1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прв и последeн  

Дискусија во 'Секс' започната од cookie19, 19 август 2013.

  1. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Ако малку подобро го разгледаш форумов ке најдеш милион пострашни работи и тоа лични совети кои се тотално погрешни а кои исто така ги читаат деца. Ако тргнеме така децата или малолетните воопшто не би требало да влегуваат во темата секс, бидејки таму нема ништо паметно да научат. А кажими ти мене која е разликата дали си била со 1 или со 15? Ако сакаме сите да шириме морални вредности тогаш треба да лажеме дека сеуште сме невини и така можеби младиве ке не послушаат и нема да се е*ат уште на 15 години.
     
  2. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Претпоставувам дека ст во право дека секс со секој нареден партнер е различен,
    ама тоа не значи дека ако останеш со еден партнер (и тоа за цел живот) сексот станува монотон.
    Ви се молам, да не го гледаме тоа што некои одлучиле да останат со еден партнер (вклучувајки ме и мене) како недостаток
    И да не е добар сексот на почеток може да се подобри,
    сакајќи или не сакајќи постојано сме изложни на, да ги наречем сексуални информации
    речиси секој интернет портал има опција љубов и секс и имаш голам милион информации, прелози, само како за пример
    Сакате нешто поразлично? Едноставно искористете го вашиот сексуално авантуристички дух
    и прбајте нешто ново (поза, место...) наместо нов партнер
     
    На LICEN-LONDON, SimonaTino и Lovely93 им се допаѓа ова.
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.025
    Пол:
    Женски
    Strumka22,не е поентата кој колку партнери имал,туку ти напиша пробајте со повеќе партнери поубаво е,е тоа може некој тинејџер здраво за готово да го сфати ,и да се согласувам со тебе има многу мислења и теми кои ги читаат и помладите а кои не се за пример.Mногу морализирање да нема,секој за себе,секогаш ќе постојат и невини и такви кои имаат 1 сексуален партнер и такви кои имаат 15 итн,секој за себе нека си одлучува!
     
    На LICEN-LONDON му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Абе каков последен,не велам да имаш безброј партнери,ама што е и тоа само еден,ќе ти се здосади кога тогаш,и ќе се каеш ,не се јади секојден едно исто јадење,така и сексот убаво е да се пробаат повеќе можности и опции и на крај да прецениш што ти одговара :rofl:
     
    На BoyL му/ѝ се допаѓа ова.
  5. adrijanka

    adrijanka Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    7
    Не знам дали ми е јасна темава?

    Дали машките би отвориле тема (како ние овде ) “прва и последна“?
    Некој и да го направи тоа, сигурно ќе биде поради зафрканции.
    Ќе се згазат од смеење.

    Не дека сакам да промоовирам менување на партнери. Не, не сум за тоа, напротив.
    Но, мене ми се чини дека женскиот пол сами си ја наметнуваме таа тема.

    Ќе зборувам хипотетички:
    на пример женската имала (прв) партнер кој бил неколку години повозрасен од неа,
    за кој со сигурност знае дека не му е прва, а тој нејзе да.
    Значи, бил претходно со поголем број девојки.
    Се прашувам кои се тие девојки? Сигурно не одел во јавна куќа!
    Значи сите други се .... да не кажам што, само мојата девојка која ќе
    ја земам за жена не е . И најголем број машки секако гледаат да земат жена
    на која тој им е прв. И успеваат во тоа.
    Значи ако гледаме математички, некако нема баланас. Испаѓа дека треба да има 50% повеќе жени отколку мажи, што во реалноста не е така, бидејки голем дел од машките земаат невини девојки,
    а од друга страна самите тие оделе со еден куп девојки.

    Па кои се тие девојки со кои они оделе претходно? Изгледа жените на комшиите( а комшијата исто така си знае дека жена му само со него била)

    А најмногу од се ме иритира, кога ќе видам женски кои сами себе си се “перат“, сум имала
    предбрачен секс, ама само со мажот ми. Мое мислење е дека во недостаток на други сопствени квалитети, мафтаат со 1 милилитар крв.
    Е добро он бил прв, ама само тој квалитет ли треба да го има идната сопруга?
    Кога прекрасната принцеза(која била само со него) за неколку години ќе се преобрази во троглава аждаја, ќе се сети тогаш дека имало и многу “подобри девојки“ пред неа, и дека може невиноста и не е најбитна работа за да потоа еден брак опстои на цврсти нозе и да се создаде хармонично семејство.
    Многу жени, бргу после неколку години се менуваат, а со таа невиност со која влегуваат во брак после му мафтаат пред нос цел живот и на многу од нив тоа им е и еднствениот адут со кој влегуваат во брак.
    Тој многу брзо сфаќа дека се зезнал, али,...

    Невиноста треба да биде важна и за двајцата партнери, не само за девојката.
    Знам многу девојки кои поднесувале некои работи во врска само од овие причини, тој бил првиот, и како сега понатаму? Што ќе рече вториот? А дечкото си “свирка“ знаејки ја нејзината
    психологија.
    Не би сакала некоја девојка да ми замери ако случајно се пронајде во овој текст.
    Но навистина не ми е јасно како во денешно време, со толку паметни и образовани жени, да се отвори оваква тема.
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    На мене маж ми ми е прв. А дали ќе ми биде последен, не се знае. Ако си со еден партнер, не значи дека сексот ќе ти стане досаден. Со маж ми сексот ми е одличен. Се уште ја има истата страст како на почетокот.
     
    На hermosa, srcence1607 и SimonaTino им се допаѓа ова.
  7. adrijanka

    adrijanka Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    7
    Не верувам дека има исклучоци.
     
  8. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Значи баш има многу примери на „Прв и последен“.
    Знајме сите дека животот не е бајка и дека често не излегва според планираното, ама не ми е јасно зошто потребата да се напаѓа одма по некој со поромантично-конзервативни мислења?

    Искрено, јас до лани мислев дека невиноста ќе ја изгубам онаму на 24-25 и то со некој скроз небитен онака за еднаш. Од проста причина шо си бев научена дека љубов за мене нема, дека никој неможи да ме трпи ваква темпераментна и амбизиозна и променлива. И од прост факт дека до 19 години немав дечко задржано подолго од 1 месец.
    Ама, ете сум во 9 месечна врска со официјално првиот мој дечко во секоја смисла, секако и во интимна. И сега сфатив дека то „интимното“ не било за џабе интимно. Сфаќам дека јас неможам со секој да ги прам оние работи шо ги прам од љубов со дечкото. Знам дека сум уште и млада, и неодамна во сексуалните води, и не ни велам дека ќе ми биди последен... Ама ако биди, и ако јас го сакам како шо го сакам сега, би ми било најдоволно за цел живот. Помислата само друг да ме допира ми е одвратна. Зато викам, ако го сакам вака како сега, ако ми е доволен како шо ми е сега, а вервајте не преувеличвам скроз би му бил доволен на секоја жена, не би имала НИШТО ама баш НИШТО против да ми биди последен! :inlove:
     
    На LICEN-LONDON и srcence1607 им се допаѓа ова.
  9. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас не сум искусна воопшто во секс ниту пак сум имала некоја долга врска.
    Но мислам дека немора со некој што ќе ја изгубам невиноста да останам засекогаш со него. Или пак да ја дадам невиноста на некој што ме "сака" или сме заедно многу време. Поентата спорд мене е да уживаш во сексот а тие работи сакање, па и не сум сигурна многу во тоа гледам и бракови се распаѓаат од толку голема љубов. Ништо не е вечно. А би сакала да имам повеќе секс партнери од еден во животов... и не би сакала да се омажам со тој еден што ќе е со мене, затоа што тој сигурно имал повеќе партнерки пред мене :), тоа значи повеќе искуство и си го живеел животот. И на крај не е најважно дали тој бил прв, најважно е да ми е најубаво со него не само во секс туку и во нашата врска :)
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Леле боже, значи ја почнав темава да ја читам од почеток и како читав така зажалив што сум ја отворила. Вакви ограничени размислувања не можев ни да претпоставам дека ќе има :^) . Ама добро, женска глава... сите сме праеле филмови со некои дечковци дека тие моменталните ќе не` сакаат вечно. Па и уште среќа било тоа да се има таков принц од бајки со кој ќе ја изгубеш невиноста и на крај ќе те жени :clap: wow! Па како бе така размислувате уште не влезени во врска? Демек ај со овој нема да имам секс бидејќи не знам дали ќе ме зема за жена... или еве пример сум имала и сеа типов ме вара,тепа,лаже, ама не му раскинувам зашо прв ми бил па мора и последен. Алоооо не живееме во среден век. И после се чудите зашо мажите размислуваат така, па дел од нас жените на тацна им го приложувате ова, што нели нормално им се допаѓа и оп наложување од општеството на жените да им се бројат сексуалните парнери, а на мажите не... и после ќе бараме полова еднаквост - епа тешко дека ќе ја добиеме драги мои.
    Немам намера ничиј став да навредувам и не се залетувајте веднаш со напади и превртувања да ме направите радодајка од прва класа. Секој си има свое мислење и така и јас си го пишав моето како што сте се изјаснале и вие.
     
  11. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Madam A, никој тука не ги ограничува женските, сама гледаш дека тоа си се наши желби и размислувања. Не сакам никого да навредам, меѓутоа и јас сум од тие со еден партнер и супер ми е, што под дифолт кажува која страна ја заземам јас. Да, постојат такви принцови, ако не си го нашла не значи дека не постои. Мене секогаш ми било тоа желба и мило ми е што сум нашла некој што ми одговара на тоа и секое поле. Не сите размислуваме исто и никој не те нарече радодајка, сама се нарече така. Не ја сфаќам потребата за наметнување на свои ставови и мислења на форумов. Ни ти можеш да размислуваш како мене, ни јас фала богу.

    За мене сексот е цврсто поврзан со љубовта и емоциите, тие два поима ми се во нераскинлива врска. На некој можеби моето размислување му е несфатливо. Ни ме интересира ни се замарам како мисли некој друг, а уште помалку што ни го знам ни ме знае. Терајте си го ќеифот и научете веќе еднаш да не се оптеретувате со паметување и наметнување на свои мислења.
     
    На LICEN-LONDON и SimonaTino им се допаѓа ова.
  12. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Значи на вакви теми секогаш ќе ги има од една страна оние кои имаат еден партнер и тврдат дека е тоа најдобро, и оние кои имале повеќе и тврдат дека тоа е подобро!
    Јас до сега сум имала еден партнер, заедно сме прилично долго време, двајцата сме си први, а дали ќе си бидеме последни не сакам да размислувам и не можам да знам. Ама знам дека јас сум задоволена и физички и психички и целото внимание кое го добивам во моментов ми годи многу. Поентата ми е, НЕ би го ризикувала тоа што го имам сега, само за да видам како е да се има секс со друг. А не би ризиувала бидејќи се што имам, ми е погодено. Поентата на врската е да се одржува, најлесно е кога нешто малце нема да чини да се прекине и да се почне нешто ново и возбудливо. Тоа ново и возбудливо кога тогаш ќе застари и така до недоглед да се оди не бива. Е сега некои прашуваат, а од каде знам дека нема подобро? Мој одговор е СЕКОГАШ има подобро ЗА ЖАЛ. Никогаш никој не може да потврди и да гарантира дека сега тоа што го има е најдобро и дека нема подобро. И затоа е глупаво според мене само за да видиш дали има подобро да го прокоцкаш тоа што ти е скроз ок. Љубопитноста е најдобра особина за учење, ама знае да биде и најлоша затоа што не постои нешто што би ја задоволило 100%.
    Најубаво е едноставно да не се размислува за тоа, да се ужива во моментот, барем денес колку-толку (за жал не целосно) се надминати тие стереотипи дека девојката е развратничка ако има повеќе партнери итн. Ако само по себе си дојде да двајца млади успеат да ја одржат врската, и духовно и мисловно, па и физички во смисла на постојано да ја обновуваат страста, тогаш зошто да не си останат први? А ако се случи да после одреден период нешто искрсне, се смени некој од партнерите (или двајцата) тогаш нормално е да се прекине тоа и да се има нешто ново со некој кој ќе биде исто или уште подобар!
    Ама оправдувањето нема да знаеш дали е подобро ако не пробаш е булшит, и од подоброто нема да знаеш дали има уште подобро ако ПАК не пробаш. Затоа секој треба да научи, не само за секс, туку за многу работи во животот да процени кога нешто е доволно добро да се одржува.
     
    На LICEN-LONDON, mimiiiii и Lovely93 им се допаѓа ова.
  13. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    - ќе се цитирам:"Немам намера ничиј став да навредувам и не се залетувајте веднаш со напади и превртувања да ме направите радодајка од прва класа. Секој си има свое мислење и така и јас си го пишав моето како што сте се изјаснале и вие." - Значи не наметнувам јас ништо, од кај тоа? Ни па "опаметувам". Само превентивно пишав во самоодбрана пошо очекував дека ќе ми се нафрлат феминки како да проповедам неморал. Форум е, сите си пишуваме што ни лежи..некое можеби имаат приметено во по шкакливи теми ама јас на никоја за ништо не сум осудила колку и да не е нејзиното мислење во ред според мене, тоа бидејќи не е моја работа нејзиниот живот, па така ни сега ништо лошо јас не кажав за останатите неистомисленички.
    - и јас имам еден партнер засега, баш и во некоја друга тема имам со тебе дискутирано за тоа (да не испадне дека сега глумам светица) и јас не викам дека е грешно да имаш еден и едениствен партнер, туку јас сметам дека е грешно да влезеш во светот на сексот со тој став. Па никој од нас не е баба Ванѓа за да планира таква работа. Ете јас со него сум сега и врската ни е убава ама се бива. Дај боже да остане на ова ама ограничени размислувања дека треба да биде некако мислам дека се малку застарени. Не е ова некое правило за да треба или не треба, едноставно спонтаноста на живото го носи и тоа.

    - Еве Ивановска фино го скоцкала, тоа е тоа што јас сакам да кажам од аспект на сексот. :!: Не се планира таква работа и затоа ми е чудно како тоа некои си планираат колку партнери во животот ќе имаат. Ради вакви работи се случува да си зацрта некој нешто и после повреден бил, епа бил...а на страна тоа што општеството диктира сите да се невини, жалам што во самото тоа ние самите си имаме удел.
    Како и да е, живот е, тој свири, а ние играме :)
     
    На Spidy и Lovely93 им се допаѓа ова.
  14. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Јас нема да коментирам многу на темава, ама едно нешто ме интересираше. Тие што викаат супер ми е со дечко ми, компатибилни сме, не би менувала ништо, а единствено со него имале односи, како може тоа да го трвдат кога не биле со друг никогаш. Не можеш да кажеш супер ни е во сексот, кога нема со кого да споредиш :?: Од кај знаат како би им било со друг, за да кажат..
    Тоа е исто само еден вид чоколадо имаш пробано во животот, а викаш најубаво е нема поубаво, кога ти уствари не си пробал поубаво, па ни полошо, за да можеш да кажеш нештото дали го бива или не го бива.
     
  15. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Па еве да збориме отворено, целта на сексот е да биде убаво додека трае ( да не трае кратко :lol: ) и да кулминира со оргазам нели? Ако го имаш се тоа значи дека сексот е добар. Глупаво е да се споредува самозадоволување со вистински секс, ама ако некој сака може и тука да направи споредба, ако некој преферира самозадоволување, а од друга страна има и шанса да има секс тогаш најверојатно сексот и не е баш баш... Ова е мое лично мислење. Подобар партнер за секс има сигурно, ама и од подобриот има уште подобар и се тоа оди во недоглед. Ама целта на една врска реално не е само секс. Да, убаво би било да пробаш со некој друг па да испадне аха еве не е добро, ќе си се вратам кај дечкото што е цел пакет со машничка затоа што има и полоши од него во поглед на сексот, ама јбг не иде баш така.. Барем јас не би го правела тоа. За мене лично добра врска во која сексот мене ми причинува огромно задоволств и се друго во врската ми е задоволство не вреди да се ризикува за да видиш само дали сексот со некој друг може да е подобар. И нема што да гледаш, да со други партнери или ќе биде подобар или ќе биде полош, ист нема да е сигурно. Секој сам треба да си процени дали за него лично вреди да ризикува. И на крај краева, ако за мене сексот со Ставре е добар, може за тебе да не биде и обратно, се е тоа индивидуално. Добар секс не може да се опише и да се спореди, може само да се доживее лично.
     
    На LICEN-LONDON му/ѝ се допаѓа ова.
  16. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Јас не реков додека си во врска со друг да бидеш од љубопотност, далеку од тоа, јас сум ептен против изневерување, муабетот беше врз основа на претходно искуство пред тој дечко да направиш споредба. Реално убаво викаш да се доживее треба, па се додека немаш со што да го споредиш тоа доживување не можеш да кажеш дека некој дечко е одличен, со кого го споредуваш за да кажеш е одличен, кога со друг тоа не си го доживувал.
    Мене само ми беше интересно како некој вика супер е мојот дечко, а нема со кој да го спореди за да знае баш дали е супер, тоа е тоа, не навлегувам во подлабоки дискусии.
     
  17. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам со Ивановска и те разбрав и ти што сакаше да кажеш. Се согласувам дека не можеш да испланираш се и цврсто да стоиш на тоа кога не знаеш што ти носи животот. Јас од претходниот твој пост помислив дека не ти се отварала темава зашто повеќето се изјасниле за еден партнер, па затоа сакав да кажам дека не сите размислуваме исто. Се разбравме. :)
     
  18. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Па жими се покајав шо ја отворив зашо некако девојчината како во стаклена кутија со розова панделка да живеат се распишале... нема везе ај да не се повторувам сега, битно си направивме ние муабет ;)

    ...И да не одам многу офф ама тоа е со пишанкиве, не можеш секогаш ни да се искажеш, ни да сфатиш, ни да се разбереш. :D
     
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Карина лесно се знае дали ти е супер сексот или не . Или уживаш во него или не .. Многу е лесно да си ги пpeпознаеш знаците на сопственото тело , нема потреба од аналитички постапки за споредба :D

    Убаво кажа Ивановска поентата е да се ужива во моментот .. Што ќе се случи во иднина никој не знае .
     
  20. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    И јас често размислувам на темава баш заради тоа што сум во релативно долга врска за мои години, и дечко ми е прв. Често размислувам што ако останам само со него до крај, па бидува ли ништо друго да не искусам, дрн дрн јариња. Ама, ако ми е убаво, ако имам некој кој на крајот на денот може да ме насмее иако мене ми е до плачење, некој со кој можам да делам и убави и лоши моменти, некој без кој не можам да си го замислам денот моментално, зошо да си го уништувам сето тоа само поради сексуално искуство и задоволство кое во никој случај не се мери со она што сега јас го имам со партнерот на емотивно ниво? Треба да си ја чукам главата после ако сфатам дека сум уништила нешто кое ми носело среќа само заради некој каприц? Неизживеаност? Да, може со следниот партнер ќе ми биде уште поубаво, ама може и ќе сфатам дека сум направила огромна грешка. Со какво лице ќе му се вратам јас после него? Маче јас пробав секакви, сексот беше феноменален ама тебе те сакам, сега ти прибери ме? Простете на вулгарноста ама
    рекле дека жена без еден к*р не умира
    .
    Така да, мојот став е да не си ставам трн во здрава нога, не е дека јас уште од сега планирам свадби и деца со сегашниов партнер, ама додека е убаво, нека тера. :)
     
    На LICEN-LONDON му/ѝ се допаѓа ова.