Никој не ти одговорил па сега јас да те прашам хаха. Ќе патувам прв пат со авион. Нема да одам сама не се секирам за целата постапка, само ме интересира за багажот.. резервирав карта со 8кг рачен багаж.. дали и покрај тоа можам да носам и ранче на мене? И што се е дозволено или недозволено да се носи, пример гел за миење лице, масло за чистење, паста, дезодоранс сапун и такви работи. Сегде различно пишува не знам како да се спремам, дали да претурам во помали шишиња или не..
Не ми текнува како беше точно, ама знам ограничено е колку течност смееш да носиш. Мислам требаше да се до 100мл од течност, а вкупно сите тие не повеќе од 1 литар. За ранчето ако е мало и да го собере под седиштето можеш да го носиш. Не е дозволено храна да носиш. Таа ако ти е во ранец или куфер ќе ти ја фрлат. Ако имаш батерии и такви работи ќе мора да ги извадиш и тргнеш на страна кога ќе поминуваш на скенер.
Сите течности што ги носиш да не се во шишенца поголеми од 100 мл, и да се уредно во зип кеса спаковани, да ги извадиш на скенер посебно. Во спротивно, тргаат настрана,претсресуваат и анализираат за евентуални супстанции. Исто и мобилен,таблет,лап топ,да извадиш од торба. Храна сум носела, нигде не ми фрлиле,освен ако е мед,месо,сирење...тоа што е забрането. Можеш да носиш и рачна торба и ранче ако ти го собира во делот за багаж горе во авион. Нив не мора да ги чекираш. Дезодороанс подобро да не носиш. Сигурно е големо пакување,па одма ќе ти го фрлат
Значи ако ми е до 100мл шишенце може да си го земам, ако е поголемо да го претурам.. дезодоранс стик да земам. Ко глупава се осеќам ама стварно не знам хахаха. Имам од онаа торба за рачен багаж што не се наплаќа, не ми текнува точно на димензиите и плус ранче да си земам за пасош такви работи да ми стојат таму.. фала ви
Ако ти е оригинално пакување треба да е означено до 100 мл,( секако на оригиналните си пишува милилитража) ако е поголемо пакувањето можеш да го претуриш во помало. За второто-можеш.
Девојки прв пат ќе летам со авион до Париз и многу ми е страв. Највеќе ми е страв да не падне авионот и за загинам Иако кажуваат дека е најбезбедно средство сепак ако падне 99 посто загинуваш а со автобус пример 50:50 се шансите да се спасиш и затоа секогаш бирам автобус и да се возам 19 часа не ми смета. Ама за Париз немам друг избор ни па толку време..
Нема шанси да падне авион. Најбезбедно превозно средство е. И најпрактично. После летот сигурно твојот прв избор за патување ќе биде авион.
Ја мразам патување со авион посебно ради аеродромите со гужви и глупи правила што одземаат време, два саати пред лет да си таму па чек ин, картата 500 пати ја покажуваш Некогаш ми се лоши при пратување посебно кога е топло времето. Инаку секогаш ми прелетува мисла што ако се сруши?
Дали смеам да носам кафе по 100 грама со мене во ранчето? Картите треба ли да се испринтат или може само од телефон да покажам? И колку пари треба со мене да имам за 10 дена ми рекоа дека правеле проблем за тоа ама нз колку точно пари треба да се носат..
Можеш да носиш кафе. Картите можеш од тел да ги покажеш ама при чек ин на шалтер ќе ти дадат карта. Во зависност од земјата каде патуваш, 50€ од ден.
Водете сметка да бидете најадени и да не ви биде низок притисокот, за да не припаѓате при полетување. Камо мене некој да ми кажеше пред првиот лет.
Зависи. Нас во Шведска не прашаа секој по колку носиме. На други места никаде не не прашале. А колку пари треба? Не знам искрено. Ама сигурно носат сите доволно за да поминат со храна и пиење барем, така да не мислам дека тоа е некој поблем.