Многу често летам со авион, ама очигледно за велигденскиот распуст ќе треба сама за Скопје да летам и тоа без стујардеса. Многу сум возбудена!
Првиот лет со авион ми беше лани за Велигден.Летот ми беше од Скопје до Виена.Со тоа што ми беше прв пат, бев многу возбудена, но одвај чекав да се качам. Бев со мајка ми и кога полетав ми беше многу интересно и убаво, постојано си гледав преку прозорчето.Немаше многу турбуленции.Но, назад се враќав чисто сама.Не знаев баш се.Дури една на вратата пред да отидеш до авјонот...одам да ми ја прегледа картата а таа една нервозна и ја прашам на англиски за картата а таа ми вели само иди седни таму и чекај . Сите ме гледааше а мене ми беше срам.Кога се качив во авјонот си седев сама, немаше многу гужва ама имаше многу турбуленции.азад бев повеќе исплашена од одењето.
Мене првиот лет во авоин ми беше за Турција многу ми беше страв мене и многу им се лутев на мајка ми и на татко ми бидејќи ке одиме со авион бидејќи сум слушала многу несреќи со авион на вести и слично . И пред да тргнема јас си се поздравив со сите бидејќи мислев дека ке умрам И кога тргнавме јас значи бев цела згрчена од страв и ставив слушалки и сум заспала и потоа фалеше уште неколку минути за да пристигнеме и тогаш се опуштив и кога стигнавме ми беш многу смешно бидејќи сум се толку плашела И сега често летам со авион и многу ми е интересно и убаво
Не ми беше воопшто страв, на одење бев со другарка, на враќање сама и немав гајле Имаше малку турбуленции, не беше страшно, само ми е малку проблем спуштањето, притисок ми ствара во глава. Тие што првпат ќе летате, не се плашете, авионот е најбезбедно превозно средство
Јас сум се возела два пати и не е многу страшно Спуштањетое стварно малку по страшно,имаш чувство дека ке удри авионот доле,ама океј е
Јас сум се возела два пати и не е многу страшно Спуштањетое стварно малку по страшно,имаш чувство дека ке удри авионот доле,ама океј е
Прв пат со авион, не се секавам ич, мала сум била ептен.. од кажувањата на мајка ми, со брат ми сме се карале кој да седи до прозорот а подоцна, нормални летови воглавно.. Еден од посмешните беше кога летав за Карачи. Во авионот бев само јас „бела“ (и стјуардесите), а останатите патници пакистанци сите. Толку некултурен народ едно чудо. Ем што зјапаа цело време, нема врска. Само што авионот ја допре пистата, овие сите појасите ги откачија и ајде по рачниот багаж и на излез (по правило не го тргате појасот додека моторите на авионот не се изгасат). Стјуардеста која што ми беше на видик беше толку шокирана, очите и беа ококорени буквално.
Прва дестинација посетена со авион - Кипар, арно ама додека стигнавме таму... Појма си немав дека авиончево ќе си се симнува во Сараево да качи патници, па во Измир да качи патници, па тек тогаш да стасаме конечно во Никозија. Ко за прв пат три полетувања, три слетувања Возбудена нормално, страв малку при полетување, ама интересно и би сакала пак и пак
Јас не сум летала,но мислам на лето ќе летам.Ама со оние спортските за рекреација. Имам голема љубов кон авионите и летањето.Едвај чекам да летам. Тато има колега кој во слободно време лета,па Дај Боже на лето можеби ќе летам,над Битолава . Ќе ги гледам битолчаниве како мравки .
Јас сум убеден дека сум летал во претходниот живот. Многу често сонувам како летам, многу! Но, додека пак да добијам крилја, да се вратим ево реалноста Прв пат летав пред некои 13 години. Од Црна Гора до Македонија. Не се сеќавам баш на се сосема јасно, но знам дека цревата ми се кренаа. Татко ми не` утеши мене и мама дека се е ок и дека тоа е нормална реакција. Стјуардесата помина, ни даде пијалок и кроасан, и уште пола не го изедов, татко ми и мајка ми рекоа: „Еј, град под нас! Кој ли град е ова...“. И одеднаш на звучник: „Драги патници,врзете ги појасите, слетуваме во Скопје“. Толку многу кратко што не ми се веруваше! Натаму бевме со автобус и умревме 18 саати и кусур, а назад за само половина час ))))))))))))))) Многу позитивно искуство и ќе си го паметам цел живот. Се сликав се пустев со авионот, не даваа на аеродромот ама ги молевме и ми дозволија пар фотки. Си ги чувам во албумите семејни со гордост си ги гледам Имам летано уште 2 пати после тоа, до Сарајево и назад. Уживам додека летам, ама кога се сетам на некои несреќи... Но, сепак, ќе си речам: ако ти е речено да загинеш, ќе загинеш и на велосипед. И одма кулирам
Тоа беше кога имав 17 години и патував за Ахен, Германија. Секако, прв лет , и се ми беше интересно..едвај чекав да стигнам на аеродром, за да се качам во авионот Претходната ноќ никако не можев да заспијам , си правев планови и замисли како ќе биде наредниот ден , што ќе се случува и сл. Ама ете , кога седнав на седиштето , си се сместив удобно , како на гости да сум , до прозор знам дека седев..имав прекрасна гледка,надолу. Уживав. На моменти помислував дека сум дома , или кога ке сум заспиела ..како и да е , прекрасно доживување ми беше , сеуште паметам како вчера да се случи.
Мене првиот лет не ми беше ништо посебно , ниту било кој нареден.Во смисла дека е нешто бауууу страшно.Од толку кажувања вака ќе е онака ќе е , толку чекав и чекав да се случи нешто од тоа што ми го кажуваа, како било непријатно при полетување и слетување и страшно и не знам што.Сум летала и на лошо време и со турбуленции така средна јачина до мали и сега нормално малку ќе те фати страв ама тоа е тоа.Конкретно првиот лет не ми беше воопшто страшен дури и пријатен ми беше од аспект на тоа што седев до прозор и убаво ми беше да гледам.Дури по неколку возења во авион кога ќе ги спуштат капаците од прозорчињата имам чувство дека со автобус се возам по убав рамен пат
Ајде и јас да пишам на оваа тема конечно. За прв пат летав во четвртокот Скопје-Виена, Виена-Минхен, иста релација и наваму со Austria Airlines, бев службено. Искрено, многу ми беше страв пред да се качам во авион оти се плашам од височина. Седнав, чекавме малце, па почна авионот да бучи и толку ми требаше, нозете ми се здрвија. Најстрашно полетувањето кога се крева баш, тогаш мислам останав без воздух и ушите ми се затнаа, почна да ми се врти свест малку, ама кога се исправи потоа на одредена висина беше во ред. Немаше турбуленции, убаво си гледав низ прозор. Искрено, и слетувањето беше малку чудно, оти јас барем осетив како се спушта, како да тонам тогаш . Ајде, додека слетавме во Виена, пак во авион за Минхен. Наваму, летав ноќе. И така, јас со првиот лет искусив и менување авиони и лет денски и лет ноќе. Сега би летала во секое време.
Првпат кога се качив, почнаа ушите да ми зујат, исто така и кога слетував. Ама одпосле ми кажаа дека сум требал мастика да џвакам за да не ми зујат ушите. Иначе интересно е да се вози со авион.
На првиот мој лет со авион,иако беше одамна,добро се сеќавам. Се укрцав на нашиот аеродром и патував со моите до Бодрум.Авионот не беше нешто мн голем.Но беше преполн.Секој од своја страна збори,се довикува,а јас умирав од страв.Најстрашниот момент ми беше кога почна да се движи,се побрзо и побрзо и на крај полета.Е тогаш мислев дека ќе се онесвестам.Имав чувство дека во секој момент авионот ќе падне на земја,а тој сеуште не се ни искачил на потребната висина. И едвај чекав да слетаме,затоа што во секој миг имав чувство дека авионот ќе се сруши.А и тоа затнувањето на уши е страшно иритирачки. Но после тоа се возев уште многу пати и на подолги релации,но сега веќе го немам првичниот страв.Сега сум се поопуштена и уживам да ја гледам глетката низ прозор, поготово дење кога патувам.
Никогаш не сум имала страв од авиони, напротив, ги сакам. Првиот лет ми бил уште пред да наполнам една година, накај Швајцарија, стјуардесите ми дале мало гумено авионче со швајцарско знаме. Првиот лет на кој се сеќавам беше накај Египет, превозбудена бев заради тоа што ќе одам во Египет, за да ми биде страв од летањето.
Ех пред неколлу години прв пат летав за Швајцарија со тетками, по природа не се плашам од ништо па ми беше интересно дека постојано ми зборуваше дека е страшно полетувањето и слетувањето, а јас во себе си мислев па дај нека падне авионот за нормално секој летал вака ќе имам што да кажувам ако преживеам
Јас обожавам да си леткам Мојот прв лет беше до Германија преку Истанбул и бев сама, но летот беше прилично краток па брзо ми помина, дури сакав уште Уопште не ми беше страв, и двата лета беа мирни, времето беше убаво, па си гледав низ прозорот и си уживав Летово имав еден од најдолгите летови воопшто, од Скопје до Лос Анџелес, повторно преку Истанбул. Од Истанбул до ЛА летавме нешто повеќе од 13 часа. Зачудувачки, прекуокеанските авиони имаат помалку простор за нозете отколку помалите, барем од мое искуство. Но авионите сe огромни па можеш да станеш, да прошеташ, да си земеш нешто за јадење или пиење. Од Turkish Airlines имаат супер избор на нови филмчиња и музика и има бесплатен интернет, па не може брзо да ти се здосади. Летот во обратен правец, од ЛА до Истанбул, беше еден од најчудните летови што сум ги имала. Имаше многу турболенции, па постојано мораше да бидеме врзани, стјуардесите беа многу изгубени, немаше интернет, а типот што седеше до мене беше клаустрофобичен и постојано мрдаше и бараше коњак Цел лет око не склопив.