1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прв лет со авион (доживувања)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Snow-Queen, 22 ноември 2011.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Ајде да се насмееме малку. :lol: Сигурно секоја од нас имала интересни случки со првиот лет, или пак немора да е првиот, може да е и некој друг лет.
    Епа еве јас ќе започнам. Мојот прв лет беше до Париз ... :drunk: патував со мојот клубски тренер, и нон-стоп беше, а зошто вака,а зошто ова, а нормалноли ли е ова....
    следниот лет беше до Атланта-USA, ако верувате откако седнав и се врзав на седиштето,повеќе не се одврзав, сите си шетаа низ авионот, си гледаа филмчиња, а јас врзана не се помрднав, бев бледа како со мокри крпи да ме удирале.Инаку во летот не ставив залак на уста, ни јадев ни пиев,ни во wc не одев, едноставно организмот не ми функционираше. ... како преживеав незнам, но земјата ја бакнував кога слетав.
    Секој наредeн лет беше се полесен, но сепак кога срцето не ми застана на првите летови, добро е :D
     
    На Meckicja, buba4e89, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Првиот лет ми беше до Турција, Анталија. Сите мислеа дека ке сум уплашена и бледа, но всушност воопшто не беше така. Баш ми беше супер, јадев, читав списанија.. Секој лет понатаму ми беше се позабавен. :D

    и снежна кралице (ако ми дозволиш да те викам така) баш ми се допаѓа тоа што си доста нашетана, мора да имаш супер искуства. :)
     
    На Meckicja, buba4e89 и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Не е воопшто проблем, слободно викај ме така
    Хехехех :D искуства од поглед на летови, или од култура (спознавање на светот поопширно) :lol:
    Хехехех за летовиве цели книги можам да напишам.

    Пример летот од Минхен-Скопје грмеше - небо и земја се споиа (ако ми верувате нозеве назад ми се враќаа,не ми се качуваше во авион)

    Единствени летови кои мирно и relax сум ги поминала биле Скопје-Љубљана и Скопје-Истанбул (изгледа дека беа кратки релациите)

    Но пак затоа Сингапур, :worried: :sweat: натаму и некако, ама за назад, толку немирен лет ооо боже мој.
    Дури и патот беше подолг отколку до Америка (ама затоа слетувањето во Атланта беше ужас, 6 пати се спушташе и кревање нагоре,неможеше да го спушти авионот, и на крај кога тресна кога се залула,добро што останавме живи)
    И после човек да нема страв???? :?:
     
    На buba4e89, cresa-jagoda, dancing.queen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Мене ми е страв.
     
  5. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Сеуште не сум се качила на авион , но сепак многу би сакала :D ;)
     
  6. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Не, од летање не ми е став. Став ми е од аеродромите, оние големи, хаотични, леле мајко. Страв ми е да не го пропуштам летот ако имам време за транзит 45 мин. Многу сум смешна, секогаш пред летови вадам на интернет мапи од аеродромите и ги студирам.

    А за време на летот, страв ми е само да одам да мочкам, или да не седнам до некој удав.

    До сега сум имала убави летови, се надевам така ќе биде и понатаму.
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Мојот прв лет беше траги - комедија :D
    Јас сама со 6 месечно бебе во раце се качувам прв пат во авион. Летам за Анталија,, мм ме чека таму одиме на одмор. Ајде со летот доцнеше цели 4 сата, па цели 4 сата не бутнаа во онаа просторија после пасошка контрола и назад нема (умрев за цигари :$ а бебето од мака заспа, а моб. исклучен и во куфер чекиран :) ). Знам дека мм скапува на аеродром и се туфка каде сум и ме барал сигурно а никако да ме добие.
    Се качувам во авион и до мене седнува млад пар (дечко и девојка и на нив прв пат летање). Жвакам нервозно Орбит и полетува авионот и бебето се буди и ВАААААА, вадам цицка и му бутам во уста за да му се откукаат ушињата. Тој цица и ме гледа право во очи чудно, а девојката до мене кога кажа ,,страв ми еееее,, и ја фати некоја паника и во скут на дечкото.
    Доаѓа струјрдеса и вика мора да седи врзана а таа како мојот мал ,, ВААААА,,. :)
    Мирен лет во глобала со мали турбуленции, бебушот спие, а мене ми памет кај мм.
    При слетување малиот се буди и никако цицка да фати и му дадов Орбит :D . И така детето се научи да џвака од мали нозе.
    Поминувам се излегувам надвор без куфери да го најдам мм да му дадам бебе а јас се вратив по куфери.
    Кога го видов (а го видов после 4мес.) пак се заљубив во него.
    За назад и после неколку летања немав гајле ;) а и малиот. До ден денес кога ќе се качи во авион, Орбит во уста и вели ,,одиме на одмор,, :D
     
    На ❄️Snowflake ❄️, Meckicja, buba4e89 и 21 други им се допаѓа ова.
  8. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Па сеуште не сум се качила на авион, а многу би сакала :)
     
  9. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Првиот лет ми беше доста интересен,иако ме фати паника малку дека скроз сама бев.Прво ми беше Скопје- Истанбул.И дома храбра јас,пххх за еден лет...ахам кога рече да ми се повраќа од мука ни јас нензам зашто :( .Но,кога се качив веќе,ок се си беше не ми беше воопшто страв.Е кога слетав кога го видов аеродромот :o огромен,си викам леле ѕвончице немој да се изгубиш некаде.Таму имав чекање до нареден лет 8 часа :tmi: збеснав,тоа фришопот 34967480 пати го прошетав.
    Следниот лет после конечно поминати 8 часа ми беше до Тел Авив,тој па ми каснеше 1 час,неможеше да полета нешто.Дечко ми сирот почнало да го фаќа паника веќе :sweat: зашто ме нема.
    Кога слетавме,јас од апчето за патување како пијана бев,и одев по еден пар пред мене да не утнам хехех.Кога конечно го видов :inlove: аххх си викам добро е стигнав!!!
     
    На buba4e89 и dancing.queen им се допаѓа ова.
  10. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Јас обожавам да патувам со авион. Уживам, воопшто немам страв! И сакам да си седам до стаклото и да си гледам надвор. :angel:
    Кога бев помала, си викав:" ееее кај дедо Боже сум сега." Лелеее :rofl:
    Сум имала и јас смешни ситуации, една од нив била следнава. Ми се одеше во веце, и станав си отидов. Мочкав шо си мочкав, и сега да си се вратам. Арно ама, вратата никако не се отвараше! Не знаете кои паники ме фатија, башка и како се слушаше бучењето на авионот, ау триста филмови ми поминаа низ глава :o
    И кога сум фатила да лупам на вратата и да пиштам на цел глас :"Отворетеее, отворетеееее!!" :rofl:
    И ми отвори една стјуардеса, па ми беше срам да ја погледнам в очи, али ајде 12-13 години имав. :rofl:
    И оттогаш, кога одев веце секогаш си земав некој со мене да седи пред врата. И сега последен пат, си ја зедов сестра ми пред врата, и верувајте по толку време пак се случи истото, а и ја научив финтата на глупавата врата, абе ми се врати цел филм ама се израдував што сестра ми е пред врата, да не мора ко лудача да пиштам. :lol:
    И тропнав, и ми отвори. :lol:
    А па два пати кога патував сама, едниот пат умирав за мочање, абе почнав да гребам на седиштата. :rofl:
    И не отидов во веце, страв ми беше да не заглавам. :rofl: Арно што патувањето беше сат и пол.

    п.с. ја мразам храната во авион. Шугаво сендвиче без вкус. :puke:
     
    На buba4e89, Monna.Monna, Unfaithful18 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Лелеее првиот лет :D
    До Лондон, преку Австрија. Ај што ме беше страв од самото полетување, па си седев врзана цел лет и ми се чини ноктите си ги оставив во дланките стискајќи, ама кога слетавме во Австрија ми олекна. Ама ми текна дека леле пак треба да летам. Само на каде, на аеродромот се изгубив. Паника! Па овој аеродром има повеќе од излез 1 и излез 2, па види ги ти нив со А со Б со Ц па 1 2 3 4...ми се чини стравот го изгубив така, додека се нервирав да најдам кај треба да одам за да се качам на вториот лет.

    После години и години, со 50+ лета набиено искуство :lol: со ваков превоз ми е како во автобус. Оваа година ми е рекордер со 10 лета. Немам многу драми освен што еднаш кафето ми се истури во скут од турбуленциите, слетување на поледена писта де ќе слетаме де нема де ќе слетаме де нема, и еднаш не придружија три противпожарни возила на слетување(ама не се запаливме). Единственото нешто што ме мачи е чекањето по аеродроми, не се навикнав и не се навикнав да чекам :)
     
    На buba4e89, dancing.queen и Peppermint им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    ОООООО, ево мене, експерт летења. :rofl:

    Првпат летав скроз сама, нит знаев, нит познавав некој, ама ми беше многу интересно. :D

    Имам пишувано во Зини земјо голтни ме, кога ме подучуваа за првиот проклет лет. Седев подзината да не ми се затнеле ушите, што сега, гледано од оваа перспектива било голема глупост, па и да ми се затнат, биг дил. Битно јас си поседов како троа малку акната од земја во цивилизиран авион, ама морам некој бисер да направам, нели. Арно се освестив и видов дека никој не седи така. :D

    Мене воопшто не ми беше страв, баш е закон чувството кога забрзува авионот и ФУУУУУУЈ таман мислиш ќе се удри од нешто, полетува. И после добиваш еден нирвана филинг, ах, ова е многу добро. :mm:

    Се сложувам дека пострашни се аеродромите, посебно тие големите европските. Одиш, одиш, одиш и нема крај, продавници, фри шопови, ресторани... Се чувствуваш многу, многу мало. Напишано ти е се, означено, ама да се снајдеш од прва без да се изгубиш, нема шанси. Јас си знам како ми беше кога одев повеќе од 20 минути до терминал 10г, тоа е подалеку од Свирипичино, еј. :rofl:

    После, имам бодињано низ Виена, ама такво трчање, не знаев дека сум способна за тоа. Каснев за авионот, а тоа не е како автобусот за Свирипичино па да се качиш во последна минута, си се знае време на чекирање до кога е. А трчав, о мајко, колку трчав. Или ќе трчав или ќе спиев во Загреб. ТРЧИИИИИИ Дузи.... :rofl: Плус носев ранец и мало куферче како рачен багаж... а, бе, лудница. Ми се погоди еден од Бог знае каде, ми вика, ајде, трчај, ја ќе ти го земам малото куферче. Луда работа бе, јас трчам тој по мене со куферот трча. :rofl:

    Во вц не отидов, стискав, ама не знам зошто не отидов. :lol:

    Храната е да ти остане во заб, за ручек добив туна сендвич и пудинг од ванила. Утешно беше кога бабата до мене си го намачка пудингот во туната и од мака, од глад, си го изеде. Добро е кога знаеш дека има и поизгубени од тебе, се чувствуваш попаметно. :rofl:

    Ако ми текне уште нешто, ќе допишам.
    Ах, д џој оф лајф. :rofl:
     
    На senjorita-v, buba4e89, Espadrila и 22 други им се допаѓа ова.
  13. ane4

    ane4 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    помош!

    епа вака наскоро ке патувам за сиднеј и ќе ми бидетоа прв пат да се качам во авион..сакам да прашам еве на пр во дубаи кога ќе слета авионот треба да одам на рецепција за контрола за пасош и кога ќе се качувам пак треба да одам или само кога ќе се качувам??? се надевам дека ке ми одговори нокој.
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Hе можам да поднесам авион!
    кога полетува цела се потам, се тресам,и само глеам некој арап со бомба да не дојде :rofl: :rofl: :rofl:
    Hајмало мрдање од крилата, викам готово се рушиииии :rofl:

    A остај тоа што коа полетува, ко надувана сум, мозокот дуп дуп ми праи :)
    Cе на се, не уживам да се возам со авион едина позитивна страна е што ќе застанеш на прозор, и си гледаш море :inlove: е само тоа ми е убавото
    и што даваат кафе и колачиња :rofl:
     
    На buba4e89 и dancing.queen им се допаѓа ова.
  15. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Eх првиот пат,тогаш првпат доагав за Aвстралија,првиот стоп ни беше во Tурција,и сите плачат,се поздравуваат,јас едвај чекам да влезам во авион,превозбудена бев,насмеана до уши,со апаратчето в рака,и си седнав до прозор.т е се залепив и се радував како кој знае што да гледам :rofl:
    Kраток беше летот,само 2 саати,така океј ми беше

    Tргнавме за Cинагпур,летот беше 9-10 саати мислам,цело време си гледав филмчина и се нервирав зашто нема превод,најомилен дел ми е кога носат храна(во некои авиони е многу убава),а најмногу мразам кога затемнуваат,па сите дремат или спијат,бебиња плачат,јас не можам да заспијам,никако не можам да спијам во авион :sweat:

    A и кога сум во авион превалкано се чуствувам од воздухот,како сув ми е,миризбата на телото,тоа ми е најгадно :puke:

    Kога слетавме во Cинагапур,бевме како зомби,плус не очекуваше финалниот лет за дома,јадевме,јас малку поспав на некој кауч,фотелја ли што беше :D

    Hаредниот лет беше подобар,краток беше,а и бев колку толку одморена,плус бремена летав :|


    Cе на се сакам да летам,немам никаков страв од авиони,само тешко е да леташ 22 саати,од една на друга релација,со дете,последниов пат кога дојдовме назад дома преизморени бевме,истоштени,а кратки летови секако не ми прават проблем :wasntme:
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Пријатно искуство беше мојот прв лет, за Истанбул. Не ми беше страв, психички ме подготвија дома :lol:
    Си побарав седиште до прозор, за да можам да ги гледам облаците :inlove: . Само што седнав, одма се врзав и се одврзав само кога ручкав. Е сега прв лет не може да помине без некоја глупост. Имаше една девојка пред мене, при полетувањето ја спушти ролетната од прозорот и ја пикна главата меѓу седиштата и фактички лицето и беше свртено накај мене. И јас, храбра ем културна ја прашувам "Добро Ви е?" И таа ми кажа нешто као "Да, да, добро сум." И јас паметна и викам "Прв пат да не летате?" :fubar: И таа "Не бе, јас секоја недела летам наваму-натаму, таква ми е работата, ама на неколку пати сум имала непријатни летови и не ми е баш пријатно при полетување. А вие гледам уживате. И јас уживав се до првиот пат кога имаше страшни турбуленции и секако првиот пат ептен ми беше страв". И јас си викам, ех да знаеш дека прв пат летам, шамар ќе ми опнеш :D
    И нормално стигнувам на аеродром и пратам знаци, да не утнам нешто. Стигнав на пасошка контрола и баш на редот кај што чекав пред мене имаше брачен пар што имаа некој проблем |( . И јас се убив од чекање, ама никако да се преместам на друг шалтер. И конечно поминав, и гледам куферот на скроз последната лента. И полека, полека се движам и тамам пред да стигнам еден типац ги трга на страна куферите што останале. И јас почнувам да трчам и тамам да го спушти мојот, јас му се дерам СТОП! И дечково ме погледна бледо, а јас си го грабнав куферот и да ме нема :D
    Ете така.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    Уф....првиот лет, ко првиот пат :lol:
    мојот прв лет беше до Брисел. Скопје- Белград - Брисел.
    Воопшто немав страв, едвај чекав да полетаме, особено моментот кога авионот се одлепува од земја и полетува....оргазмично :rock:
    Бевме со еден колега, а и нему му беше прв пат...хахахаа он не смееше да мрдне кутриот, цел се препоти. Првово патување не беше страшно.
    Вториот пат бев за Париз, исто прекрасно беше. Пред да слетаме на Шар де Гол аеродромот, најавија дека ќе летаме уште 15 минути бидејќи немало место за слетување. Овие 15 минути ми беа фантазија....башка што сум заљубена во Париз :inlove: птичја перспектива....мераци :wasntme: А башка што имаше еден згоден стјуарт ]:)
    Инаку сум имала и страшно патување, тоа беше од Виена до Букурешт. Врнеше, грмеше и јас седев до прозор. ;( и ми беше страв.
    Да не бидам офтопик, пак ќе речам , првиот пат, ко првиот пат...оргазмично :lol: :lol: ;)
     
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.111
    Прв лет Скопје - Сараево. Лет од 50 минути, поминати набрзина, сув сендвич и босанскосрпскомакедонски обраќања на стјуардесите :)
    Не беше страшно, само повеќе се плашев да не загубам куфери, одев на семинар, свашта имав по торбите :rofl:
     
  19. madamstefi

    madamstefi Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    15
    првиот лет ми беше на 16 години за ЊУЈОРК леле јас не знам како ми помина таа ноќ цела вечер од трема јадев немаше нешто што не пробав во авионот ама после беше се полесно па сааа секој викенд и секоја недела обавезно излегувам од дражавава па се ми е најнормалнно
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Многу сум силна после летовите, и не ништо немало да биде, за следниот не му се плашам ќе ужива, и онака неможам да влијаам на тоа....ама еве сега наредниов месец треба да одам за Финска на европско првенство, уште сега срцето ми е во петици, оффффф мори мајко.Да одев на приватно патување, ќе дрмнев диезепамче, и ќе уживав, ама одам на натпревар, а тој е на мојата листа за допинг :( несмеам да го конзумирам, аххххх ќе цркнам до таму, наместо да се радувам.