Мене пак тој дел омилен ми е Ако имаш седиште во задниот дел на авионот тогаш скоро па и нема да го осетиш полетувањето и тој наклон
те разбирам... јас после 15-20 летања, таква турбуленција сум доживеал над Украина, што наредните 3-4 пати имав уплав кога ќе седнев во авион... ама помина...
само од себе... се погодија мирни летови... а најјаки ми се оние држави каде што им ракоплескаат на пилотите по слетување..
Ни на средина не се осеќа нешто ептен. Патем, прв пат кога летав имав седиште во втор или трет ред и кога достигна висина и почна да се рамни мислев дека паѓаме А сега намерно одбирам да седам во првите редови за тој филинг
Јас имав еднаш напред седиште што дури и не ми се веруваше. И дека се смееше стјуардот со колегата,не сетив кога полетавме. Ќе и речам на пријателкава да ми прави муабет,ако не диши издиши ќе вежбам.
Има и guided meditation видеа, можеш и со тоа да пробаш, баш се вдиши издиши тие, плус одвраќаат внимание од моментот
Да знам, и опуштање исто. Така после турбуленцијата правев и се релаксирав. Мислам мора да се соочам со тоа.
Првпат летав за Германија.. Летот траеше негде околу саат и 50 минути, ама мене ми се чинеше дека бев внатре три дена пошто имам страшна фобија од висина Имав можност да одам и до автобус, ама реков кога тогаш мора со авион да патувам, па нека биде сега да го победам стравот На аеродром нели нормално не знаев ништо што како, се испобрукав малце, си ги собрав куферите не знаев дека треба да останат на таа лентата за да ги сместат во авион Помина тоа, стигам до авионот да се качам, позади мене уште милион патници, а јас се укочив од страв.. И викам на стјуардесата јас не влегувам Влегов едвај и чоекот што се погоди да седи до мене го напнав.. Малце кога ќе се замрдаше авионот го прашував а вака треба да прави или ќе загинеме? Ајде на почеток океј беше летот, ама негде при крај последните пола саат беа пекол.. Страшни турбуленции имаше, буквално почнавме надоле да пропаѓаме, ги гледам и луѓето се испаничија некои почнаа и да вриштат дури.. Си реков ајде крофно толку ти било пишано После се оправи малце, фала Богу слетавме убаво и си викам никогаш веќе во авион.. Ко за прв лет, не ми се погоди Ама неизбежно е да патуваш со авиони, така да се качив уште милион пати после тоа
Јас прв пат кога летав малку се препотив, ама никој не ме забележа. ПОвеќе возбудена мислам дека бев, отколку исплашена Стравот беше додека се креваше авионот, после тоа гола вода Можеби имав среќа што немаше турбуленции. После тоа летав неколку пати и со мерак сум чекала да одам Ми недостига тоа чувство
Јас за накај Мкд немав време да се занимавам со полетување бидејќи се занимавав со нешто друго. И башка цел лет јадевме чоколади со другарката Е на враќање Времето беше облачно,ладно со ветер ама се лажев себе дека дува ветер од моторите. Додека полетувавме стискав палци,место не ме држи и почна глава да ме боли. Многу врти од Софија. Абе ме скина главата. И некако ајде се исправивме Почнаа да служат и на сред служење пилотот се јави и рече да седнеме и да се врземе СИТЕ. Ауч Стјуардесава вика “Ауууу” и трча со бокалот вода што го држеше во рака. Цело време викаше “ау”. Си викам јас во себе којзнае што е сега,се вртам жената што седеше до мене видела од прозор облаци густи и темни. Ми рече “ Врзи се и седи” После неколку минути штама,ете го пилотот пак “ Се е океј,патот е чист”. Луѓе,црева ми се превртеа. Мислам ,толкава паника за ништо. После слушнав од стјуардите дека всушност од облаците сме скршнале од патот. Било многу густо.
Првиот лет ми беше кога бев тинејџерка со брат ми до Париз, сами летавме. Релацијата беше Скопје-Белград, па Белград-Париз. Се изнауживав во летовите, само на враќање од Белград кон Скопје летавме со модел на авион Тупољев ТУ154 дека немаше многу патници и кога почна да тресе дека не фати летна августовска олуја, брат ми многу се исплаши, а јас уживав. Навистина беа лоши турбуленции, сега отакако можам да споредам по низа дури изнад 100 лета досега. Такви слични турбуленции само имам доживеано со прекуокеански лет над Шри Ланка, тогаш патував со тогашниот дечко сега споруг и од сон ме дигнаа турбуленциите. Се препотив и мислев отидовме, ама ме утеши тој со неговото долгогодишно искуство на прекуокеанските летови. Сега заедно патуваме редовно кога можеме. Уживам во секој лет, особено во оние денските дека можам да се восхитувам на сите природни убавини и да ги фотографирам Често си размислувам да не вложев толку години во едукација дека од рани години ќе се насочев во некоја професија поврзана со авионската индустрија, иако секогаш велат никогаш не е доцна, но за некои професии годините и искуството се многу важен предуслов.
Да бидам искрена, многу се плашев пред прв пат да летам со авион. Но, бидејќи ова патување беше на некој начин службено, немав многу избор. На аеродром стигнав неколку часа порано, од возбуда Летот помина мирно, времето се погоди добро тој ден, само ,,малку'' ветровито, и тоа се чувствуваше и за време на летот. Сепак, и турбуленциите беа дел од доживувањето. Направив и неколку фотографии низ прозорецот, уште ги чувам. И сега не можам да верувам дека толку се плашев... искрено, едвај чекам пак да имам можност да летам.
Прв лет икад. Немачка 2014, овој период. Патував со реис за Данска. 90+ денови во ЕУ, успат ZOLL kontrol. По завршена контрола, установено е дека треба да ја напуштам ЕУ од Немачка во рок од 7 дена. И ја напуштив, авионски. Берлин-Белград. Одам на аеродром, штама. Дојде авион, чек ин билет и ауф од таму. Тргна авионот, јас научен на адреналин, очекував некоја виша сила за да полета, а тој така нормално. Се помина во најдобар ред. На слетување аплауз за пилотот за мекото слетување. Берлин - Белград 2 часа. Белград - Скопје 8часа со реисот. Шта да Ви причам
Ајде да ја разбудам темата затоа што ми треба совет што како се прави од моментот кога ја купуваш картата па на аеродром во Скопје и се до слетување (во мојов случај во Германија). Како иде целата постапка со багаж, проверки, чекирање и на крај слетување земање багажот и така понатака… прв пат летам, имам чувство дека ќе се изгубам на аеродромите затоа што не знам што како иде пред летањето и слетувањето. Секоја информација ќе ми помогне да не се погубам таму сама