Уф темава. Мојот прв лет , смешки невидени . Беше тоа за Тунис во далечната (не се сеќам која мислам 2009) година. Срцето ми лупаше сто на саат кога се качував на авионот. Криви беа оние нешнал џиографик со тие еиркрафт инвестигејшнс (што и ден денес си ги гледам), тие ми влејаа страв во коски. Ај се беше океј додека авионот не мрдаше. Ама кога тргна, кога почна да забрзува, сакав само да излетам надвор и веќе да не се вратам. Страв си имав додека не дојде храната. Е тогаш... Си се најадов ко стока (па убава беше храната ) и стравовите поминаа некако. Нај нај страшно ми беше кога прелетувавме над морето. Е тогаш беше . Ама помина и тоа, така да сега веќе не се плашам толку како првиот пат. Иако уште се сеќавам како ја бакнував земјата кога слетавме
Мојот прв лет беше кон Турција, во 2001 кога имав шест години. Се сеќавам само на некои моменти. Страв ми беше само кога полетувавме и слетувавме, тогаш мислам срцето ќе ми излезеше од страв, а во текот на летот најверојатно не сум се плашела бидејќи не се сеќавам на тој дел. Во суштина не беше некое лошо искуство, иако како што реков на поголемиот дел од летот не се сеќавам најверојатно затоа што не ми било страв.
Првиот пат со авион патував кога имав 3 ипол години така да не се секавам како беше (тогаш отидовме со мајка ми и сестра ми во Русија кај роднини на мајка ми),ама вториот пат кога бевме со мајка ми и сестра ми во Италија.На почетокот многу се тресев,ми беше страв,ама после се опуштив..Тоа беше негде 2009 мај месец!
На првиот лет не се сеќавам. Сум имала година и нешто, ми се мочкало а на мајка ми сум и вриштела „какаше, какаше, какаше“ Е на првиот онака, самостоен лет, ми текнува и те како. Имав 18 години и летав за Прага. Со меѓуслетување во Виена. Тоа беше времето на МАТ, значи Аустриан јоктурн бурда. Нормално, дека нашиве доцнеа И скоро да бев сигурна, дека нема шанси да го фатам авионот за Прага. А битно ми текнува татко ми како ме спремаше пред да се качам во авион. И јас онака, пола го слушав, пола не. „Значи вака, еве ти ги сите автобуски линии за Прага во случај да немаш превоз. Ако заглавиш да мора да преспиеш јави им се на роднините. Тука ти се, поарно отколку да спиеш на аеродром.“ И јас таква, аха аха, ма нема шанси нешто да се расипе. Е да бе! Стигнувам на Швехат, нормално дека аеродромот за мене беше како прво шок. Не се сеќавам, како само знам дека имав 10 минути до полетувањето за Прага. Си го слушав името на звучник, и којзнае што се не прерипував трчајќи кон „гејтот“. Абе Џоунс не ми беше рамна! Стигнувам до гејтот, гледам автобусот кој вози до авионот е заминат, и гледам една женичка со три мали деца. Задишана и велам „авион....Прага...летна ли?“ Таа бледо ме гледа, абе бумбар не ја лази и ми вели „Па не знам, јас чекам да ме викнат“ Си викам у себе, почекај си ти. И кочија ќе ти пратат. Од оние у времето на Моцарт. Да не го тупам, после сите заврзлами, и перипетии, јас, 18годишно креле, прв пат само у свет, иде на деск инфо и се кара со женската на шалтер, и - набавува бизнис авионски карти за без пари, за мене, женичката од Скопје и нејзините деца, за следниот лет за Прага, за нецел половина час. Фиууу! И кога седнав во авионот само си реков. Чекај, а што и кажав уствари на жената? Којзнае што сум зборела во сета нервоза и транс. Битно си ручкав фини јадења летајќи за Прага. И што би рекла помладата јас, во некој состав по македонски, во прво одделение, и ете така јас прв пат се возев, во авион
Првиот лет ми беше на 2 години. Кога одевме во Холандија да ја прославиме новата 2000 година. И најнормално, ништо не се сеќавам од тој лет. Ама затоа, после на 8 години повторно бев во Холандија и гајле немав. Се качив во авион, ни дадоа боенки на мене и на сестра ми, како и на сите дечиња во авионот и цел пат си го поминав боејќи и занимавајќи се со тоа. И исто така, си ги гледав облачињата и слично. Гајле немав. Ама затоа сега, поголема, повеќе ми е страв. Од тие пусти Дискавери, зошто морав да ги гледам!?
Јас досега немам патувано со авион, сега ми се пружи прилика да патувам па би сакала да ми кажете како вие се облекувате за по пат, може спортски со патичиња или чевлички, незнам шо да носам, има ли врска?
па прв пат кога бев ич не ми бесе страсно си сетав низ авионот одев во вц само малце ми бесе изненадно кога се кацувасе и слагасе...хахахаххахаа истата слуцка како тебе бесе и сестра ми нигде не одесе врзана це се помоцасе хехехеххе
Првиот лет ми беше за Австралија. Другарките ме прашуваа дали се плашам од летање јас викам: од кај да знам, не сум летала уште, може се плашам ))) И така, седнав во авион и чекав да се исплашам, ама супер поминав
Бев прилично малечка. Дома имавме разговор во кои ми се разјасни што и како ќе биде. Воопшто не почуствував страв,туку само возбуда. Цел пат си јадев и се занимавав со играчките што ни ги даваше стјуардесата. Единствено лошо искуство ми е што чувствував пристисок во ушите при слетување.
Првиот лет со авион ми беше на 7 години, Скопје-Белград-Москва. Малку бев исплашена, ама кога влегов веднаш се навикнав, како во автобус. Полетувањето не ми беше баш интересно тогаш бидејќи бев малку настината и ушите ненормално многу ме болеа. На слетувањето беше исто. Во текот на летот ми беше интересно, се прошетав низ авионот (отидов до ВЦ) Си гледав низ прозорот и воопшто не ми беше страв. Храната не беше баш убава. Летот беше краток до Белград околу 40тина минути и помина без турболенции ама на аеродромот во Белград требаше да чекаме 5 часа. Аеродромот е прилично мал, па го прошетав 3-4 пати. Летот до Москва со истите случувања при полетување, болење уши. Едвај чекав да го откопчам каишот и потоа цело време спиев. За назад, имаше мали турболенции ама помина добро. Следниот лет ми бепе на истата дестинација, само што бев поголема малку. На враќање авионот доцнеше неколку часа поради некои грешки. Вечерта дури полетавме до Белград па моравме да спиеме таму и следниот ден да одиме до Скопје. Од тогаш летав уште неколку пати ама сите летови беа слични. Немам страв, се чувствувам како во автобус. Обожавам да седам до прозорот и да го гледам небото. Полетувањата ми се поинтересни од слетувањата, кога наеднаш ќе се одлепи од земјата и ќе ти се преврти стомакот.
Имам што да кажувам на темава Бев многу малечка, имав околу 3 години, и со татко ми одевме за Хрватска. И јас целата радости, ќе се возам со авион. Ама негде на пола пат не фатија јаки турбуленции, бебиња плачат, деца повраќаат, и јас се успаничив и почнав да се дерам: -Ќе се сруши авионот, ќе паднеме, ќе умреме сите ! Татко ми ме смирува, јас вриштам, се дерам. И како шлаг на тортата, се најде некоја жена, почна да вришти: -Детево е видовито! Ќе се сруши авионот! И толку им треба на луѓево, почнаа паника да дигаат. Па трчаат стјуардесите, ги смируваат сите, ама џабе, жени вриштат, деца плачат, сите повраќаат. Од страна гледано, ко некоја сцена од комедија На крај мораше пилотот да се обрати, да ги смири сите
Уфф, беше тоа во 2008, летав од Скопје за Келн. Прв пат ми беше и многу бев возбудена, едвај чекав да полетаме. Ми се чини дека вака влегов во авионот и така излегов. Абе насмеана од 8 до 8, среќна пресреќна, па и камера имав со мене снимав околу мене, сликав, да овековечам нели На враќање беше пострашно, имаше некои турбуленции и мене ми беше искрено смешно кога ги гледав сите околу мене испаничени, се фаќаат за глава, циркузи. Јас онака си се смеам. А сеа веќе се испраксирав со авиони. Минатата година се возев околу 15 пати со авион, и ми стана рутина, нешо како автобус. Поинтересни случки имам од терминалите него од авионите. Кога летав од Балтимор за за Портланд имав преместување во Лас Вегас. И ајде еден сат да отепам некако. И јас онака, 16 години, интересни ми се видоа тие машините за покер и замолив еден чичко да ми купи чипови ( пошо нели неам 18 не смеам да се коцкам ) и си застанав до таа машината си играм ли играм коа гледам 40 минути поминале. Ајдее трчај до терминалот, па глеам го сменале на скроз другиот крај на аеродромот, трчај пак со тој рачниот багаж ( ко за несреќа ми се скршија колцата на куферчето па го молкнев во раце цело време ). Абе смешки.
Мојот прв лет беше за Америка и летав цели 9 саати сама и умрев од досада.Единствената работа што ми се случи тој мој прв лет беше што јас од страв одвај станав да одам до тоалет и таму ама стварно незнам како се заглавив. После тоа уште многу пати имам летано со авион ,на пример најголемите турбуленции и тресења на авионот ги доживеав ова лето коа се враќав од одмор.Мене страшно ми е само на полетување али авионот го користам секој пат кога патувам надвор од Македонија.
Јас прв пат летав за Турција многу одамна беше едвај го дочекав тој ден незнам што повеќе чекав да се качам во авион или за прв пат да ја видам Турција малку ми беше страв на почетокот додека полетуваше беше чудно цело време си зборувавме со сестра ми немаше турбуленции брзо помина времето ама и летот не траеше долго се изнасликав за да се пофалам да другарките и на крајот слетувањето исто беше чудно ама не беше страшно од тогаш секое лето на одмор одиме со авион ама пак малку ми се страв