Прв однос

Дискусија во 'Интимни прашања и проблеми' започната од najs, 26 јануари 2012.

  1. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.540
    Добро девојки смирете ја малку топката де3војчево е само испаничено.
    Како прво не си ни сигурна дали свршил во тебе, неможеш уште одма да кажеш дека си бремена почекај некој ден и ќе видиш дека ќе ти дојде. Имај во предвид дека овој месец може да ти задоцни како прво зошто овој месец за прв пат си имала односи и како второ зошто си премногу напната.
    И уште нешто иако смеам дека си премала да секс сепак тоа си е твој избор, јас на 14 години уште дечко си немав, а камо ли секс. Срамота е во денешно време да сте толку неинформирани со оглед на тоа интернетот што е достапен за секој доволно ти било само не повеќе ама само фемина да ја исчиташ и ќе ти биде јасно се во врска со првиот секс. Ајде ова би го разбрала ако се случеше пред 7,8 години кога интернетот не беше толку достапен и кога за да се информираш ќе требаше да посетиш гиниколог!
     
  2. najs

    najs Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    0
    најдобар одговор, најнмногу го ценам Вашето мислење.
    благодарам многу и ќе бидете известени за се..
     
  3. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.792
    Како постара, како мајка, прво да ти кажам дека навистина си мала за односи. Можеби телото те лаже, може хормоните почнуваат да ти полудуваат, ама навистина си премногу мала за да имаш односи. Ај да разберам дечко, па ај и бакнување... Сексуалната активност освен тоа што е, е и голема одговорност. Несакана бременост, прекин на бременост со можни страшни последици (за тебе, нормално, јунакот гајле ќе нема), можност после абортус никогаш да не можеш (и кога еден ден ќе најдеш човек со кој ќе сакаш да бидеш цел живот и на кој ќе сакаш да му родиш дете) да имаш деца. Да ти посочам дека има и болести кои се пренесуваат преку секс и навистина не е важно (како што имам читано од др. деца што сакаат да пораснат пребрзо) дека двајцата се миете :tmi: , или „чисти сме“ (тоа тука на форумов мислам сум прочитала) па немало да се пренесе болест... Има девојчиња на твоја возраст на кои телото набрзина ќе им се развие, па големината на градите ја мешаат со зрелост. Ако телото почнува да ти наликува на жена, тоа не значи дека си жена. Дете си уште. Најсигурен начин да не останеш бремена и да не закачиш некоја болест е да немаш односи, се додека навистина не станеш колку-толку зрела за тоа. Не ти бега тоа во животот, не брзај. Еден ден ќе ти биде криво што си брзала да пораснеш.
    А тест за бременост се прави најрано 7 дена од денот кога доцни менструацијата. Порано може да се направи тест преку крв, ама тоа се прави на лекар. На твоја возраст не можеш да абортираш никаде без дозвола од родител (значи, мора со твоите под рака таму да си). Абортусот е ризична операција и ниту еден лекар нема да си игра да изврши таков зафат на дете, ако претходно не добие согласност од родител. А од абортус може да има најразлични компликации (Нема секогаш, ама како и кај секоја операција, не е играчка). До појава на траен стерилитет ( а тоа е неможност за забременување) до, барем случај кој јас го знам, целосно отстранување на матката заради настанати компликации. Вие двајца си експериментирате, ама последиците можат да бидат страшни, пак ќе кажам, за тебе. Тој ќе биде само фраерот кој те легнал на 15 години.
     
  4. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    26
    Eве тука можеш да прочиташ за плодни и неплодни денови
    http://www.femina.mk/здравје/интимно/табела-за-следење-на-менструалниот-циклус
    Воопшто информирај се повеќе за секс, и не е срамота да одиш на гинеколог!
     
  5. DiPi

    DiPi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    29
    Норлево, не се воопшто препорачливи,единствено во краен случај!
    Најдобра заштита ти се кондомите.
     
  6. najs

    najs Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    0
    ЛУЃЕ, ОШТЕ МИ НЕМА ДОЈДЕНО!!
    ЌЕ СЕ УБИЈАМ, ТРЕБАШЕ ВО ПЕТОКОТ ДА МИ ДОЈДЕ, УШТЕ МИ НЕМА ДОЈДЕНО?!
    ШТО Е РАБОТАТА?? ПОЧНАВ ПОВТОРНО ДА ПАНИЧАМ, ДО КОГА МОЖЕ ДА ДОЦНИ?
    ДА НЕ Е НЕКОЈ ЗНАК НА БРЕМЕНОСТ ИЛИ МОЖЕ УШТЕ ДА ДОЦНИ И ЌЕ ДОЈДЕ??
    ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ!!!
     
  7. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    1.886
    Допаѓања:
    2.949
    Пол:
    Женски
    Како можеме ние да ти помогнеме?
    Освен гинеколог или пак тест за бременост, ништо друго не би ти помогнало..
    Направи прво тест види што како ќе биде, и не мисли цело врем на тоа можеби си под стрес па затоа и неможе да добиеш.
     
  8. najs

    najs Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    0
    Под голем стрес сум и нервоза,
    овие денови ќе направам тест и ќе видам што ќе излезе..
    :/ се надевам дека не е ништо страшно
    благодарам
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.194
    Допаѓања:
    16.705
    Пол:
    Женски
    А до кога да направиш тест (овие денови) ќе гњавиш тука како уште не ти дошло? Ај трк у аптека и да купиш тест за бременост, тестирај и види што ќе биде.
    Ма да мислам дека ова се живи глупости, ти на твои 14 години не си имала секс, само нешто измислувате а од што врска немате околу тоа па не знаете и како да излажете.
     
  10. najs

    najs Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    0
    Ваше е тоа дали верувате или не,
    под голема нервоза сум и исплашена, затоа што стварно имав секс.
    Проблемите се огромни, но ќе осетите и вие на ваша кожа.
    Поздрав до тогаш
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.194
    Допаѓања:
    16.705
    Пол:
    Женски
    Хахаха што да осетам на моја кожа, секс? Хихихих фала на советот ама си закаснила :P А за каснење дај Боже да осетиме зашто знаеме кога да планираме и свесни сме што правиме, за разлика од тебе.
    Ако беше стварно нервозна и да имаше стварно таков проблем до сега сто пати ќе направеше тест за бременост, ама бидејќи се е лага само си измислуваш нешто за да има што да пишуваш.
     
  12. najs

    najs Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    0
    Како што прочитав низ другиве теми, тестот се прави најрано 6 дена откако ти доцни менструацијата.!
    колку е тоа точно, сепак верувам на постарите..
    а за сексот, твоја работа, супер што си пробала, што да кажам друго ;)
     
  13. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    1.149
    Девојче сите погоре ти објаснивме што и као е во врска со бременоста, со тестовите за бременост ..., а ако нешто не ти е јасно имаш интернет седни и побарај си.
    Попаметно на твои години е да седнеш и со мајка ти да си поразговараш за се во врска со сексуалните односи зашто таа може најубаво да ти објасни.
    И нешто да те прашам Нели мислиш дека ти е прерано за секс????
     
  14. Inana

    Inana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    23
    Боже Господе па јас на 14 години што се вика уште со барбики играв,пред зграда ластик игравме, а не на секс да мислам, што ќе правите кога ќе пораснете!!! Мислам дека на 14год. е прерано за вакви проблеми. Но сепак ова е само мое мислење!
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.194
    Допаѓања:
    16.705
    Пол:
    Женски
    26.01.2012
    Денес е 30.01.2012, значи на тие 5 дена пред 26.01.2012 додај уште 5 дена до 30.01.2012, колку се вкупно??

    И ај нека се заклучи темава смешно е веќе да стои вака,јасно е дека некој се заебава, можно е и да се работи за машко без по паметна работа.
     
  16. Bonbonkata

    Bonbonkata Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Bez razlika dali e lazno ili ne e, jas ke dadam eden sovet zna4i najdobro e da nepani4is da si naprais test koga veke ne si sigurna dali toj svrsil vo tebe ili ne, a mozno e da ti kasni zaradi toa sto si napnata nervozna i celo vreme mislis na toa.Zna4i najsigurno ti e da odis vo apteka i da si kupis test i da znaes deka se prai odsabajle so prvata mokra4a... a nema da gi komentiram tvoite godini i odlukata za odnosi na taa vozrast... sekoj si e sam vinoven za posledicite od svoite postapki.

    Pozdrav i pamet za drug pat...
     
  17. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    3.691
    Пол:
    Женски
    И Најс што бидна? Цел месец е долг период, не си известила,а вети...
    Направи тест или доби и се смири? :)
     
  18. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    1.014
    ?? И што стори??
     
  19. Ma-Ri

    Ma-Ri Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Мене едноставно не ми е јасно до каде може да оди омладинава? КАко може да се впуштаат во секс на 14 год. каде што сеуште не се ни правилно и нормално развиени ? да дебатираат на тема бременост ? А партнерот секако ,,искусен ,, дури 15г. и незнае дали свршил? Глупост , страшноо...

    Мислам дека кога ке дојде време јас да имам деца , доколку е женско ке треба уште кога ке прозбори да ја едуцирам за сексуалниот однос , бидејки кој знае на колку ке почнат.
     
  20. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Боже,боже.. Сешто ке видам сешто ке прочитам..Нз како уште од 14 год...Нз стварно нз шо да кажам..Ама твоја грешка е!!! И сега пр ако си бремена ии шо ке се убиеш?? шо ке абортираш?? а ко прво ако се абортира после не ке можеш да имаш деца.. А сега супер му е на јунакот твој..Ич гајле си нема..Важно сега е типче шо успејал да ја легне женска му на 15 год..

    Ништо тест прави па ако (НЕДАЈ БОЖЕ) е позитивен одма кажи и на мајка ти..Па шо сака нека биде..Мислам дека нејубаво ке биде да и кажеш на мајка ти за се..Позз..:)