1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прв лет со авион (доживувања)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Snow-Queen, 22 ноември 2011.

  1. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    327
    Првиот лет беше сон ,само штета што сум го преспала :tmi: .
    Со 6.Лет можам да се пофалам дека за малку ќе добиев "срцеклоцање".Се беше супер се додека не требаше да слетаме е тогаш кога почнаа едни турболенции ненормално ,исто како на оние филмовине .Јас дека слаба не ме врзуваше добро каишот кога сум мавнала со главава од тоа горе е тогаш почнав да се дерам на цел глас .Ми се чини секој од фамилија го побарав од мама ,тато , бато па се до прабаби и далечна фамилија :swear: .Ужас беше.Ид тогаш уште 3 пати имам летано .Од тие три пати 2 биле со мали турболенции.
    П.С тогаш најмногу сум се молела :x
    А најмногу ги мразам инструкциите пред да полеташ.Норе цела кореографија ми покажуваат а кога сум јас во паника кај ќе. ми текне на тој цел танц!? :fubar:
     
  2. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    се плашам од авиони и уште се немам возено со нив
     
  3. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Се немам ни јас уште возено во авион а би сакала.. иако малку ми е страв,недајбоже нешто се деси ке си паѓаме надолу хихихи :lol:
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    пред една година -скоро две релација Скопје - Белград -Виена ,
    сама тоа ми беше проблемот досадно ми беше сама да чекам на аеродромите, инаку прекрасно чувство , летаме пак !
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Летав прв пат лани летото од Солун до Минхен. Се плашам од височини но од лет со авион и немам некој посебен страв, напротив, сфатив дека мене друг ми е проблемот. Имав претстава дека авионот ќе биде помогу поголем и по комотен, а ми се виде некако многу тесен, по три седишта од двете страни и во средината простор таман колку стјуардесата да помине со количката. Па ме фати некоја паника дека сум клаустрофобична дека ќе останам без воздух ама ај се исконтролирав некако. Седиштето ми беше до прозор и баш кај крилото се погодив да неможам да гледам убаво |( До мене дечко ми и најголемата среќа што немаше никој на седиштето до нас затоа што готова бев да испаничам и да снемам воздух, се ми беше некако тесно. Полетувањето е многу убаво, крева адреналин до максимум, го обожавам чувството кога забрзува и се крева од земјата. Малку ми беше језиво дека бевме над вода и плус вртеше авионот па чувството и не е баш пријатно. Летот 2 саати трае, многу брзо ми поминаа, би издржала и повеќе. Храната си беше топ, вкусен сендвич со некои намази и шунки + томато џус ммммм...
    Повеќе ми е страв од аеродромите, огромни се, многу комплицирани за снаоѓање, божее кога го видов во Минхен беше како цел град аеродромот :x милион авиони имаше на пистите.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Првиот лет ми беше кога имав шес годинки, Скопје-Истамбул. Бев многу возбудена, кога се качив во авионот нозите ми се тресеа :rofl: . Авионот полета а јас се осекав како некој да седи врз мене, многу чудно се осекав :rofl: . Потоа немав николку моменти, додека да полета беше тоа. Низ прозорчињата гледав кон невото, облаците и копното. Глетката беше неверојатна, како цел свет са беше мој :D . Првиот лет никогаш нема да го заборавам :D
     
  7. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    уште немам летано,стравв мии ее а сакамм кај тетка ми во Сиднеј ама стравв ми е :D
     
  8. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.199
    Допаѓања:
    10.843
    Пол:
    Женски
    Прв лет: Софија - Париз - Чикаго.
    До Париз се 2 саата, ништо страшно. После тоа, 8 саата мислам дека нозете ми потекоа како на слон. Море стани прошетај се, голем авионот, ама џабе... Друга мака немав. Дури и забавно ми беше полетување - слетување, тоа чувство како во лифт кога тргнува/застанува, ама 100 пати посилно :rofl:
    За враќање после си резервирав место до прозорец, се изнагледав градови и планини и океани. Башка и летавме над Гренланд, сред лето јас си гледам снег :lol:
     
    На Ketrin.Moon и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. Inna9

    Inna9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Јас се спремам за 2 недели треба да летам и ми е мнооогу страв бидејки ќе бидам сама :( :sweat:
     
  10. bubibubibubi

    bubibubibubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    25
    За следниот пат кога ќе се возиш со авион на полетување и слетување устата да ти биде отворена така нема да ти прснат тапанчињата :)
     
  11. bubibubibubi

    bubibubibubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    25
    Мојот прв лет со авион ми беше пред 5 години релација Софија-Амстердам-Сиетел-Сан Хуан
    Летот од Софија до Амстердам траеше 2.30мин. Кога влегов во авионот се изненадив некако ми беше мал по 3 седишта од двете страни. Инаку бев премногу возбудена,седев едно седиште до прозорот со колешката и двете чекај да видам :D и да бев малку исплашена можеби дека прв пат патувам со авион :) Глетката низ Амстердам е прекрасна :) Слетувањето беше ужасно баш буквално тресна авионот и многу се исплашив.
    Одма после 30 мин полетавме за Сиетел летот траеше 9 часа сосема различно од првиот авион прво авионот беше поголем 2+4+2 седишта во еден ред, храната беше супер, Мирен лет во глобала со мали турбуленции тогаш мојата луда колешка ми вели еее супер авионот паѓа а само ние ќе преживееме и се :rofl: а јас ваква :( кога слетавме не ни приметив само слушнав аплауз и тогаш сватив дека веќе сме на земја :D и пресреќни стигнавме USA имавме 10 часа за чекање додека да полетаме повторно е тогаш осетив што навистина значи возење со авион. Мал авион за 10 патника влегувам последна и гледам само две празни седишта едното зад пилотот другото на крајот а моите две другарки најнапред седнале и до нив едно празно место за мене (тоа зад пилотот) и седнувам фино јас си го врзувам појасот и не мрднувам 45 мин пребледев од страв баш буквално го гледаш пилотот како управува летаме над Тихиот океан гледам само мали острови кога требаше да слетаме мислев дека ќе паднеме во водата :) слетувањето беше добро кога стигнавме на островот ја допрев земјата и им реков на другарките веќе во ова чудо не се возам :rofl: ќе се вратиме со брод :rofl: Сепак големо искуство повеќе не сум патувала со авион но се надевам дека пак ќе имам прилика ете тоа беше моето доживување прв пат со авион ;)
     
  12. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Во животот имам сменато над 50 авиони. Моето прво доживување се случило на моја 4 годишна возраст. Моето прво авионско патување било до Америка. Кога сум била мала, 99% од патувањето сум го преспивала. Последните три мои патувања накај Америка и неколку до европскиве земји, ги памтам поради тоа што сум поголема секако. Најголем страв имам при полетување, и при слетување. Очигледно не е баш најубаво да се гледа "Air Crash Investigation" кога си најголем паничар/ човек што се плаши од многу работи. Ако е долг летот, заспивам... Ако е краток, се трудам да не ми е досадно. Се чудам како би издржала 24часа во авион доколку би одела до Австралија, ми се чини дека би полудела. Едвај 6 часа до Америка издржувам. Иако некогаш ми е страв, обожавам да летам :)
     
  13. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Четири пати му летала.Првиот пат сама (сестра ми и малиот брадучед ме чекаа )не се плашев еден постар пар ми помогна да се снајдам.
    Туку кога се враќавме ајде се се сместивме седнавме , мене не ми беше прв пат нели а на сестра ми и малиот братучед да, малиот често му се мочка 10 пати беше во тоалет тој ден и во авион леле даде не можам и јас му викам ајде оди арно ама дојде струјардесата и он и бара кока кола она вода му дава и он ја пие а готов тука ќе ми се умоча едвај го натерав да оди до тоалет па кога се врати па тоа ли е вц ми вика па од врата сум мочал пола надвор бев цц хаха....Седиме уште трае летот и пилотот известува за висината брзината....леле кога скокна братучед ми кога се удри во гради :o што се случи лелеле вади тоа проспектот во слуучај на пад како да се постапи вика па даде мораш да ги читаш задолжително е.
    Е сега ...се симнавме на аеродромот и (претходно ни каснеше летот претходниот) и слушаме викаат уште тројца патници за Скопје има чекајте а тој ни вика брзо трчајте ние шпринт :| пилотот се јавува ама ајде вика нека побрзаат ,што сум пак јас крива цц , таман да влеземе проблеми со картата , |( нетрпение расте,нервоза на ниво, малиот го седнаа да го проверуваат и во чорапи мислам тој се уплаши со ТРИСТА МАКИ си се качивме во авионот ,седнавме се сместивме кога ШОК :o :o јас им велам знаете ли дека нас не ни ги префрлија куферите во овој авион за СК.они двајца ми викаат како не нема шанси ...ајде викам ќе видиме. :?:
    Се симнуваме куфери нема ..ни К од нив бараме 30 мин се испаничивме :o не знаевме дека се губат и наоѓаат абе мсилам се ми беше спакувано ( ни мислам туку да) ајде после изгелуваме ндовор и нели мак.работа цели семејства не чекаат ние со скиселени фаци (на подолг престој бевме сите гаќи си ги спакувавме :o )се вративме празни. :lol: и семејствата ни викаат ајде вие се вративте нема гајле за другооо...Е кога се вратив 3 дена ми се чини никој не знаеше дека се вративме , надвор не излагав немав гаќи немав четка за заби немав пижами фармерки јакничка гола вода бев.После три дена ни ги донесоа куферите абе се препородив. :)
     
    На Espadrila, LittlePinky, SV1911 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Пред две години беше. Релација Франкфурт-Будимпешта-Скопје. Бев прееемногу среќна што после 5 месеци ќе си ги видам саканите, што не ни размислував на нешто лошо, воопшто не ми беше страв. Со оглед на тоа што кога идев натаму идев со автобус и патувањето траеше околу 40 часа, бев импресионирана од фактот што за 2 саати јас од Франкфурт ке бидам дома. До душа мај месец беше, облаче немаше ни едно, па убавото време ме правеше уште посреќна.
    Сега ми е повеќе страв. Неодамна бев во Париз со авион и едвај чекав да слетам..и на идење и на враќање. :)
     
  15. Femmince

    Femmince Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2013
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    8
    првиот пат ми беше ептен возбудливо па и секој нареден , најубави моменти ми се полетувањето и слетувањето, некако најинтересно ми е :D
     
  16. LikeDomino

    LikeDomino Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    25
    Првпат во авион се имам возено како бебе, потоа кога сум била 2 години сме оделе за Сараево со авион ама јас секако не се сеќавам. Минатото лето бев на гости за Турција , одев и се враќав со авион. На одењето бев со моите роднини и немав проблеми освен што имав инфекција на ушите и кога слетувавме мислев дека ќе ми пукнат тапанчињата. Е на враќањето беше друга приказна. Сама, на тој огромен аеродром во Истанбул. Додека да се снајдам се исплашив, беше утро 8 часот, многу малку луѓе имаше, се преплашив. Но се прибрав и набрзина се снајдов. Потоа се качив во авион и за час бев дома :D 8) :) :rofl:
     
  17. solnishko

    solnishko Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Пред три години прв пат летав со авион на релација Брисел-Прага-Солун. Значи буквално и ја скршив раката од стегање на жената што седеше до мене :rofl: . Па во Солун неможеше повеќе од 1 час поради глупавото време, па цело време летавме над морето, па спушти се, крени се :x :sweat:

    А веќе вториот пат немав мака и едвај чекам пак да летам :lol:
     
  18. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Минатата година се возев прв пат со авион и беше супер,малку ми беше страв на почетокот,ама само малку :D многу е убаво,а најјако е кога полетува и слетува :D
     
  19. branka-k

    branka-k Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    11
    Првиот лет ми беше за Швајцарија, кога одев да го посетам маж ми , бидејќи тој таму работи и живее. Најпрво бев многу исплашена како ќе биде , но маж ми ме тешеше да не се вознемирувам и да мислам само на тоа дека после толку време повторно ќе се видиме. :l:
    Додека полетувавме во стомахот имав како пеперутки :lol: , истото и на слетување.
    На враќање беше подобро, бидејќи веќе знаев како е, а и маж ми беше со мене.
     
  20. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Првиот лет со авион ми беше за Турција, Анталија со Turkish Airlines. Абе за одење натака похрабар од мене немаше, мислиш сум се родила во авион, дури си гледав од почеток до крај низ прозорчето, ама на враќање........ мислам дека на моменти посакував да се сруши за барем на некој начин да го допрам дното. :lol: Се е до психата, многу ме мачеше помислата дека сум во воздух и дека џабе под мене допирам цврсто тло кога под него има само воздух. :lol: Ама и помал беше на враќање и имаше многу повеќе тресење. А најтрагично е што пред да се качам за враќање се напив апче специјално за летање што смирува и спречува гадење (ако го имаш) и бетер ефект, срцето ќе ми излезеше. А кога се симнав се чувствував како да газам по облаци, по цел пат од аеродром до дома спиев во кола, се разбудив само да се симнам и како легнав никој не можеше да ме разбуди. Кога ме разбудија не знаев кај сум, буквално бев дрогирана од едно апче за смирување пошто не сум навикната. Кога и да ми текне на тоа се превртувам од смеење. :rofl: :rofl:
     
    На LittlePinky и Lella им се допаѓа ова.