1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прв и последeн  

Дискусија во 'Секс' започната од cookie19, 19 август 2013.

  1. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Еве еден пример на две жени мои пријателки , со тоа прв и последен.
    1.Едната е факултетски образована, доста имотна и вработена од многу позната фамилија.
    Со дечкото идеа од 17 годин.Таа 17, тој 19. Одеа од средно, па на факултет и на 27 се земаа. Тој и беше онака прв посериозен дечко и ја изгуби невиноста. После иде прво дете, па второ дете. И после 10 години брак, тој ја напушти за друга, а таа си остана сама. Ја напушти, се фатил во меѓувреме со друга, зОШТОсватил дека не му одговарала. Значи сватил после 15 години заедно :o . Денес и таа самата кажува колку и е мака што и беше прв и последен.
    2.Другата пак е спротивна животна ситуација, барем сега за сега. Тие се заедно од факултет, таа имаше 18 а тој 22 тогаш. Таа рече тој ми е прв и никогаш нема да можам да бидам со друг.Тогаш таа имаше такви ставови и на тоа и остана. Веќе долги години се во брак со него и си имаат деца, а до сега не се пожалила дека нешто не е во ред.

    Мислам дека тоа прв и последен, најмногу зависи од личноста.
     
    На Brinetka, Desi1991k, LICEN-LONDON и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Многу ми се допаѓа како размислуваш! Се наоѓам во иста ситуација и сега за сега го делам истово мислење со тебе.
     
    На Fallen.Angel и LICEN-LONDON им се допаѓа ова.
  3. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Мене не може да ми биде јасно зошто мислите дека сексуалното искуство на една жена која имала 5-10-15 сексуални партнери е побогато од онаа која имала само 1?
    Може ли некој да ми го објасни ова?

    Јас тргнувам од себе, во врска, а од скоро и во брак сум со истиот, прв и последен сексуален партнер.
    Заедно сме скоро 8 години и за сите овие 8 години сметам дека имам можеби не толку богато, но и не баш скромно сексуално искуство.

    Дури мислам дека онаа меѓусебна доверба, тоа одлично меѓусебно познавање, таа стабилност на врската, тие заеднички искрени чувства, таа љубов и сигурност која ми ја дава тој прави да се опуштам максимално, прави да го исклучам мозокот и да им се препуштам на чувствата кои ме обземаат во тој момент. Пред друга личност не би можела да се предадам така лесно!

    Со сето ова што го набројав многу лесно и едноставно можат да се остварат сексуалните фантазии кои го збогатуваат сексуалното искуство.
    Значи остварувањето на сексуалните фантазии го прави побогато сексуалното искуство, не бројот на партнери!
    Така е барем според мене, затоа и не знам каква врска има бројот на партнери со богатото сексуалното искуство? :?:

    Што ми треба да искусам нешто поинакво, кога сега имам СЕ?!
    И да не преживее нашата љубов, нема ни за момент да се покаам за одлуката која сум ја донела, бидејќи во моментов сметам дека така е најдобро за мене!
    Од каде таа потреба тогаш и по толку години да помислам: Ех требаше да искусам како е да се биде со друг?!
    Па зарем тоа нешто би променило? Не!
     
    На Petar80, LICEN-LONDON, MilaP и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам со тебе Jagoda123 ова ме потсетува на некој кој што цел живот одел на одмор само во Охрид, и ги убедува другите дека нема потреба да одат на море или да шетаат низ светот затоаш што и таму и ваму е вода. Да, вода е но и од вода до вода има разлика.
    Секако дека некоја осоа која цел живот била само со еден неможе да ме разбере, бидејки таа во главата си ја идеализира таа особа со која што е и не ни сака да помисли дека тоа она што го добива е рамно на нула. Да се разбереме, јас не пропагирам неморал, но во младите години сметам дек треба да се има повеќе партнери и да се проживее животот сходно на годините. Неможам да разберам како може првиот дечко да ти биде и последен, тоа никако не ми влегува во глава.
     
  5. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Абе зошо споредувате човек, живо суштество со чоколада или одмори? МНОГУ глупави споредби.
    Емотивната поврзаност кон човек и чоколада или место немаат допирни точки, и не вреди да ги споменувате ни како компарација.
     
    На LICEN-LONDON, Jagoda123 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  6. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Strumka22 и јас морам да се согласам со AmericanWoman дека споредбите ти се навистина лоши.

    Ќе те поправам, јас во своето прво мислење не се обидувам некого да разубедам дека мојата одлука да го поминам животот со еден сексуален партнер е најиспревна и дека секоја поразлична одлука од мојата е погрешна.

    Па и јас ако ми се случеше нешто пред 5-6 години и ја прекинев својата врска поради одредени причини, сигурно немаше да останам цел живот сама и со еден сексуален партнер, нели? :)

    Поентата ми беше: Зошто ако најдам се што барам во еден човек, не останам само со него? Што тогаш би барала кај некој друг? Што поразлично може да ми понуди тој?

    Многу ме интересира, како дојде до тој заклучок дека се она што ние го добиваме од тој еден сексуален партнер што си го имаме е рамно на нула?
    И не мислам дека јас не сум си го проживеала животот во младите години, зошто пак ќе кажам иако со еден партнер, јас имам прилично солидно сексуално искуство.
    Бидејќи за мене сексуалното искуство не претставува бројот на партнери, туку реализирани обострани сексуални фантазии, а за тебе што претставува?
     
    На LICEN-LONDON, s1a1n1d1r1a1 и AmericanWoman им се допаѓа ова.
  7. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Многу се согласувам со Jагода123.

    Буквално предобро објасна се.

    Значи мора да сфатиме сите дека има две страни тука, и дека за секој неговата е правилната.
    И то е супер :D оти сите си имаме различни карактери, различни очекувања, различни желби и амбиции.
    Искрено јас сум пример многу затворена личност во тие работи, имам одредени трауми од детството и многу тешко успеав да се опуштам сексуално со овај еден партнер. И моментално за ништо не би го сменала то, ни за најдобриот на светот во кревет. И ако се е во ред во иднина во нашата врска, не би ми сметало да е тој прв и последен.
    А доколку имаме проблеми, се скараме итн итн, не би ми сметало ни да има втор, трет итн.

    Поентата шо сите со еден партнер сакат да ја доловат, е дека ако си среќна моментално задоволена и сексуално и на повисоко ниво, тогаш зошто би го отфрлила то? :lol:
     
    На LICEN-LONDON му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.160
    Пол:
    Женски
    Мене тоа ми е некако глупаво. Фактички, немаш некое искуство. За искуство треба да пробаш барем тројца. Некој подобар, некој полош. Едно исто цел живот не чини.
     
    На BoyL му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Познавам другарка, татко и беше многу строг, не и дозволуваше да зборува со машки, при крај на средно, другарка ми запозна еден дечко, од како дозна татко и не ја пушти да иде на матура, после една год се омажи со него и сега имаат деца, она не беше повеќе заљубена во него, ама татко и и рече дека ако раскине со него, со друг не смее ништо...страшно од една страна, јас сметам дека нема врска прв, втор, трет, сето тоа се броеви, со кој ти одговара највеќе со тој остануваш и готово.
     
    На cresa-jagoda, Purelove92 и Sofija099 им се допаѓа ова.
  10. Sofija099

    Sofija099 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Искрено нема поголема грешка од тоа да бидеш со некој а да нема љубов страст... татко и изгледа не е преминал од 18ти во 21 век... жално
     
    На cresa-jagoda, Luciferovog zlo♧ и Purelove92 им се допаѓа ова.
  11. AliciaSilver

    AliciaSilver Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    210
    Пол:
    Женски
    Има такви и јас познавам...му се брзало на девојките да не останат стари моми или во друг случај биле во врска од седмо одд па се до 26 год и на крајот брак
     
  12. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    3.479
    Пол:
    Женски
    Катастрофа какви луѓе постојат. Никој не смее да надметнува, наредува..психопатично ми делува.
    Ако имаш дете не значи дека стануваш диктатор. Има луѓе кои не заслужуваат да бидат наречени родители, не е само роди го и ајде..Океј е да советуваш, но мора детето да елововира и да изгради сопствен карактер.

    Слично како Луци погоре и јас во средно имав пријателка, која не смееше да носи кратко, да се шминка, да излегува - буквално беше слугинка дома. најде постар човек и се омажи само за да избега од таа тортура. Сега како се одвива тој брак можете да замислите.

    Инаку секој со своето животно искуство ако се случило да им се посреќи со high school sweetheart супер, јас секогаш сум од страна на љубовта.
    Субјективно никогаш не ми се брзало и секогаш сум работела прво да се изградам како личност, образование, па да се на посветам и на друг.
     
    На cresa-jagoda и Joi им се допаѓа ова.
  13. bunny19

    bunny19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    171
    Имам другарка од средно која до своја 17-та година немаше излезено навечер. Во 4та година се фати со еден, и беше прв за тоа мајкаи знаеше и секако и имаше кажано ако ти е прв нема друг. Типот беше болно љубоморен , он излагаше шеташе а таа немаше право да иде ни на роденден кај школски ни нишо. Или ако имаше спаднено секако тој беше во истиот кафич и поради некоја банална причина ќе се најдеше да ја малтретира. Сето тоа ќе резултираше така што таа си идеше дома уште во 10. Истото се деси и на матурата дојде типот и ја собра дома. Девојката не можеше да се мане од него, остана трудна и еве сега со него е во брак има 2 деца и не мрда од дома . Дали тоа е животот и колку е среќна не знам, не сум во контакт со неа. Имам забележано дека ваквите грешки најчесто настануваат поради притисок од родителите и таквото размислување дека ако ти е прв мора да е и последен. Сметам дека денес со новите генерации сето тоа се надминува и во иднина се надевам дека ќе бидеме родители кои ќе застанеме позади одлуката на своето дете, дека ке го советуваме макар и да има згрешено
     
    На cresa-jagoda, Purelove92 и Joi им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Познавам такви што се со еден партнер цел живот.
    Како инфо, некои од нив, не остануваат на еден. Во брак наоѓаат и втор и трет итн

    Пред да ми се втурни некој, исто како вие што кажувате примери кои ги знаете, и јас кажувам од примери кои ги знам, кои лично ми се довериле дека бројката отпосле ја зголемиле.
     
    На Darko009 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    На ваквите поштени сите one night stand-ови им се со по 'еден'.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не чепкај ме за тоа!!
    Тој што ми беше втор, беше уан најт стенд!
    Не ми веруваше дека е втор!

    Тоа оти сите лажат: Ти ми си втор, првиот само еднаш, на грешка ми го стави
    /трепкасоочитекакокуклананавивање/
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Natural91

    Natural91 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Демоде стана да бидеш чесен :^)
    покул е да бидеш развратен да идеш со женети/мажени, да мењаш 7 у вечер, оргии, твистови чуда...
     
    На Kitty23, cresa-jagoda и A.27 им се допаѓа ова.
  18. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Мене никој не ми наметнал таков став, самата сум се насочила кон таа опција.
    Ниту ми било забрането излегување, ниту дружење и комуникација со машка популација. Но, не се пронајдов во тоа менување на т.н. партнери уште од тинејџерски години кое постојано ми беше во околината.

    Сакав нешто сериозно, стабилно,што ќе трае и не се впуштив во врска додека не запознав некој кој е спремен за истото. Едноставно ми е навреда доколку некој од старт ме смета како минлива фаза.
    Започнав врска на 21год.. Доколку се продолжи во овој ред, сакам сегашниот партнер да ми биде и последен.

    Но, доколку односот се наруши, во никој случај не би се осудила на несреќен живот поради нечии предрасуди. Тоа секогаш ќе биде моја одлука.
     
    На Amellie13, WildMk, Fallen.Angel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Не не, мислев на сите девици кои патат од синдромот - првиот мора да биде и последен.
    Teбе нe те чачкам, се знаеме кои сме. ;)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Meне само не ми е јасно зошто за тие девојки кои имале еден партнер или се омажиле за првиот, читам демек биле неизживеани, како живееле толку монотон и досаден живот, биле заробени во кафез, како не посакувале да пробаат со друг итн...:|
    Едноставно имале среќа да се погодат со првиот, имале среќа првиот да биде некој што толку го сакаат и ги сака, што е со нив и во добро и во лошо, и што не им е битно да стекнат повеќе искуство и да пробаат со повеќе партнери, туку да има љубов и доверба, било со првиот или десеттиот.

    Јас самата сум во релативно кратка врска со прв дечко (скоро 2 години) и знам некои ќе речат млада сум и понатаму ќе ми здосади, ќе сакам да пробам. Ама доволно се знам себеси за да знам што ми е важно во животот.
     
    На Amellie13, WildMk и Joi им се допаѓа ова.