиот и последен како ќе направиш споредба за со некој друг? Можеби со некој друг out there би ти било подобро? Моментално целам кон тоа првиот да ми биде и последен, но човек треба да е спремен на секакви ситуации.
     
  14. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Океј, или сите сте невини светици или некој лаже тука.
    Сериозно би сакале со еден единствен да останете цееееел живот, значи живот кој трае средно земено 60 години?
    Не ми е јасно зошто некој не би сакал да искуси нови работи во животот, да ги прошири хоризонтите...и нозете :D. Не поддржувам ороспии и слични радодајки, кои на секое ќоше истражуваат, вкусуваат, прошируваат хоризонти, отвораат гледишта и слично такво нешто, ама во животот морате барем втор да имате, колку за споредба, и првиот да ви е совршен, имајте барем втор, колку да знаете дека првиот навистина е совршен ако ништо друго.
    Освен темава ако не е за првиот да ти биде и последен, ама во меѓувреме да имаш така уште 2-3ца (што би немало смисла да се враќаш на првиот), не можам да се помирам со вашиве одговори.

    Јас и со првиот кога бев, навистина убаво беше, и девојка како девојка си мисли дека ќе се омажи со моменталниот партнер, потајно се јадев во себе зошто само на еден ќе останам. За среќа не се остварија моите детски фантазии. Навистина не знам зошто некој би сакал да остане со еден единствен сексуален партнер целиот живот. Исто ко да сакам да се омажам за првиот дечко. Од самата помисла колку многу работи има што не сум ги истражила, а некој да ми ги ускрати, морници ме лазат. Како во кафез цел живот.
     
    На Madam-A, LaraSolare, adrijanka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Нит сум невина нити светица . :emo:

    Помислата дека ќе бидам само со него цел живот не ме плаши туку ме радува , ама не поради тоа што ми е прв туку поради тоа што е прекрасен човек ..

    Никаде не пишува дека мора да имаш втор или трет :D Тоа е инвидуална работа и сплет на околности ..

    Јас мојот партнер го запознав на 20 години , имав некоја престава што барам од машко , ама во никој случај не влегов во сексуални односи мислејки дека тој е тој принцот на бел коњ :D
    Имаше голема хемија меѓу нас , желба , се заљубив а и јас бев спремна па си реков what the hell :D
    Тоа што сме уште заедно е поради тоа што се разви љубов и видовме дека си одговараме .

    Никогаш не сум помислила нити ми било страв бидејки немам да пробам со друг , дали би растурила долга врска полна со љубов чисто оти сакам да пробам со некој друг ? Не тоа ми е апсурд ..
    И никогаш не сум имала вакви стравови . Веројатно бидејки многу го сакам и се чуствувам исполнето во врската ..
    Не е страно и многу девојки да остануваат со првиот дечко иако не е за нив , ама поради некој си нивни замисли продолжуваат во врска во која не се среќни , тоа не можам да го разберам :x

    Поради тоа што ми е прв не го ставам на пиедестал , туку поради начинот на кој ме третира.
    Никогаш не знаеш што носи животот , :!: не би го оставила заради експериментирање , туку ако веќе не сум среќна или нема љубов .
    За мене тоа е битно во една врска а не кој е по ред ..
     
    На LICEN-LONDON, devojka54, K-pozitiv и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Ете, на некои луѓе едноставно им се погодува да го најдат тој што го бараат веднаш. Ако си среќна зошто да бараш понатаму?
    Имам една другарка, она се вери со дечко и, прв и беше, и викам, нели те копкало некогаш како би било со друг? Чисто онака од љубопитство. Ми одговори дека е среќна со него, ама и ми призна дека малку и е страв понатаму во животот да не и се јават тие желби, зашто најчесто неизживеаноста се враќа...
    И мене мојот ми е прв и последен, ама не и единствен. Во лудите години осеќав дека морам да видам што е и како е, за да можам да бидам мирна понатаму.
    Имав огромна среќа, кога сфатив дека сакам да бидам со него, он се уште ме чекаше.
    Затоа мислам дека кога ќе смениш неколку партнери можеш полесно да утврдиш што сакаш во животот и да бидеш среќна со својот живот. Да не те копка тоа што ако.
     
    На adrijanka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.461
    Пол:
    Женски
    Мислам дека промената на партнерите и искусувањето на различносите нема никаква врска со емотивната страна на љубовта и сексот. Лично не би ми пречело да останам со еден. Јака работа ако пробам 3 сладоледа наместо еден. Ако тој еден ме задоволува во секој поглед,физички ме привлекува, сексуално сме компатибилни зошто да не останам со него и да барам да пробам нешто плус.

    Факт е дека сексот во една врска е многу битен,но за мене многу побитна е емоционална поврзаност која многу потешко се добива и се наога отколку сексот. Него го има на секој чекор, но човек кој ке биде покрај тебе во добро и во лошо и кој ке те гледа како последна капка вода во дланка тешко се наога.

    Ги разбирам оние на кои партнерот им е целосно некомпатибилен во поглед на сексуалното искуство, не успева да ги задоволи ,сметаат дека ја нема потребната хемија мегу нив па се дрзнуваат кон нешто ново со некој друг. Но оние кои ради хир и принцип сакаат да сменат само затоа што се убедени дека жена со еден к*р не умира не ги разбирам.

    Како што кажав мојот прв не беше последен. Имам пробано повеке сладоледи но не по моја вина. Едноставно врските такви ми биле,несериозни кои не воделе кон брак. Некогаш прекинот бил од моја страна некогаш од спротивната. Но, никогаш не сум оставила дечко само затоа што во креветот не сме си одговарале. А сум имала и таква ситуација каде мојот дечко имаше нереално мал пенис и свршуваше уште пред да започнеме со сексуалниот чин. Сите ми велеа дека треба да го оставам со време затоа што понатака ке ми смета тој негов недостаток,но јас и покрај тоа сакав да бидам со него. Едноставно беше добра личност која со своите постапки правеше да заборавам лошото сексуално искуство со него. Од друга страна сум имала и дечковци кои навистина биле добри во спалната но од друга страна карактерно биле тешки говеда со кои врската во целост била неподнослива.

    Кога би бирала секогаш би одбрала некоја добра личност со која ке имам нормална врска и нетолку добр секс отколку некој Роко Зифреди кој ке биде добар во кревет но од друга страна врската ке ми биде терор со него.
     
    На BoyL, Edie.S и Mishela им се допаѓа ова.
  18. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Неможам да ги сватам оние кои велат дека сакаат да бидат само со еден сексуален партнер цел живот. Јас сум имала доста партнери во животот и никогаш не се каам за тоа. Кога го имав првиот дечко со кој мислев дека е тоа врвот и дека имаме прекрасен секс, ненадејно дојде до прекин на таа врска затоа што тој ме изевери и дури тогаш сватив колку сум пропуштила. Со секој нареден партнер сексот е поразличен и нуди едно поинално искуство. Не се сложувам со оие кои велат дека сексот си е секс и дека нема потреба да менуваш партнери бидејки сите имаат исто. Тоа е апсолутно погрешно, како да кажеш ма штокеми да го шетам светов и тука ми е добро во мојот град, споредбава ја направи затоа што секој нов партнер е за мене како ова дестинација која одново ја истражуваш додека ако си со 1 партнер постојано едноставно станува навика и знаеш дури и како дише а може да дојде и до презаситување.Сите вие кои викате дека еде партне ви е доволен пробајте да смените 2-3 партнери па ке видите дали ке го имате истото мислење.
     
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.025
    Пол:
    Женски
    Strumka 22,твојот личен живот си е една тема но не смееш да ги убедуваш другите што како да прават секој различно се осеќа :!: Tие споредбите меѓу секс и шетање кај ти текнаа :^) .Oва го читаат и малолетни девојки внимавај што зборуваш!
     
    На K-pozitiv му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Епа ако не цел живот менувај си партнери за да ти биде поинакво чувството |(
    Јас сум за тоа дека не постои правило дека мора да е прв и последен или дека мора да се сменат уште два-три за да се испроба ново. Едонставно, ако сум го нашла човекот за кого мислам дека е совршен за мене, со кого прекрасно се согласуваме, убаво ни е, се е како што треба ( тука спаѓа и сексот) тогаш дали треба да го оставам само за да пробам нешто ново? Мислам, мене ова ми е тотално апсурдно..
    Од друга страна, ако ни е врската лоша, ме изневертил и т.н секако дека нема да бидам со него само затоа што ми бил прв, глупости..Се си има свое :)
     
    На LICEN-LONDON, hermosa, Ilinaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.