Летово треба да патувам со авион за првпат, па не ми е јасно како мерат димензии на куфер? Јас што читам по страниве велат димензиите треба да се заедно со рачката, а димензиите не мојот куфер заедно со подигната рачка се многу поголеми, ми нема смисла. Хелп.
За чудо, првиот пат кога летав со авион, не ми беше воопшто страв, освен, ако гледам низ прозорец надоле, додека врти авионот Чувствувам секогаш, еуфорија, на полетување и на слетување. Измеѓу летот ми е нормално.. како во автобус да сум. Имало на некои летови турбуленции, не јаки, не ми било страв. Еднаш низ бура имам летано.. односно слетувано. Над Скопје имаше тешки облаци, грмежи и врнежи.. Светкаат молњи околу авионот.. Ама и тогаш не се исплашив. Генерално, сакам да летам. Повеќе од 5 часа ако е со превоз по земја,одбирам со авион да одам.
Пак јас со прашања за прв лет. Купив ранец за лаптоп и е некаде 5 сантима поголем од дозволените димензии што ги има на сајтот. Ке ми прават ли проблеми? Исто така за лаптопот, треба ли да се вади батерија кога ке го скенираат? Кај мене треба да се отшрафува за да се извади батерија. И последно прашање: во carry on куферот дозволени ли се повеќе мали шишенца до 100ml (пример 2 по 70ml) или сите вкупно течности да се до 100ml? Благодарам унапред за одговор.
Наскоро и јас ќе треба да летам. Но, ако има некој што знае буквално се и често патува, да ми пише во инбокс.
1. За ранецот - зависи како се расположени. Може да ти прават проблем, а може и да не ти. Може и само во една насока да ти прават проблем. 2. Батеријата не треба да се вади. Може да бараат само лаптопот да го извадиш од торба, а може и тоа да не бараат. 3. Сите течности треба да се сместени во зиплок ќеса од 1 литар и може да се повеќе шишенца со максимум 100ml по шише. Кај патуваш?
Кој често патува нека објасни се од резервирање на билет, до заминување од аеродром? Што смее да се носи, колкави димензии, ако е пример летот во 12, колко време претходно се оди на аеродром, какви контроли поминуваш, мора ли да е испринтано дека имаш билет или одиш само со документ? Вода смее ли да се носи во ташна?
Дечки има ли некој што може да ми објасни за она што погоре прашав. Напорно е знам, ама во инбокс може, да не ги замараме сите.
Зависи со која авиокомпанија патуваш, различно е дозволен багаж, димензии на куфери, најубаво ти е два часа пред полетување да се чекираш, мораш испринтан билет, вода обично даваат во авион, и не смееш да имаш со тебе горе течности над 100 мл. ако си резервираш преку агенција, они најправилно би ти објасниле се што те интересира во зависност дестинацијата која патуваш мојот прв лет беше најнормален, си се качив си седнав, ништо ау бау, тие пократките дестинации ги осеќам како да се возам во јсп а долгите како во автомобил интересно е само чуството при полетување и при слетување кога тркалата ќе стапнат на тло и обавезно морам да си ставам од кремата и маслото за раце во тоалетите, нек мирише на лимун и нескромно ќе се почастам со чашка црвено вино, се замислувам на момент хехех
Дечки а раствор за леќи од 100 мл? Прочитав течности во кеса, како во кеса, и за растворот ли важи тоа?
Прв лет Скопје - Рим со Виз ер, видно возбудена со претходно гледани видеа за полетување и си набив психа дека е страшно и дека ќе ме фати нервоза. Абе се тресев од страв дури кога бевме горе се опуштив и наеднаш почна да се ниша лево десно мислам знам дека посилно го стиснав дм за рака и едвај чекав да слетаме, кога слетавме ми олесна. Си велам мајко мила кај се качив, зар вака страшно се ниша. Втор лет Рим- Малта со Рајан ер, фантастичен лет, мирно небо, мали турбуленции. Пилотот на секоја турбуленција го балансираше авионот, рано наутро беше па прекрасен беше погледот одозгора, не се опишува со зборови. Рајан ер ми го смени мислењето за летањето и пак би летала. Повеќе ми се допадна Рајан ер од виз ер. Ми се погоди седиште напред па стјуардот правеше смешки со колегата па се смеев и јас со нив и не ни сетив кога полетавме. Пак би летала, на автобус можам комотно да заборавам. Уфф, кога ќе видев мали деца како се возат гајле немаат па јас толкава голема ќе се плашам, смешно изгледав.
Здраво женски извинете на долгиот пост Ги читав постовите на темава но не сретнав сличен на мојот хахаха или пак не најдов Во Мај ќе патувам прв пат со авион до Аланија ... имам премногу страв ми се чини дека ќе ми се слоши , ќе се онесвестам хахаха но се согласив да одам што си реков ќе се напијам Хелекс па и да паѓа гајле ќе немам хахаха ама по резервиранјето дознав дека сум бремена ... и сега повеќе паника ме фајќа што ќе се случи да не го изгубам бебето и сл. Лелекала многу ме тепаат црни мисли е сега нема пиење хелекс ... некоја со слично искуство ????
Мора да си ја исконтролираш психата. Сфати само дека истово ти е нерационален страв, дека милиони луѓе летаат секојдневно и дека авионскиот превоз е најбезбеден, кога погледнеш статистики. На повеќето им е било страв првиот пат, и тоа додека да полета авионот, и углавном се завршува на првиот пат. После гајле немаат Ќе биде ок
Фала мила за советот ќе се потрудам многу се надевам нема да испадни како што си замислувам и да се обрукам
Нема простор за брукање, стравот е природна емоција од нешто непознато. Многу луѓе го имаат прераснато тој страв, дури одма после првиот лет. Ќе се смееш еден ден