Јас имам голем страв од висина и од летање. Ама многу голем. И јас мислев дека ќе се онесвестам, дека ќе ми се слоши или којзнае што ќе се случи. Ништо не се напив пред да влезам во авион, и поминав добро. На враќање ми беше пострашно пошто имаше малку повеќе турбуленции, ама добро поминавме. Само позитивно и главата горе. Нема ништо да се случи, се ќе биде во ред.
Здраво женски, прв пат ќе патувам со авион на релација Скопје-Хамбург. Прво па машко Во Хамбург треба да земам воз за до островот Sylt. Нешто гуглав, но бидејќи ќе патувам сама секој совет од спремање дома(за подолг престој), возење со авион, возење со S-Bahn, возење со воз во Германија се добредојдени. Ако знаете некоја апликација или веб страна за возен ред во Германија, или да ме посочите на некоја тема каде е дискутирано ова,би било супер. Поздрав и браво за сите што сте споделиле искуство досега, многу помага
Decki utre letam za prv paat Friedriskafen-Skopje i imam nogo strav velat koga poletuva bilo malku strasno
Првпат летав зимата, за Германија, навечер. Претходно многу ми беше страв, но полека ја прифаќав ситуацијата. Многу возбудливо беше кога полета авионот, гледав низ прозор и се чудев, не ми се веруваше дека се извишувам од земја толку наеднаш. Одењето супер помина, малку позафркнато беше кога се враќавме исто навечер. Временските услови беа полоши: магла, снег.. Пред да полетаме од Германија го поминуваа авионот со некаква пареа да одмрзни мразот. Кога требаше Скопје да слетаме долго време кружевме, авионот де се навалува де се исправа и ми влезе страв в коски. И турбуленциите се зголемија. Надвор ништо не се гледаше. И дм кој претходно беше толку убеден и ме тешеше дека нема гајле почна да се плаши. Двајцата паничевме (дека прв пат, а другите патници си кулираа ). Не' пренасочија за Приштина, земјата ја видовме тек пред да слетаме. Колку само ни дојде душа. Сакам пак да летам, ама само на лето (или) кога се добри временските услови. И преку ден, сакам да ја видам таа глетка од горе.
Здраво женски, треба првпат да букирам лет.Прашањето ми е дали се плаќа веднаш кога се букира или пред поаѓање. Ќе летам со wizzair. Поздрав
Мене ми беше многу интересно,единствено ми беше страв на полетување,слетување затоа што многу тресе исто и кога авионот вртеше
Јас ке одам во сабота со авион и сакам да прашам нешто за куферите. Имам пријавено багаж до 20 кила и торба со тркалца во кабината со одредени димензии (55х40х23). Мора ли таа торба да е со тие димензии и што смеам да ставам во неа (ми кажаа парфемите ги земале) ?
Мора да биде со тие димензии.Парфемите ако се над 100мл зимаат и треба да ти бидат во зип кесички.Отвори на странат на wizzair се е убаво објаснето што смееш а што не.
Часовник и метални работи (каиш, нитни на чизми...) па и обетки ќе ги извадиш на контролата на багажот т.е. на претерсот кај скенерите. Во авион не.
Мене од цела толпа ме тргнаа на страна , ставија ракавици, ме претресоа и едно лифче ми допираа до прстите на рацете па истото го ставија на скенер. Подоцна се распрашав што значи тоа, па ме известија дека била рутинска контрола за дрога и оружје. Па со денови се шалеа на моја сметка, како сум им личела на мафијашка Всушност, на секој лет по случаен избор одвојуваат некого за да се задоволи процедура за летот.