Првиот лет ми беше Виена-Белград Незнаев како ќе биде, искрено, незнаев што да очекувам И така, си полета авионот, мене ме пукна смеа, па си се изнасмеав цел лет, гајле си немав )) п.с.Поинтересни ми се полетувањата, од слетувањата
Првиот лет ми беше до Шведска (со прекачување) и искрено повеќе очекував но ок. Како во кола да се возиш само што имаш др глетка од прозорите.
Првиот пат ми беше пред 6-7 години Скопје-Египет, одевме на одмор. Не е многу долг патот 1 и ипол час мислам беше, ама мене прв пат ми беше и на еден од пријателите. И ко за беља баш ние двајца се погодивме еден до друг, среќа мајка ми беше од другата страна. Мене ми се врти ми е лошо, и тамн ќе ми се подобри, ќе го погледнам него он пребледел а сепак 30 години дечко несака да покаже слабост, уште толку полошо ми е. И така јас не пискам за да него не му напраам беља, он не писка да не ме вознемири мене, дете бев ипак, а му се вриска од страв, ама трпи aбе циркузи Не гледаат останативе и се паѓаат од смеа. Жена му тогаш му беше девојка го умре од зафркавање дека повеќе му било страв од мене И мене мастиките ми помогнаа, џвакав за да не мислам и малку да се опуштам Ама помина брзо само додека да полета таа минута, две. Слетувањето не ми беше проблем. Ама затоа кога излеговме од авион кога на удри еден ветар топол, гледаш само некои були целите во црно замотани и мажи со брадишта, ко немиени целите, си рековме сите, кај дојдовме, шефе враќај не назад. Ама тоа на прв впечаток, инаку баш беше рај
Првиот пат во 2010, Скопје-Љубљана-Парис Се сеќавам се тресев од страв,како се доближуваше времето до полетувањето се препотив сто пати,12409 пати кажав што ми требаше ова требаше со автобус Патував со брат ми, го зграпчав за раката толку силно од страв, што кутриот после целиот ден го болеше раката..Немаше смисла да викам Откако полета немав гајле, се опуштив и уживав во летот.
Јас зимава бев Скопје-Виена-Гетебург али Скопје-Виена бев со поголем авион и немав никакви проблеми не ми пукаа ушите, не ми беше ни страв ни ништо, убаво поминав. И после по 6 саати чекање на аеродром во Виена ми беше летот за Гетебург, бевме во помало авионче што за малце немаше ни да полета пошто на Алпите имаше невреме и кога се качувавме во авионот мислам дека тие рачките од скалите беа смрнзати И имав проблеми со притисокот мислам дека цел лет, 2 саати ми пукаа ушите.
Првиот лет со авион ми беше како 10 месечно бебе, но потоа не летав долго долго време и повторно кога седнав во авион ме фати паника кога се одвои авионот од земјата, ама гледам патниците околу мене мирни па ај викам и јас мирно ќе си ги набљудувам облаците низ стаклото на прозорецот(тој до моето седиште не се отвораше, незнам за другите).
Првиот лет ми беше за Швајцарија ама 5 години имав тогаш. А кога покасно пак седнав во авион како повозрасна воопшто не ми беше страв.Го гледав брат ми цел насмеан па и јас немав гајле.
заборавив да кажам, првиот пат, ми дава стјуардесата кафе во послужавник, ја не знам како се зима, со се послужавникот и го земав, женцкава ваква фацка беше
Првиот мој лет со авион беше лани лето кога бевме на одмор за Хиос. Уффф се препотував цело време пред да влеземе во авионот, страв ми беше многу, го стискав мм цело време и кога влеговме исто раката цело време му ај држев од страв јас си знаев како ми беше. Среќа што целиот лет беше само 45 мин.така да некако бргу минаа и едвај чекав да слетаме.
Па како што сакам височини многу, а и цел живот пекав за да летам со авион, ептен бев среќна и возбудена. Тоа беше пред 3 години и беше сраток лет, околу 1 саат (до Загреб). Убаво ми беше, интересни ми беа полетувањето и слетувањето, а и во глетката си уживав. И сега најмногу сакам со авион да патувам, обожавам авиони
Првиот пат бев ептен возбудена Мислев дека ќе умрам од страв зошто се плашам од височина,ама кога полета авионот јас се осеќав ептен опуштено.Ушто кога не послужија со јадење и пијалок скроз заборавив на се.Уживав во летот,а стварно чувството е необјасниво
Да прашам дали случајно некоја од вас била бремена додека се возела во авион и тоа прав пат? Искуство...
Jас бремена прв пат полетав и тоа бев 7 месец Hе ми беше многу тешко,само имав гадење од храната,мирис од лугето зашто само едниот лет ми беше 11 саати,плус чекање и не бев спиена воопшто,ми се чини дека малата многу ме клоцаше,она ептен мрдаше
Бев во 4месец, па и сега пак ќе патувам. Ок и супер се си поднесов, без лошења. Се надевам дека и сега ќе е така. Само полека, без брзање и стрес. Самото тело до сега би требало да ти каже што и како. Јас воопшто немав проблеми со лошења,повраќања и сл работи и може и за тоа добро си поминав.
Првиот пат кога требаше да летам мислев ке имам којзнае колку страв ама супер поминав Исто летав два пати додека бев бремена и поминав без никаков проблем
Од дома си испечатив вицови читав вицови гледав од авионот наполе(од стаклото) си правев маабет со бато (1 брачет)вицови ми кажуваше и некако стигнавме ама после кога се вракавме ич не ме беше страв...баба ми од тука авионо каснеше 1 час и еден час покасно и се јавивме почнала да плаче мислила дека авионот паднал.....хахахаххаха сите спијат само јас и бато будни оти од тргнавме во 19:00 ама вејке а во авион а во брод а во кола исто ми е ........отрпнав....и плачев ама тогаш бев 6 години. не ми е било прв пат ама јас тој си го паметам како прв...